КАФЕ ПАУЗА

Category: Технологија

  • Зошто треба два пати да размислите пред да го оставите телефонот да се полни на креветот

    Зошто треба два пати да размислите пред да го оставите телефонот да се полни на креветот

    Доколку сакате да заспивате листајќи низ Фејсбук, тогаш треба да најдете друга занимација пред да легнете во кревет. Оставањето на телефонот во креветот го попречува спиењето, но може да претставува и голем безбедносен ризик.rnrnЗошто треба два пати да размислите пред да го оставите телефонот да се полни до креветотrnrnЕдна објава од пожарникарската служба во Њу Хемпшир стана светски популарна поради предупредувачката порака која ја носеше. Службата сподели слики на Фејсбук од случај во кој тинејџерка заспала откако телефонот го оставила да се полни под перницата. Причината за пожарот биле излезените жици од кабелот.rnrnСекогаш, доколку имате расипани електрични уреди или скинати жици, ќе постои и ризик за пожар. Доколку имате скинат полнач, подобро купете нов отколку да пробате да го залепите или да го поправите. Само внимавајте полначот да биде од истата компанија со вашиот телефон, инаку може да го оштетите.rnrnПовеќето телефони не би требало да предизвикаат дефекти или да се прегреваат, но не велиме дека е невозможно. Ризикот е поголем доколку го држите под перницата. Тоа е бидејќи кога ја полните или трошите батеријата, телефонот се загрева – а доколку ја трошите батеријата додека телефонот е на полнач и се полни, тогаш станува уште потопол. Проблемот се јавува кога е покриен со нешто и тоа не дозволува да се ослободува топлината. Перниците и ќебињата може да предизвикаат несреќа со тоа што ќе го прегреат телефонот.rnrnДоколку телефонот не е приклучен за полнач, не би требало да предизвика пожар. Но доколку комбинирате полнење на телефонот, гледање видеа, а потоа заспиете, згора на тоа телефонот да има некаков дефект, тогаш генерирате доволно топлина за да се појави проблем.rnrnЗатоа, бидете внимателни. Полнете го телефонот на рамна површина која нема лесно запалливи материи околу себе. Доколку забележите дека телефонот почнува да крева температура, исклучете го од полнач и оставете го малку да се излади. Доколку е толку топол да не можете да го допрете тогаш нешто не е во ред во вашиот уред. Најдобро би било да го однесете на поправка.rnrnСледно, прочитајте кои се 10-те работи што го прават вашиот телефон лесна цел на хакерите.

  • Дознајте колку меморија „јаде“ секое јазиче во Гугл Хром

    Дознајте колку меморија „јаде“ секое јазиче во Гугл Хром

    Ако ви се чини дека јазичињата отворени во Гугл Хром буквално ви ја јадат РАМ меморијата, тогаш не грешите. Во продолжение ви го даваме одговорот на прашањето колку меморија зазема секое отворено јазиче.rnrnДознајте колку меморија „јаде“ секое јазиче во Гугл ХромrnrnСо текот на годините, прелистувачите напредуваа и сега поседуваат многу повеќе функции од порано, а корисниците од нив очекуваат врвни перформанси. Така, се чувствуваме слободни да отвораме многу нови јазичиња додека го користиме Интернетот без да помислиме на потенцијалните последици.rnrnМеѓутоа, големиот број отворени јазичиња дополнително го зголемува користењето на ресурсите на компјутерот. Односно, секое отворено јазиче може да заземе помеѓу 100 и 250 мегабајти внатрешна меморија.rnrnГугл Хром користи разни процеси за своите различни компоненти и иако тоа можеби изгледа неефикасно, тие дозволуваат прелистувачот да функционира добро дури и кога некоја од овие компоненти ќе престане да работи, што е генерално подобро отколку да замрзне или да престане да работи целиот пречистувач.rnrnСо самото тоа, прозорците ќе продолжат да голтаат меморија, но вашиот прелистувач нема да ве изневери.rnrnСепак, во зависност од компјутерот, бројот на јазичиња отворени во Гугл Хром може да го забави уредот. Затоа, бидете сигурни дека ги имате отворено само јазичињата кои ви се потребни.rnrnСледно, прочитајте за овие 5 причини поради кои вашиот компјутер е иритирачки бавен.

