КАФЕ ПАУЗА

Category: Топ содржини

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (28.3-3.4)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (28.3-3.4)

    Најдоброто од Кафе пауза за изминатата недела. Направете си кафе и додека го пиете, надокнадете за пропуштеното.Топ 5 содржини за изминатата недела (28.3-3.4)rn

    1. Астрологијата и стилот на облекување

    rnСекоја личност има различен стил на облекување, кој ја одвојува и разликува од останатите луѓе. Прочитајте што велат планетите за стилот на облекување на вашиот хороскопски знак.rn.rn

    2. 7 мали нешта за покажување голема љубов

    rnМалите нешта секогаш оставаат голем впечаток. Ова особено важи за врските, во кои најмалите гестови можат да покажат големо внимание и искрена љубов. Ова е листа на неколку мали, но значајни нешта кои можете да и ги „подарите“ на партнерката правејќи таа да се чувствува посебно.rn.rn

    3. Бесценети цитати за животот

    rnТешко е да се живее според правила. Некако полесно е да се создаваат, отколку да се почитуваат. Но, некои паметни луѓе, кажале некои мисли, кои, ако ништо друго, барем не инспирираат да искористуваме повеќе од животот и не потсетуваат на неговите вистински вредности. Одбравме 13 кои нам ни се допаднаа, но вие слободно споделете ги вашите животни мота преку коментари.rn.rn

    4. Освежете го вашиот изглед и стил

    rnПролета е најдоброто годишно време за промена на вашиот изглед и стил. Тоа не значи дека од корен треба да го промените вашиот целосен изглед. Едноставно, мали промени на секого би му биле добредојдени. Постојат многу интересни мали нешта кои можат да се променат, а со нив изненадувачки, многу да се освежите. Ова се неколку ситни совети кои можат да имаат големо влијание врз вас и вашиот стил.rn.rn

    5. 6 начини да јадете како спортист

    rnХраната, после вежбањето е многу важна за спортистите. Прочитајте ги тајните во нивната исхрана и почнете да ги практикувате.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (21.3-27.3)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (21.3-27.3)

    Што беше најпопуларно на Кафе пауза минатата недела?Топ 5 содржини за изминатата недела (21.3-27.3)rn

    1. Астрологијата и ерогените зони

    rnНекои астролози го поврзуваат секој хороскопски знак со одреден дел од телото, кој е најчувствителен кај секој од нив. Сакате да добиете божествен водич за „жешките точки“ на вашиот љубовен партнер? Секако дека сакате, бидејќи дознавајќи ги оние зони кои му даваат најголемо задоволство на вашиот/вашата љубен/а, може да донесе многу секси и неочекувани резултати.rn.rn

    2. 7 причини зошто не треба да комуницирате преку Фејсбук

    rnВо последниве неколку години, комуникацијата преку Фејсбук сосема го промени начинот на живот. Наместо да излеземе надвор, воздух да не фати, дремеме пред нашите компјутери и гледаме што денес објавиле нашите „пријатели“ на нивните Фејсбук-профили. Наместо да се јавиме некому на мобилен или да му испратиме СМС порака, му праќаме приватна порака на Фејсбук и очекуваме веднаш да ни врати без разлика што не знаеме дали таа личност моментално е на Интернет. Навиките и вредностите се менуваат од корен, но без разлика на реалноста, доколку сакате да одржувате добра комуникација и односи со вашите пријатели, секогаш треба да имате на ум, што НЕ треба да правите на Фејсбук. Во продолжение следуваат 7 причини поради кои интерперсоналната е подобра од онлјан комуникацијата.rn.rn

    3. Смешни грешки при снимањето на ТВ сериите

    rnСнимањето ТВ серии со сигурност не е лесна работа. Максималната концентрација, доловувањето на емоцијата, помнењето на сценариотo и многу други нешта, секогаш треба да се на највисоко ниво, за сцената да излезе баш како што режисерот ја замислил.rnrnНо, за снимањето на хумористичните серии, целата екипа си има проблем. Па доколку се земе предвид дека сценаријата на сериите во последниве две децении го достигнаа врвот на хуморот и кога на тоа ќе се додадат одличните актерски екипи кои се задолжени да ги реализираат, веднаш станува јасно колку забавен може да биде целиот овој процес и покрај грешките. Следуваат 4 одлични видеа кои ќе ве насмеат до солзи, а истовремено и ќе ве присетат на многу моменти од вашите омилени хумористични ТВ серии.rn.rn

