КАФЕ ПАУЗА

Category: Топ содржини

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (6.6.-12.6)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (6.6.-12.6)

    Ги издвојуваме петте содржини кои најмногу ги читавте на Кафе пауза во текот на изминативе седум дена.Топ 5 содржини за изминатата недела (6.6.-12.6)rn

    1. Животот би бил совршен кога…

    rnЖивотот би бил супер кога не би се случувале лоши работи, зарем не? Овие постери се продолжение на реченицата: „Зарем животот не би бил совршен кога…“, во кои ќе ги пронајдете секојдневните ситуации со кои сте се соочиле многу пати во животот.rn. rn

    2. Животни цитати кои ќе ве замислат

    rnЧестопати не знаеме да ги цениме нештата кои ни изгледаат мали, а всушност тие се оние кои се највредни. Живееме лутејќи се и мразејќи се едни со други, не размислувајќи колку луѓе има во светот што не почувствувале топла рака врз себе. Мечтаеме за богатство и луксуз, не мислејќи дека тие се само привремени, а душата е она што треба да ни претставува најголемо богатство за кое треба да се грижиме.rn. rn

    3. Костими за капење што не изгледаат добро на секого

    rnОваа летна сезона ќе биде преполна со различни опции за костими за капење. Некои ќе им прилегаат на вашето тело, некои не. Тоа што го носат моделите на модните писти, не секогаш изгледа така добро и на вашето тело.rn.rn

    4. Астрологијата и летните љубовни авантури

    rnЛетото е период кога се чувствува најмногу енергија како резултат на Сонцето, кое се наоѓа на највисоката позиција на небото. Во овој период, ќе му погледнете одблизу на животот и на љубовните врски.rnrnОва лето ќе се донесуваат многу одлуки на полето на љубовта. Сингл сте? – Ќе ви биде забавно кога ќе запознаете нова личност. Во врска сте? Но, врската ви е здодевна, па може да одлучите да ја прекинете. Одлуки, забава, енергија… Што ќе донесе ова лето за секој хороскопски знак?rn. rn

    5. Најинспиративните песни на сите времиња

    rnСите имаме по некоја песна која ја слушаме во моменти кога ни треба нешто ментално да нèподигне. Еве една подолга листа на инспиративни песни, песни кои нè поттикнуваат на некаква акција, кои нè потсетуваат на убавината на животот, песни кои ни го подигнуваат расположението кога ни е тоа потребно, кои нè потсетуваат кои сме и зошто сме. Тешко е да се изберат најдобрите помеѓу илјадниците песни со вакво дејство, но оние од оваа листа со сигурност имаат едно нешто заедничко – сите нè инспирираат да станеме подобри личности. Не заборавајте да ја надополните листата со некој ваш личен фаворит.rnrn———————————————————————————————————————————————————–rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (30.5.-5.6)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (30.5.-5.6)

    Петте содржини кои најмногу ги читавте на Кафе пауза во текот на изминатава недела се:Топ 5 содржини за изминатата недела (30.5.-5.6)rn

    1. 10 смешни знаци дека сте компјутерски зависник

    rnВеројатно ако сте компјутерхолик не се ни запрашувате дали поминувате премногу време со вашиот „најдобар пријател“, но ако евентуално ве интересира, еве 10 сигурни знаци дека спаѓате во таа категорија…rn.rn

    2. Како ќе ги препознаете креативните луѓе?

    rnПостојано сме опкружени со нив, но тешко ги препознаваме. Некои ни се чудни, некои оригинални. Еве како да препознаете дали и кои луѓе во нашето опкружување се вистински креативци…rn.rn

    3. Фотограф ги претвора неговите ќеркички во слатко парче уметност

    rnНеверојатно талентираниот Џејсон Ли најчесто ги фотографира најбитните моменти во животот на младоженците на нивната свадба, но магијата во неговата работа се случува кога тој создава прекрасни уметнички дела од неговите две преслатки ќеркички. Се прашувате што има толку посебно во неговите фотографии? Одговорот е едноставен: тие влегуваат под кожа на секој што ќе ги погледне!rn.rn

    4. Мохито од јагоди

    rnКога ќе ви здодее обичното мохито, еве што да направите. За љубителите на јагоди, ова е пијалакот од соништата…rn.rn