  • Мобилни апликации со кои ќе се чувствувате попаметно

    Мобилни апликации со кои ќе се чувствувате попаметно

    На Интернет најчесто комуницираме и добиваме информации, а сѐ почесто, го користиме и за учење. Сепак, секогаш постои некоја корисна апликација за која што не сме слушнале, а би ни користела во секојдневието. Еве десет такви кои ќе направат да се чувствувате попаметно.rnrnАпликации со кои ќе се чувствувате попаметноrn

    1. Today in history

    rnОваа бесплатна апликација може да биде вашиот нов сојузник кога станува збор за познавањето историски факти. Овде може да пребарувате низ настани во историјата кои се случиле на истиот ден.rnrnПреземете ја апликацијата: iOSrn

    2. Ted

    rnГоворите „Тед“ го освоија светот како алатка за учење теми за кои не сме размислувале претходно. Мобилната апликација овозможува полесно следење на најновите и најпопуларните видеа, но и нивно преземање и зачувување.rnrnПреземете ја апликацијата: iOS, Androidrn

    3. Dailyart

    rnАпликацијата е наменета за оние кои имаат знаење од областа на уметноста, но и за оние кои немаат никакво предзнаење, но сакаат да го променат тоа. Алатката секој ден покажува различно уметничко дело заедно со информациите поврзани за него.rnrnПреземете ја апликацијата: iOS, Androidrn

    4. Lumosity

    rnОваа апликација нуди тестови кои ја вежбаат вашата когнитивна активност. Таа, исто така, ги користи резултатите од вашите тестови за да ви понуди уникатна програма за вежбање на мозокот преку игри.rnrnПреземете ја апликацијата: iOS, Androidrn

    5. Vocabulary.com

    rnОваа заразна апликација има дефиниции и факти поврзани со зборовите во англискиот јазик. Тука ќе пронајдете и игри со зборови.rnrnПреземете ја апликацијата: iOSrn

    6. NASA

    rnАпликацијата на американската вселенска агенција НАСА нуди над 17.000 фотографии, но и видеа и новости поврзани со нејзините мисии во вселената и на Земјата. Со неа можете и да го следите движењето на Меѓународната вселенска станица, како и да добивате известувања кога станицата се наоѓа над вас.rnrnПреземете ја апликацијата: iOS, Androidrn

    7. Geobee challenge

    rnОваа апликација на „Нешнал Џиографик“ нуди географски игри за ученици. Дали мислите дека ја познавате географијата подобро од еден ученик? Проверете.rnrnПреземете ја апликацијата: iOS, Androidrn

    8. Daily random facts

    rnСо оваа апликација секојдневно ќе добивате интересни факти од различни теми, меѓу кои и историјата, науката, спортот, животните и друго.rnrnПреземете ја апликацијата: iOS, Androidrn

    9. Theskimm

    rnДоколку сакате да сте во тек со новостите, но немате време да ги читате сите вести, оваа апликација ќе ви помогне во тоа. Алатката објавува вести кои се читаат за само пет минути, а можете и да слушате аудио епизоди за најважните вести во текот на денот.rnrnПреземете ја апликацијата: iOS, Androidrn

    10. Inaturalist

    rnНаправете фотографија од кое било растение или животно и оваа апликација ќе ви го каже видот. Апликацијата има и други алатки со кои може да ги истражувате живите видови околу вас.rnrnПреземете ја апликацијата: iOS, AndroidrnrnДоколку барате уште нови начини кои ќе ви помогнат да го зголемите своето знаење, погледнете ги и овие интересни апликации за љубителите на уметноста.

  • Што се случува кога ќе блокирате некого на социјалните мрежи?