    4. 10 модни катастрофи кои морате да ги избегнете

    rnОформувањето сопствен стил на облекување кој ќе направи да се чувствуваме убаво во нашата кожа, воопшто не е лесна работа. Плус, проблемот не се состои само во тоа како сакаме да изгледаме, туку како секојдневно да умееме да ги искомбинираме различните парчиња облека, чевли, чанти, накит со кои располагаме, а притоа да бидеме постојано различни, уникатни и убаво дотерани за секоја пригода. Во секој случај, што и да облечете, секогаш имајте на ум дека следниве 10 модни катастрофи не треба да бидат дел од вашиот имиџ.rn.rn

    5. Астролошки профил на родените во знакот овен

    rn(20 март – 20 април) Овенот е храбра и моќна индивидуа на која можете да сметате во секоја ситуација. Припадниците на овој хороскопски знак се подготвени да скокнат во акција речиси за што и да станува збор. Овните се управувани од нивната возбуда и страст за успех. Секогаш имаат некаква цел според која се водат и најчесто успеваат да го реализираат тоа што ќе го наумат. Овенот е амбициозен, решителен и цврст знак. Друга типична карактеристика за овните е спонтаноста. Во еден момент можете да гледате како некој овен работи концентрирано на некој проект, а во друг момент можете и воопшто да не го видите бидејќи тој се качил на авион за да отпатува на некоја импровизирана дестинација.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (14.3-20.3)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (14.3-20.3)

    Што најмногу се читаше на Кафе пауза минатата недела?Топ 5 содржини за изминатата недела (14.3-20.3)rn

    1. 7 ситуации во кои не треба да праќате СМС-пораки

    rnНајверојатно на секој од вас му се има случено да прими некоја шокантна СМС-порака, но уште полошо е ако вие сте испраќачот на некоја таква. Ситуациите со лошите пораки можат да бидат екстремно непријатни и да доведат до сериозни последици кои тешко се преболуваат. Овие седум ситуации ги издвоивме како најкритични, кога најбезбедно би било да не притиснете „send“ на планираната СМС-порака.rn.rn

    2. Куќата со небесна градина

    rnПостои ли некој кој не би сакал да живее во градина, богата со прекрасна вегетација, која ги одмора очите и душата? Секако дека не постои. Но, колку и да ја сакаме природата, на сите ни е потребен покрив над глава, за да можеме да преживееме. Ќе се сложите ли со нас дека совршениот склоп на удобност, елеганција, луксуз и ефект на живеење во градина, е постигнат токму во оваа куќа?rn.rn

    3. Астрологијата и солзите

    rnДали ги гризете усните и се плашите да ги откриете емоциите пред семејството и најблиските во интензивните емоционални ситуации или јавно покажувате сè што чувствувате? Прочитајте кое однесување е типично за вашиот хороскопски знак во ваквите мигови.rn.rn

    4. Што значи да се биде човек?

    rnЗа некои изгледа многу едноставно, за други пак е тешка и безнадежна борба. Сепак, на почетокот, сите го добиваме истото, во текот на животот мора да се соочиме со истите работи, за на крајот, да сфатиме дека сме се избориле најдобро што сме можеле. Овие правила важат за сите…rn.rn

    5. Како треба да се облекуваат слабите мажи

    rnОблекувањето според формата на телото е една од вештините која мажите ја потценуваат и не се трудат да ја научат. Водечкиот принцип зад оваа вештина е да се истакнат добрите страни, а да се сокријат недостатоците. За слабите мажи, целта е да додадат малку длабочина на витката конструкција на телото и малку ширина која ќе помогне да не изгледаат како да пливаат во нивната облека, туку како возрасни мажи кои знаат како да се носат.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (7.3-13.3)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (7.3-13.3)

    Што беше најпопуларно на Кафе пауза деновиве?Топ 5 содржини за изминатата недела (7.3-13.3)rn

    1. Пубертетот на машките во една минута

    rnБенџамин Френклин рекол:rn.rn

    „Едно денес, вреди колку две утре.“

    rnВчера е минато, а утре е безмалку плод на вашата имагинација. Па така, денешниот ден е единствениот ден што вистински го живеете. Еве како можете да го направите подобар.rn.rn

    2. 30 трикови за подобар ден

    rnОваа приказна напишана и анимирана од страна на Александар Гелнер, со музичка подлога од Никлас а Крогер, на динамичен начин го прикажува периодот на пубертет кој го поминуваат момчињата.rn.rn