    5. Куќа од камен покрај море на Мајорка

    rn„Десет години сонував за тоа, пет години го барав совршеното место, две години работев на тоа, уште две години ја градев и сега конечно е готова, “ вели Александре де Бетак во едно од неговите интервјуа за неговата нова куќа која е сместена во мало крајбрежно село во регионот Трамуната, во Мајорка.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (23.5.-29.5)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (23.5.-29.5)

    Ги издвојуваме петте содржини кои најмногу ги читавте на Кафе пауза во текот на изминатава недела.Топ 5 содржини за изминатата недела (23.5.-29.5)

    rnrn

    1. Рајска куќа на Ибица

    rnЗа многумина, Ибица во Шпанија е како парче од рајот, остров на задоволствата со најневеројатен природен предел каде што сè е возможно. Водата таму е невообичаено сина и сè наоколу изгледа неверојатно, како да сонувате. Куќата Casa Jondal е дел од ова волшебно парче на Земјата.rn.rn

    2. Магнетската привлечност кај спротивните астролошки знаци

    rnЉубовната хемија помеѓу двајца заљубени луѓе е возбудлива, непредвидлива, интересна, но може да биде и многу исцрпувачка за партнерите. Кои било два хороскопски знаци од зодијакот можат добро да се сложуваат, доколку се спремни да поминат преку недостатоците на својот партнер. Кај спротивните знаци пак, постои една моќна меѓусебна привлечност уште од самиот почеток, но исто така тие се соочуваат и со моќни предизвици во врската, кои доаѓаат до израз поради нивните тотално спротивставени карактери. Дознајте како вие и вашиот спротивен знак во хороскопот можете да ја вратите искрата во вашата врска која ве споила на почетокот.rn.rn

    3. Смешни начини на раскинувањеrn.

    rn

    „Сè уште ми недостасува мојот бивш, но пoзабавно ми е да го гледам како пати.“

    rnНајдобро е да се избегнуваат ваквите тажни и тмурни изјави. Она што обично ни помага да продолжиме понатаму после раскинувањето, се смешните ситуации на кои се присетуваме.rnrnБез разлика дали ќе му ги пратите на вашиот бивш/а преку СМС или пак ќе си ги задржите само за себе, со ваквите изјави и мисли, секако ќе имате причина да се насмеете. Плус, запомнете дека понекогаш работите треба да се сфаќаат малку полабаво, понесериозно.rn.rn

    4. 4 совети за да си го подобрите и изострите видот

    rnМај е месец на видот, утврден од Националниот институт за очите, со цел да се зголеми свесноста кај луѓето за здравјето на нивните очи и откривање на проблемите со видот. Овие четири совети ќе ви помогнат да го изострите видот за да можете да ù погледнете кристално чисто на иднината во очи.rn.rn

    5. Најскапото Ламборгини на светот „Sesto Elemento“

    rnНајскапото и најелегантното Ламборгини на светот ќе се појави по одбрани светски салони при крајот на 2011 година. Концептот за новиот модел „Sesto Elemento“, кој беше презентиран во Париз кон крајот на минатата година и успеа да привлече многу внимание, сега е во напредна фаза на развој. Се шпекулира дека моделот ќе се произведе во лимитирана едиција од околу 20 возила, кои ќе чинат по 2 милиони евра.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (16.5.-22.5)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (16.5.-22.5)

    Читавте редовно Кафе пауза минатава недела? Ако не, ќе ви простиме, но еве ви прилика да прочитате што беше најинтересно за посетителите.Топ 5 содржини за изминатата недела (16.5.-22.5)rn

    1. Најромантичните летни дестинации во светот

    rnСе ближи летото, периодот во кој сите размислуваат каде да се почестат за напорната работна година. Доколку вашата замисла е ова лето да го поминете со партнерот шетајќи по рајските песочни плажи за време на зајдисонцето, гушкајќи се на кралските лежалки со меки перничиња, пиејќи винце на балконот со неверојатен поглед, тогаш следниве дестинации можат да ви помогнат да го направите вистинскиот избор. Повеќето од нив се подалечни и можат да ве чинат повеќе пари, но сепак вредат да се најдат на оваа листа на најромантичните дестинации за летниот период.rn.rn

    2. 7 типови пријатели кои треба да ги имате во вашето друштво

    rnПријателството нема цена и секому му е потребно. Вистинскиот пријател секогаш е тука за вас, без разлика на околностите и знае да ви се најде и во добро и во лошо. Иако пријателството е природна работа и несвесно го одбираме кругот на пријатели, сепак важно е од нив да добивате соодветно на тоа што го вложувате. Ова се неколкуте категории пријатели кои би требало да ги имате во вашето друштво.rn.rn