    Што се случува кога ќе блокирате некого на социјалните мрежи?

    Постојат многу причини за да блокирате некого и не ви треба оправдување за да го направите тоа. Но, пред да го притиснете копчето за блокирање, добро е да знаете што ќе постигнете со тоа, односно кои се потенцијалните последици за секоја од најпопуларните социјални мрежи.rnrnШто се случува кога ќе блокирате некого на социјалните мрежи?rn

    Фејсбук

    rnДоколку се одлучите да блокирате некого на Фејсбук, тие нема да може повеќе да ве означуваат на објави или на фотографии и нема да имаат пристап до вашите објави. Ова значи и дека тие нема да можат да ве покануваат на настани или во групи, но и да започнат разговор со вас или да ве додадат за пријател. Со самото блокирање, вие повеќе не сте пријатели на мрежата. Доколку сакате да „одморите“ од некого, но сакате да го задржите како пријател, постои опција привремено да не го следите, односно да го ставите корисникот на пауза 30 дена.rn

    Инстаграм

    rnКога блокирате некого на Инстаграм тие не може да го најдат вашиот профил, како и вашите објави и приказни. Не грижете се, корисниците не добиваат известување доколку некој ги блокирал. Доколку луѓето кои сте ги блокирале ве споменуваат на Инстаграм, тоа нема да се појави на вашиот профил. По блокирањето, нивните „лајкови“ или коментари остануваат на фотографиите и видеата, кои можете рачно да ги избришете доколку сакате. Како и со Фејсбук, можно е привремено да не ги гледате објавите од одреден корисник без да го блокирате.rn

    Твитер

    rnТвитер ви овозможува да го скриете профилот или само одредени објави за одредени корисници. Откако ќе го блокирате, корисникот не може да ве следи, но и вие не може да го следите профилот кој сте го блокирале. Блокирањето не испраќа известување до личноста, но тие може да видат дека се блокирани доколку го отворат вашиот профил. Најважно е да се запомни дека блокирањето на Твитер не ги крие вашите објави од корисниците доколку вашиот профил е јавен. Некој кого сте блокирале може да ви ги гледа објавите доколку е одјавен од неговиот кориснички профил.rnrnПокрај можноста за блокирање на некој корисник, на Интернет има и можност за пронаоѓање љубов. Овие славни парови се запознале токму преку социјалните мрежи.

  • 10 работи што го прават вашиот телефон лесна цел на хакерите

    10 работи што го прават вашиот телефон лесна цел на хакерите

    Мобилните телефони се незаменлива алатка со која комуницираме, пресметуваме, се информираме, па дури и пазариме. Додека за компјутерите користиме антивируси и посветуваме внимание за да се заштитиме од потенцијален хакерски напад, истото ретко го правиме за телефоните, иако нив ги користиме почесто. Експертите споделуваат како криминалците може да стигнат до нашите податоци и што може да сторите за да се заштитите.rnrn10 работи што го прават вашиот телефон лесна цел на хакеритеrn

    1. Користење јавни Интернет мрежи

    rnОтворените мрежи им дозволуваат на криминалците лесно да споделуваат штетен софтвер на секој што е поврзан на мрежата. Впрочем, лесно е секој да направи лажна мрежа која изгледа како отворена Интернет мрежа. На мобилниот телефон најдобро е се поврзете преку виртуелна приватна мрежа (VPN – Virtual Private Network), која ќе го спречи поврзувањето на незаштитени мрежи.rn

    2. Заклучувајте го екранот со лозинка

    rnДоволен е само еден момент на невнимание во продавница или кафуле за некој да ви го земе телефонот. На овој начин, доколку немате лозинка, некој хакер може да ви инсталира апликација за следење или крадец може да ви го украде телефонот и да пристапи до вашите битни информации, како кредитна картичка или адресата.rn

    3. Оневозможете го појавувањето на пораките на екранот

    rnМногу телефони се подесени на тој начин за да покажуваат дел од секоја примена порака на екранот дури и додека телефонот е заклучен. На овој начин, ризикувате одредени важни пораки да бидат видени од сите околу вас.rn