    3. Kако може да ти се допаѓа баш тој дечко?

    rnФакт е дека девојките се пребирливи, но и машките не ни даваат подобар избор – реченица која често може да се слушне на утринското кафе. Откако поминала „важната“ вечер, девојките најчесто коментираат „Како може да ти се допаѓа баш тој дечко?“ Треба да сфатиме дека девојките не секогаш знаат што треба да се цени кај еден дечко. Затоа, оваа листа може да им помогне да донесат правилна одлука.rn.rn

    4. 18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар секс

    rnНаправивте романтична атмосфера. Ја заклучивте вратата од спалната соба. Му пративте на партнерот неколку флертувачки погледи. Бадемите, јагодите и морските плодови беа дел од вашата роматична вечера. Секоја жена треба да ги знае тајните за подобар секс. Еве кои се тие.rn.rn

    5. 5 причини зошто не треба да се откажете од кафето

    rnУтринскиот ритуал на подготвување кафе со сè уште неотворени очи е еден од оние  моменти, кои го споделуваат милиони луѓе во светот. Богатиот и расонувачки вкус на топлото и свежо кафе, секогаш помага да се чувствувате подобро, уште при првата голтка. Покрај тоа што ви помага при освестувањето, доброто во него е тоа што доколку не го наполните со шеќер, млечен крем или некој друг засладувач, тоа има многу малку калории. Истражувања за кафето можете да најдете секакви, дека тоа е добро или лошо, здраво или штетно и што ли уште не. Па затоа за вас, денеска одвоивме 5 причини поради кои кафето треба да ви биде и да ви остане близок пријател.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (28.2-6.3)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (28.2-6.3)

    Што беше најпопуларно на Кафе пауза деновиве?rnТоп 5 содржини за изминатата недела (28.2-6.3)

    rnrn

    1. Оние нешта кои не можат да се купат со пари

    rnЖивотот е постојана борба за „подобро утре“, но убавината на животот не се состои во евентуалната среќна иднина, туку во убавината на живеењето во реалната сегашност, во која треба да научите да бидете задоволни од себе и од она што го имате. Потсетете се на сите оние секојдневни ситници кои успеваат да „украдат“ барем мала насмевка на вашето лице.rn.rn

    2. Мали зборови со големо значење

    rnМожеби сакате да се покажете на интервјуто за вашата работа од соништата, да го зацврстите вашето пријателство, да си ја спасите врската или бракот или, пак, да ги мотивирате вработените што се хиерархиски под вас. Во секој случај, зборовите можат да направат разлика. Тие имаат моќ да не повредат или да не „излечат“, да не инспирираат или да не обесхрабрат, да ни помогнат или да не уназадат. Еве 18 примери на мали зборови со големо значење, во позитивна смисла…rn.rn

    3. Додека бебето спие…

    rnМајката на оваа малечка принцеза, Адел Енерсен од Хелсинки, Финска, по професија e копирајтер и концепциски дизајнер во областа на маркетингот, која за време на породилното отсуство си смислила фантастично хоби.rn.rn

    4. Астрологијата и страста

    rnШто го „пали“ вашиот љубовен партнер? Без разлика дали тој/таа во сексот се поврзуваат на духовно, мистично ниво или си го закажуваат самиот акт во нивниот дневен планер, секој хороскопски знак има позитивен стил кога станува збор за ова задоволство. Откријте како да ја одведете интимноста со вашиот партнер до нови, „магични височини“, дознавајќи го влијанието на планетата која управува со неговиот хороскопски знак.rn.rn

    5. Астролошки профил на родените во знакот риби

    rnИнтуитивни, спиритуални и секогаш со блажена насмевка, рибите имаат позитивни карактеристики кои сите ги обожаваат. Тие се одлични пријатели, полни со разбирање, а благодарение на нивните одлични артистички таленти се интересни љубовни партнери, кои секогаш ќе имаат што да ви кажат. Повеќето луѓе родени во знакот на риби, имаат вроден креативен набој. Тие имаат уметничка душа и нивната потреба да создадат нешто убаво е многу силна.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (21.02-27.02)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (21.02-27.02)

    Кои се петте содржини што најмногу се читаа на Кафе пауза минатата недела?Топ 5 содржини за изминатата недела (21.02-27.02)rn