    3. Астрологијата и љубовните врски на далечина

    rnПредизвикувачка, тешка за одржување, однапред осудена на пропаст… Доколку сте во љубовна врска на далечина, до сега сигурно сте ги слушнале сите можни негативни коментари во врска со тоа. Она што не сте го слушнале, е дека ваквите љубовни врски имаат исто толку шанси за успех, колку и оние во кои партнерите живеат во истата населба. Исто како и во сите други љубовни врски, така и врската на далечина си бара постоење доверба помеѓу партнерите, добра комуникација и многу вложен труд за нејзино правилно насочување. Можете да ги употребите моќите кои ги поседува вашиот хороскопски знак за да се справите со предизвиците кои ги поставува пред вас љубовната врска, која сакате да ја одржувате на илјадници километри од вашиот партнер.rn.rn

    4. Летно освежување на вашите нокти

    rnКако што се наближуваат топлите денови, девојките долгите ракави кои ги носеле во зимските денови со огромно задоволство ги заменуваат со куси, а голите раце ги разубавуваат со разни тренди алки и прстенчиња. Неизоставен дел од летната шема се и убаво средените нокти, кои делуваат уште пошик доколку се дизајнирани на уникатен начин, кој ќе ве направи забележителни и препознатливи.rn.rn

    5. Запознајте го бикот одблизу

    rnБикот е фиксен знак и како резултат на тоа, неговите претставници во животот се водат според практичноста. Биковите се најчесто стабилни личности, кои секогаш се трудат да останат во допир со реалноста. И покрај нивната тенденција кон тврдоглаво однесување, овие луѓе знаат да бидат лојални, нежни и посветени љубовни партнери.rnrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (9.5.-15.5)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (9.5.-15.5)

    Што беше најпопуларно на Кафе пауза минатата недела?Топ 5 содржини за изминатата недела (9.5.-15.5)rn

    1. Занимливости поврзани со англискиот јазик

    rnАнглискиот е доминантен меѓународен јазик во комуникациите, науката, деловното работење, воздухопловството, медиумите и дипломатијата. Влијанието на Британската империја е главната причина за првичното проширување на јазикот далеку од Британските Острови. По Втората Светска војна, растечкото економско и културно влијание на САД значително го има забрзано ова ширење на јазикот. Познавање на англискиот јазик се бара во работењето на извесни полиња, професии и занимања. Како резултат на ова, најмалку една милијарда луѓе зборуваат англиски барем на основно ниво. Еве некои навистина интересни факти за овој светски јазик, кои досега најверојатно не сте немале прилика да ги чуете.rn.rn

    2. Астрологијата и барањето прочка од партнерот

    rnИмавте страшна кавга со вашиот партнер? Ја кажавте најлошата работа, во најлошиот момент и сега сте соочени со ситуација во која морате да изберете дали ќе ја поправите штетата или ќе дозволите во вашата врска да завладее лоша карма. Дали знаете искрено да побарате прочка? На тоа прашање одговор ќе ви даде астрологијата.rn.rn

    3. Како да ја преживеете испитната сесија?

    rnНа крајот на семестарот, многу студенти го жртвуваат нивното здравје за да успеат да ги завршат сите проекти на време и добро да се подготват за испитите кои следуваат. Во овој период од учебната година, спиењето е најчесто првата активност од која секој студент би се откажал, за да ги заврши сите обврски. И покрај тоа што многу студенти веруваат дека ќе го надополнат изгубениот сон кога ќе пројде сесијата, честите непреспани ноќи може да доведат до хронична несоница. Симптомите на хроничната несоница вклучуваат забавено реагирање за време на предавањата, проблеми со концентрација и зголемено ниво на нервоза.rnrnЗа да го спречите тоа, еве неколку идеи кои ќе ви помогнат да се вратите назад на нормалниот начин на живот, после непреспаните студентски ноќи.rn.rn

    4. Летно освежување на вашите нокти

    rnКако што се наближуваат топлите денови, девојките долгите ракави кои ги носеле во зимските денови со огромно задоволство ги заменуваат со куси, а голите раце ги разубавуваат со разни тренди алки и прстенчиња. Неизоставен дел од летната шема се и убаво средените нокти, кои делуваат уште пошик доколку се дизајнирани на уникатен начин, кој ќе ве направи забележителни и препознатливи.rn.rn

    5. Формите на љубовта

    rnЉубовта ја среќаваме насекаде околу нас. Таа е дел од природата, дел од самите нас. Понекогаш ја изразуваме испишувајќи го зборот на разни креативни начини, друг пат одредени сцени од животот ни создаваат асоцијација за љубовта. Во трети случаи, природата не изненадува и ни ја покажува љубовта на својот, природен начин. Направивме селекција од фотографии кои на некој начин ја претставуваат љубовта. Уживајте во нашиот избор!