    4. Чувате стари мејлови

    rnДоколку не ги бришете старите мејлови, хакерите може да добијат информации за секоја интернет-страница или интернет-услуга што сте ја користеле кога ќе влезат во вашето сандаче.rn

    5. Отворање несигурни линкови на социјалните мрежи

    rnПовеќето од нас се внимателни кога станува збор за мејлот, но што се случува кога ќе погледнете сомнителна објава на некоја социјална мрежа? Секогаш добро погледнете ја објавата пред да притиснете на линкот бидејќи може да завршите на интернет-страница која ќе го зарази вашиот телефон со вирус.rn

    6. Одјавувајте се од платформите за пазарење

    rnСекогаш одјавувајте се кога ќе завршите со користење на одредена платформа која вклучува плаќање со картичка, како Пејпал, Амазон итн.rn

    7. Подесете го телефонот на автоматско ажурирање

    rnКомпаниите редовно ги ажурираат верзиите на телефонскиот оперативен систем за да поправат грешки и да спречат нивно повторно појавување. За да не проверувате дали на телефонот му е потребно ажурирање, подесете го да го прави тоа автоматски.rn

    8. Бидете внимателни кога ја споделувате локацијата

    rnСподелувањето на локацијата на социјалните мрежи или во групи може да им помогне на криминалците да откријат каде се наоѓате и да ви испраќаат штетни мејлови поврзани со местото или да ве ограбат.rn

    9. Не отворајте несигурни документи на мејл

    rnНикогаш не преземајте документи кои се испратени од несигурни извори. Експертите велат дека девет од десет сајбер-напади започнуваат со вакви мејлови.rn

    10. Разгледајте ги апликациите пред да ги преземете

    rnАпликациите кои прикажуваат реклами може да бидат штетни за телефонот доколку притиснете на погрешна реклама. Пред да инсталирате одредена апликација, разгледајте ја внимателно. Понекогаш, подобро е да платите за одредена апликација отколку да инсталирате бесплатна верзија која може да биде штетна.rnrnИсклучете ја следнава опција на вашите смартфони за да се заштитите од хакери!

  • Исклучете ја следнава опција на вашите смартфони за да се заштитите од хакери!

    Исклучете ја следнава опција на вашите смартфони за да се заштитите од хакери!

    Технологијата со која ги поврзуваме нашите телефони со домашните апарати, други телефони, компјутери, играчки, паметни звучници, автомобили и сите други уреди предизвикува одредени проблеми од самиот начин на поврзување. Станува збор за опцијата „блутут“ (bluetooth) кој многупати досега се покажал како вистински сигурносен кошмар во секоја смисла, а за да ги избегнете проблемите наједноставен начин е да го исклучите. Сигурно е дека барем еднаш сте ја употребиле оваа опција, но гледајте да ја избегнувате.rnrnrnrnТие што се занимаваат со технологија тврдат дека оваа опција е „највалканиот“ збор во сајбер безбедноста на денешницата. Ова е изразено во толкава мера што дури на ДЕФ КОН конференцијата, најголемото светско годишно собирање на „белите хакери“, на посетителите им било советувано одма да го исклучат блутутот и постојано да им биде исклучен. Не треба да се создаде параноја од оваа информација, но на самата конференција во Лас Вегас биле демонстрирани 10 сценарија и начини на кои многу брзо и во само неколку чекори може да се хакира уред со вклучена блутут врска. Меѓу прикажаните сценарија било и она преку паметен или обичен аудио звучник кој е поврзан со телефон или компјутер преку блутут систем.rnrnОвој пат хакерите одлучиле да прикажат како некој што е доволно злонамерен може сериозно да ви го уништи расположението, па дури и да ви го оштети слухот само ако сака и е вешт во хакирање. Само неколку дена пред одржување на ДЕФ КОН конференцијата официјално е соопштено дека блутутот е ранлив на пресретнување пренос на податоци со тој тип врска во одредени ситуации и дека е можно да се прочита целата содржина која што се разменува помеѓу уредите. Во Америка големо внимание привлекла објавата на Њујорк Тајмс со листа за тоа како продавачите ги следат корисниците кои во продавница влегуваат со вклучена блутут врска. Тие податоци кои ги добиваат додека посетителите се во продавницата ги споделуваат со трети страни и со огласувачи.rnrnПостојат многу примери зошто одма треба да ја исклучите оваа опција доколку е приклучена на вашиот смартфон. Истовремено ќе го продолжите животот на вашата батерија и ќе се ослободите од потенцијалната грижа за вашата безбедност којашто станува сè поголема грижа за секого и се плаќа многу скапо.rnrnДознајте дали некој го користи вашиот мобилен за да ве следи и да краде информации од него.