    1. Додека бебето спие

    rnМајката на оваа малечка принцеза, Адел Енерсен од Хелсинки, Финска, по професија e копирајтер и концепциски дизајнер во областа на маркетингот, која за време на породилното отсуство си смислила фантастично хоби.rn.rn

    2. Тест: Дали си одговарате со вашиот партнер?

    rnКога првпат излегуваме со некого на состанок, најчесто не знаеме што ќе произлезе од тоа, долга врска или забава за една ноќ. Но, доколку сакате да дознаете дали исто размислувате со вашиот актуелен партнер, има 3 едноставни прашања кои доколку ги одговорите исто, постои голема веројатност дека ќе опстанете како пар.rn.rn

    3. Астролошки профил на родените во знакот риби

    rnИнтуитивни, спиритуални и секогаш со блажена насмевка, рибите имаат позитивни карактеристики кои сите ги обожаваат. Тие се одлични пријатели, полни со разбирање, а благодарение на нивните одлични артистички таленти се интересни љубовни партнери, кои секогаш ќе имаат што да ви кажат.rn.rn

    4. Татко кој прави креативни фотографии од своите деца

    rnЏејсон Ли (Jason Lee) е фотограф кој вообичаено ги фаќа најромантичните и најсреќните моменти од животите на луѓето – тој фотографира на свадби. Меѓутоа, посебна инспирација за неговата фотографија се неговите две ќерки од кои има направено неверојатно интересни и креативни уметнички дела.rn.rn

    5. Жените знаат, мажите можат

    rnДевојките побрзо созреваат и психички и физички. Но, што се случува кога и момците ќе станат зрели и возрасни?

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (14.02-20.02)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (14.02-20.02)

    Што најмногу се читаше на Кафе пауза минатата недела?Топ 5 содржини за изминатата недела (14.02-20.02)rn

    1. Животни равенки

    rnПогледнете како би изгледал животот пресметан со неколку прости математички операции:rn

    2. Како да направите фотки за паметење

    rnДигиталната фотографија ви овозможува да правите многу обиди, така зголемувајќи си ги шансите да добиете перфектна фотографија.rn

    3. Тест: Каков е вашиот стил на облекување

    rnТестот кој следува ќе ви помогне да го одредите вашиот стил, се разбира, доколку одговорите објективно.rn

    4. Бидете офлајн само за одредени Фејсбук пријатели

    rnНекои луѓе киснат на Фејсбук и не водат сметка за вашето време, па за ваквите мора да преземете нешто. Направете трик.rn

    5. Кога денот и ноќта стануваат пријатели

    rnОваа приказна е производ на студиото Пиксар. Филмот ја имаше својата премиера лани летоска, заедно со познатиот „Приказна за играчките 3“ (Тoy Story 3), а претставува нешто досега невидено од Пиксар, спој на 2Д и 3Д анимација. Уживајте!

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (07.02-13.02)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (07.02-13.02)

    Што најмногу се читаше на Кафе пауза минатата недела?rn

    Топ 5 содржини за изминатата недела (07.02-13.02)

    rn

    1. Најромантични филмски сцени на сите времиња

    rnРасположени сте за малку романтика? Сакате да поминете ноќ со самите себе и на раат да ги полните марамчињата со солзи, додека истовремено правите гримаси пред телевизорот кои не се за пред други луѓе. Погледнете ги најромантичните сцени на сите времиња од кои срцето ќе ви затрепери, очите ќе ви се навлажнат, а душата ќе ви се исполни:rnrn.rn

    2. Запознајте ја водолијата однатре и однадвор

    rnВодолиите како деца, ќе ги препознаете по нивното многу темпераментно, дури и брливо однесување. Во тинејџерските години овој хороскопски знак е впечатлив по неговиот „тренди“ стил на облекување, кој е сочинет од „вкусно“ искомбинирани уникатни парчиња облека и накит. Возрасните водолии пак, имаат страст за интелигентни дебати и се многу заинтересирани за мислите кои се кријат во мозоците на другите луѓе.rnrn.rn

    3. 5 чекори за совршени „зачадени очи“

    rn„Зачадени очи“ (Smokey eyes) е техника на шминкање на очните капаци која девојките не ги остава рамнодушни, но ни момците. Погледнете како да ја совладате во пет едноставни чекори.rnrn.rn