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (2.5.-8.5)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (2.5.-8.5)

    Секоја недела на Кафе пауза, ги издвојуваме петте содржини кои најмногу сте ги кликале. Еве што беше најкликано изминативе седум дена:Топ 5 содржини за изминатата недела (2.5.-8.5)rn

    1. 16 вистини кои нè прават посилни rn.

    rn

    „Потребно е многу повеќе храброст да се откријат на виделина работите за кои не сме сигурни отколку што е потребно за да се скријат, повеќе сила за да се поврземе со луѓето одошто ни треба за да доминираме со нив, повеќе зрелост да се покоруваме на смислените начела отколку на слепиот рефлекс. Цврстината е во душата и во духот, а не во мускулите и во незрелиот ум.“rn- Алекс Карас

    rn

    2. Што ги возбудува момците?

    rnЗа девојките не е едноставно да ги знаат сите оние мали нешта што ги возбудуваат момците. Секое момче има свои мечти и фантазии, кои по подолго време може да се откријат, па да се направи нешто во врска со тоа. Постојат работи кои, очекувано или сосема изненадувачки, делуваат возбудливо за многу мажи. Космополитен ги повика момците да кажат по една работа која ги возбудува. Од многуте пораки кои ги добија преку Твитер, селекцијата паднала на овие изјави. Ако не знаете од каде да почнете, еве неколку идеи…rn.rn

    3. Апстиненцијата од алкохол го скратува животот

    rnСпоред едно долгогодишно истражување, луѓето кои секојдневно пијат алкохол, значително си ги намалуваат шансите да умрат помлади, за разлика од оние кои тотално го избегнуваат.rn.rn

    4. Загатка: Пронајдете ги шесте разлики

    rnЗанимавајте се барајќи ги шесте разлики на двете навидум идентични сцени, се разбира доколку прво добро се истрениравте со претходната загатка која ја објавивме.rn.rn

    5. Време е за ленени панталони

    rnЛенените пантолони се комотни, класични и модерни. Можеби временските прилики ви велат дека е сè уште рано за нив, но треба да бидете подготвени. Сонцето само што не распукало до предизвикување неподносливи температури. А и доаѓа испитна сесија… кој ќе се поти по факултетските клупи?

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (25.4.-1.5)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (25.4.-1.5)

    Петте постови кои најмногу ги кликавте изминатава недела се:Топ 5 содржини за изминатата недела (25.4.-1.5)rn

    1. 7 мисли од Марк Твен кои ќе ви го променат животот

    rnМарк Твен е роден во 1871 година, како Семјуел Ленгхорн Клеменс во Флорида, Мисури, САД. Тој бил писател и предавач. Го нарекуваат најголемиот американски хуморист на своето време. Ги напишал новелите „Авантурите на Том Соер“ и „Авантурите на Хаклбери Фин“.rnrnТој има напишано одлични дела кои и денес ги читаат милиони луѓе. Исто така, неколку негови моќни цитати, и денес продолжуваат да живеат заради големата мудрост во нив. Марк Твен беше забавен, духовит и мудар човек. Следниве 7 цитати ќе ве вчудовидат, просветлат и ќе ве развеселат.rn.rn

    2. Симпатични подвижни фотографии

    rnЊујоршкиот моден фотограф Џејми Бек, во соработка со Кевин Бург, кој е веб-дизајнер со искуство во подвижна графика и видео обработка, креирале серија од прекрасни анимирани фотографии, кои ги нарекуваат „cinemagraphs“.rn.rn

    3. Моќта на позитивното размислување

    rnПозитивниот пристап кон животот е дефинитивно една од најмоќните карактеристики кои можете да ги поседувате. Оптимистите секогаш очекуваат да успеат во планираното, да имаат добро здравје, среќни моменти, финансиски успеси и добри односи со другите луѓе. Таквите мисли најчесто им се претвораат во реалност. Ова не се случува бидејќи луѓето со оптимистичен став се посамоуверени, па поради тоа се дружељубиви и поуспешни. Нивниот успех е резултат на нивниот начин на размислување. Тоа е основниот закон на привлекување: позитивните мисли резултираат со позитивни резултати. Она што ви се врти низ главата влијае врз течението на вашиот живот и на животот на луѓето околу вас.rn.rn