  • 6 знаци дека иднината е веќе пристигната

    6 знаци дека иднината е веќе пристигната

    Понекогаш кога гледаме научно фантастичен филм или кога сме заглавени во сообраќајот, жалиме што не поседуваме футуристичка технологија. Но „напредната“ технологија е многу поблиску до нас одошто мислите. Некои од работите кои ги посакуваме веќе се измислени и само прашање на време е кога ќе станат популарни.rnrnrn

    1. Самоуправувачки автомобили

    rnКомпанијата Гугл веќе неколку години работи на развој на самоуправувачки автомобили. Во 2012 година било објавено дека управувањето на овие автомобили со помош на компјутер довело до над 480.000 километри без никакви несреќи. Иронично е што неколкуте инциденти кои се случиле, настанале од човечки оператори кои ги тестирале автомобилите. Истата година, Невада станала првата држава која издала специјални регистарски таблици за самоуправувачките автомобили.rn

    2. Лабораториско месо

    rnАко ја тргнеме етиката настрана, одгледувањето животни на фарма чини многу пари и земја. Научниците започнале со истражување за создавање животинско ткиво од матични клетки во лабораторија, без да се одгледа цело животно. Доколку ова истражување даде зелено светло, резултатите би биле позитивни, со оглед на негативните ефекти од климатските промени и порастот на урбанизацијата.rn

    3. Електронска облека

    rnЕ-текстилите се во процес на развивање. Во овие модели волната и електрониката се исткаени заедно и создаваат флексибилен уред кој може да се носи како облека. Лабораториите полека создаваат облека која се осветлува со помош на лед сијалици, како и облека која реагира на надворешни светлосни стимулации. Една лабораторија веќе создала престилка тастатура која може да се носи и да се користи со кој било пренослив електронски уред.rn

    4. Виртуелни суперѕвезди

    rnМногу од познатите поп ѕвездите се доживуваат како „лажни“ од публиката, но никој не е толку лажен како Хатцуне Мико, најновата јапонска виртуелна сензација. Мику првично била маскота за еден музички програм наречен Вокалоид. Користејќи го програмот, корисниците имале прилика нивните песни да бидат испеани од страна на Мику, па благодарение на илјадниците песни и големиот број фанови, Мику се појавила на Јутјуб. Во 2010 година таа дури имала неколку концерти во живо, односно во форма на холограм.rn

    5. Приватен вселенски лет

    rnПриватната авионска компанија СпејсХ, формирана од претприемачот Елон Маск, во 2012 година станала првата приватна компанија која истапила со вселенско летало во соработка со Интернационалната Вселенска станица. Многу други компании веќе се занимаваат со развивање на активности во таканаречениот „вселенски туризам“.rn

    6. Протетика контролирана со умот

    rnКога екстремитетите се отстрануваат, мозокот се однесува како тие сè уште да се таму. Со користењето на сигналите од мозокот преку електродите и останатите нервни завршетоци, научниците развиле протетика за екстремитети кои реагираат на умот. „Железните“ раце се способни да подигнат осетливи предмети без да се скршат, и да ги мрдаат прстите индивидуално. Во 2012 година, еден човек ги искачил скалилата на кулата Чикаго Вилис, користејќи протетска нога контролирана од умот.