    4. Песни кои ќе ве натераат да заиграте

    rnСнегот се стопи, сонце не огреа и на сите веднаш ни се врати насмевката на лицето и енергијата во нашите тела. Ако сè уште не сте доволно размрдани и ви треба будење од „зимскиот сон“, тогаш вие сте на вистинското место. Ритамот на овие десет постари и понови весели песнички од различен жанр, ќе ве натера да станете и да почнете да „шизите“ низ вашата соба или да уживате лулкајќи се налево-надесно во прегратките на вашиот партнер. Во секој случај, вашето тело ќе има потреба да изреагира на неодоливиот ритам, а ваш е изборот да одлучите како ќе го манифестирате ефектот кој тие ќе го извршат врз вас.rnrn.rn

    5. 10 совети и трикови за тренинг на вашиот мозок

    rnИако постојано го користиме мозокот, сепак не секогаш правиме доволно за да го одржиме во добра форма. Еве 10 алатки со кои можете да го тренирате вашиот мозок и да правите редовни вежби за вашите ментални мускули:

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (31.01-06.02)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (31.01-06.02)

    Што најмногу се читаше на Кафе пауза минатата недела?Топ 5 содржини за изминатата недела (31.01-06.02)rn

    1. Аматерски фотки на познатите на Твитер

    rnНаспроти грижата за квалитетно извршување на професијата, градењето добар имиџ, шминката, облеката, добрата комуникација со публиката и сите обврски кои се дел од гламурозното секојдневие на светските ѕвезди, сепак и тие имаат приватен живот, па дури и моменти на досада, кога едноставно сакаат да бидат свои, природни, онакви какви што навистина се, а не какви што папараците сакат да ги „уловат“ со фотоапаратите за да ги објават на насловните страници. Таквите моменти тие сепак сакаат да ги споделат со нивните фанови, со цел тие подобро да ги запознаат или пак за да ја одржуваат нивната популарност на врвот.rn.rn

    2. Неверојатни фотореалистични цртежи

    rnШпанскиот артист Хуан Франтиско Касас црта неверојатни монохроматски портрети, користејќи само сино хемиско пенкало, притоа создавајќи ефект на фотографии.rn.rn

    3. Астрологијата и максимизирањето на вашите таленти

    rnАстрологијата може да ви помогне како да ги идентификувате квалитетите кои ги поседувате длабоко во себе и да сфатите што е она кое имате да му го понудите на светот.rn.rn

    4. Ден од животот на една манекенка

    rnЗапознајте ја Џули Санер. Таа е 18 годишна девојка, родена во Швајцарија. Оваа манекенка ја застапува познатата модна агенција Elite Model. Погледнете како изгледа еден нејзин ден токму за време на модната недела во Париз.rn.rn

    5. Вие ја имате моќта да го остварите невозможното!

    rnОвој брз ритам на живеење секојдневно ни создава чувство на депресија, огорченост, незадоволство, завист и љубомора. Дали сте се запрашале која е причината? Сè е до вашата психа! Затоа се потрудивме да ви одвоиме неколку совети кои ќе ви помогнат да започнете да работите на себе и да ја користите моќта која ја поседувате.

  • Топ 5 содржини за изминатата недела (24.01-30.01)

    Топ 5 содржини за изминатата недела (24.01-30.01)

    Еве што најмногу читавте во текот на изминатава недела:rnТоп 5 содржини за изминатата недела (24.01-30.01)rn

    1. Астролошки профил на родените во знакот водолија

    rnВодолиите се најсимпатичниот, најљубезниот и најпретставителниот знак во зодијакот. Тие се внимателни, нежни, страсни и пријателски настроени.rn.rn

    2. 10 најчести недоразбирања помеѓу мажите и жените

    rnМногу кавги помеѓу паровите потекнуваат од недоразбирања поради различниот стил на комуницирање. На пр., жените сакаат да разговараат за проблемите, а мажите мислат дека од нив се очекува да најдат решение.rn.rn

    3. Забранетиот костим за капење од „Speedo“ употребен во модата

    rnГрупа студенти од Лондонскиот колеџ за мода имаат направено неколку неверојатни дизајни, со кои сакаат да и оддадат почит на кратката историја на костимот.rn.rn

    4. Поврзете се со бившиот партнер со помош на астрологијата

    rnВе обземаат емоции за бившиот партнер и едноставно никако не можете да си помогнете. Кој хороскопски знак е вашиот екс партнер?rn.rn

    5. Моќни двојки

    rnЗа енергија, против ПМС или за помека кожа, вие одберете кој ќе биде вашиот витамински пар.rn