    4. 50 логоа со скриена симболика

    rnСекое лого треба да биде лесно за помнење, да ја носи вистинската порака и да го привлекува вниманието. Додавајќи загатка во логото, се добива убиствено добар резултат. Еве листа на најдобрите логоа со скриена порака, кои се убави и истовремено, паметни и минималистички.rn.rn

    5. Преслатко девојче пее во дует со својот татко

    rnСе сеќавате ли на Стево и Сара Чепишевски, кога ја пееја „Зелката има кошули триста“ во детското шоу „Дајте музика“? Песната е хит во нашата земја до ден денес, поради интересниот текст, ритам и дуото татко-ќерка. Сега редоследот на работите е променет. Во денешниов свет луѓето се снимаат со своите домашни камери, го објавуваат снимениот материјал на Јутјуб, па ако станат популарни на интернет, дури тогаш гостуваат во телевизиски емисии. Така, 24-годишниот Хорхе Нарваез, кој е разведен млад маж со две мали дечиња, решил со неговата преслатка 6-годишна ќеркичка Алекса да пее во дует, снимајќи се во домашна атмосфера од удобниот кауч.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (18.4.-24.4)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (18.4.-24.4)

    Ги издвојуваме петте содржини кои најмногу ги читавте на Кафе пауза во текот на изминативе седум дена.Топ 5 содржини за изминатата недела (18.4.-24.4)rn

    1. 10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајн

    rnАлберт Ајнштајн (14 март 1879 – 18 април 1955) бил германски теоретичар, физичар, филозоф, автор и една од највлијателните личности во светот. Покрај тоа што допринел многу за научниот свет, за што во 1921 година добил и Нобелова награда за физика за неговата работа во полето на теоретската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект, тој објавил и 300 научни и 150 ненаучни дела. Тој се смета за таткото на модерната физика и најверојатно е најуспешниот научник кој некогаш постоел.rnrnПрочитајте ги неговите 10-те најинтелигентни совети за животот, кои вечно ќе ги стимулираат луѓето ширум светот.rn.rn

    2. 50 прашања кои ќе ви го ослободат умот

    rnОвие прашања немаат точен или неточен одговор. Понекогаш поставувајќи го вистинското прашање, всушност го добиваме одговорот кој го бараме.rn.rn

    3. Симпатични подвижни фотографии

    rnЊујоршкиот моден фотограф Џејми Бек, во соработка со Кевин Бург, кој е веб-дизајнер со искуство во подвижна графика и видео обработка, креирале серија од прекрасни анимирани фотографии, кои ги нарекуваат „cinemagraphs“.rn.rn

    4. Астрологијата и интуицијата

    rnВие можеби веќе поседувате моќни интуитивни способности за кои не сте свесни и сè што ви е потребно, е да го идентификувате вашиот најдобар пат кон успех и среќа во животот. Дури и ако не верувате во постоењето интуиција, можеби ќе се изненадите кога ќе откриете дека таа ви отвора нови можности за пронаоѓање извори на инспирација, начини на преземање иницијатива, ќе ве научи како да бидете инвентивни, ќе ве натера да се борите за подобра иднина, ќе ја зголеми вашата креативност, ќе ви овозможи да ги читате работите кои се кријат „меѓу редови“, па дури и да ги игнорирате оние работи кои би сакале да не постојат во вашиот живот.rn.rn

    5. Креативни идеи за украсување велигденски јајца

    rnДенес, секој сака да биде уникатен и препознатлив по нешто, па убаво би било доколку на овој голем христијански празник му дадете ваш личен „шмек“ со уникатно украсување на велигденските јајца. Обичај е на овој празник да им се даруваат јајца на сите што ќе го посетат домот. Доколку сакате на вашите блиски роднини и пријатели да им подарите велигденско јајце со креативен дизајн, ви предлагаме 3 интересни начини на украсување, кои нема да ви одземат многу време за изработка.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (11.4.-17.4)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (11.4.-17.4)

    Секоја недела на Кафе пауза, ги издвојуваме петте содржини кои најмногу сте ги кликале. Еве што беше најкликано изминативе седум дена:Топ 5 содржини за изминатата недела (11.4.-17.4)rn

    1. 10 интелигентни животни лекции од Алберт Ајнштајн

    rnАлберт Ајнштајн (14 март 1879 – 18 април 1955) бил германски теоретичар, физичар, филозоф, автор и една од највлијателните личности во светот. Покрај тоа што допринел многу за научниот свет, за што во 1921 година добил и Нобелова награда за физика за неговата работа во полето на теоретската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект, тој објавил и 300 научни и 150 ненаучни дела. Тој се смета за таткото на модерната физика и најверојатно е најуспешниот научник кој некогаш постоел.rnrnПрочитајте ги неговите 10-те најинтелигентни совети за животот, кои вечно ќе ги стимулираат луѓето ширум светот.rn. rn

    2. Работи кои треба да ги направите пред да имате деца

    rnСите велат дека децата ги менуваат работите во семејството од корен, секако во најпозитивната смисла на зборот. Еве предлог-листа на работи кои треба да ги направите пред да се решите на тој чекор. Напоменуваме, исполнувањето зависи од можностите.rn. rn

    3. За што можеш да завршиш во затвор во САД?

    rnНиз светот постојат многу чудни и банални закони, но по сè изгледа дека во САД ги има во изобилство. Ова се примери за што можете да бидете уапсени или казнети вo секоја сојузна држава на САД, без разлика колку бизарно тоа ви изгледа. Па, доколку во наредниов период заминете натаму, бидете внимателни.rn.rn

    4. Запознајте го овенот однадвор и однатре

    rnПовеќето овни кога се деца, се многу директни за она што им се допаѓа и она што не им се допаѓа. Тие се невообичаено многу решителни деца, кои секогаш настојуваат да си ги тераат работите по нивно. Нив едноставно не можете да им кажете „не“, или да се обидете да ги наговорите на нешто и да ги придобиете да размислуваат како вас. Исто така, погрешен чекор на родителите на овенот, би бил да го споредуваат со други послушни и примерни деца.rn.rn

    5. Астрологијата и влијанието врз другите луѓе

    rnДали умеете да им дадете доволно поддршка, разбирање и поттик на вашите најблиски и им давате на знаење дека сте секогаш тука за нив? Влијанието кое го остварувате врз другите луѓе, зависи од вашиот хороскопски знак.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (4.4.-10.4)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (4.4.-10.4)

    Изборот вие го правите. Вашите кликови се бројат. Па, еве што одлучивте…Топ 5 содржини за изминатата недела (4.4.-10.4)

    rnrn

    1. 35 нешта од кои вреди да се откажете во животот

    rnКога човекот престанува да трага по погрешните работи во животот, им дава шанса на добрите да се појават. Запомнете, грешките нè прават луѓе, неуспесите ни помагаат да созрееме, надежта ни дава кураж да продолжиме, а љубовта причина да живееме. Продолжете да учите, љубите и да уживате живеејќи. Никогаш не откажувајте се од себеси, но затоа…rn.rn

    2. Астрологијата и среќата во животот

    rnНекои велат дека среќата е нешто со кое треба да си роден, други велат дека среќата мора сам да си ја создадеш. Трети пак, велат дека ќе бидете среќни само доколку силно верувате во тоа. Од помош во патот кон откривање на вистинскиот одговор може да ви биде и астрологијата, која ви открива кои активности може да ви овозможат среќата да тропне на вашата врата.rn.rn

    3. Новите шишиња на „Smirnoff“ во овошна обвивка

    rnЗа да ја лансираат новата формула на светски популарната вотка „Smirnoff“, која е инспирирана од бразилскиот пијалак Кајпирошка, компанијата побарала од агенција за дизајн „JWT“ да им креира креативна обвивка за шишињата.rn.rn

    4. 50 работи кои сите треба да знаат да ги направат

    rnСамоувереноста е основниот клуч за живеење здрав и продуктивен живот. За да знаете да се справите во секоја ситуација треба да имате познавања од сите области од живеењето. Еве листа на 50 работи кои треба да знаете да ги правите. Никогаш не се знае кога ќе ви затреба да запалите оган, нели?rn.rn

    5. 7 мали нешта за покажување голема љубов

    rnМалите нешта секогаш оставаат голем впечаток. Ова особено важи за врските, во кои најмалите гестови можат да покажат големо внимание и искрена љубов. Ова е листа на неколку мали, но значајни нешта кои можете да и ги „подарите“ на партнерката правејќи таа да се чувствува посебно.