  • Како да ја видите и избришете вашата историја на пребарувања на Гугл?

    Како да ја видите и избришете вашата историја на пребарувања на Гугл?

    Вашиот Интернет пребарувач дава увид во вашиот внатрешен свет, вашите мисли и вашето однесување. Кога ќе го земете ова предвид, веројатно не би сакале некој да добие пристап до вашата историја на пребарување и да најде нешто што не треба.rnrnКако да ја видите и избришете вашата историја на пребарувања на Гугл?rnrnВие можете да управувате со вашите пребарувања, без разлика дали користите Chrome, Firefox или Safari, но чекорите се различни за секој пребарувач. Исто така имајте на ум дека доколку имате повеќе направи и повеќе од еден пребарувач на направите, најверојатно ќе треба да го повторите процесот за сите. Во продолжение погледнете како да ја избришете вашата историја на пребарување.rn

    1. Google Chrome

    rn

      rn 011

    • Кликнете на иконата за мени со три точки којашто се наоѓа во горниот десен агол од прозорецот на пребарувачот.
    • rn 011

    • Кликнете на History (CTRL+H).
    • rn 011

    • Од левата страна најдете ја опцијата Clear Browsing Data. Ќе се појави кутија која ќе ве праша колку од историјата сакате да избришете.
    • rn 011

    • Доколку сакате да ја избришете целата историја на пребарување, селектирајте ги и квадратчињата за cookies and other site data и cached images and files. Потоа кликнете на Clear Data. Ова ќе ги избрише сите ваши претходни пребарувања.
    • rn 011

    • Доколку сакате да го спречите Chrome автоматски да ги дополнува зборовите што ги пребарувате, има опција и за тоа. Во менито Settings одберете Sync and Google services и пронајдете го менито Other Google Services. Овде исклучете ја опцијата Auto complete searches and URLs.
    • rn 011

    • Доколку сакате да ја избришете историјата на вашиот смартфон, кликнете на трите точки, а потоа на History. Овде одберете Clear Browsing Data, а потоа кликнете на Clear Data.
    • rn

    rn

    2. Firefox

    rn

      rn 011

    • Кликнете на иконата за менито со три линии којашто се наоѓа во горниот десен агол од прозорецот на пребарувачот.
    • rn 011

    • Од менито одберете Library.
    • rn 011

    • Кликнете на иконата History.
    • rn 011

    • Кликнете на опцијата View History. Ќе забележите опции од Today до Older Than 6 Months. Односно од Денес до Постаро од 6 месеци.
    • rn 011

    • Селектирајте ги опциите што сакате да и избришете и притиснете Delete.
    • rn 011

    • На смартфон, кликнете на иконата за менито со три линии, а потоа одберете Settings.
    • rn 011

    • Кликнете на Search, а потоа избришете ги пребарувањата од Show search history.
    • rn

    rn

    3. Safari (компјутер)

    rn

      rn 011

    • Кликнете на менито Safari, а потоа одберете History.
    • rn 011

    • Кликнете на Clear History and Website Data.
    • rn 011

    • Од менито одберете ја временската рамка што сакате да ја избришете, најверојатно all history за целата историја на пребарување.
    • rn 011

    • Кликнете на Clear History.
    • rn

    rn

    4. Safari (смартфон)

    rn

      rn 011

    • Кликнете на Settings.
    • rn 011

    • Најдете го менито Safari.
    • rn 011

    • Кликнете на Clear History and Website Data.
    • rn 011

    • Имајте на ум дека со овој процес ги бришете сите податоци од вашите пребарувања, како и колачињата од веб-сајтовите.
    • rn

    rn

    5. Internet Explorer

    rnОва ќе зависи од верзијата што ја користите.rn

    За постари верзии:

    rn

      rn 011

    • Кликнете на Favorites (иконата во форма на ѕвезда).
    • rn 011

    • Одберете History и селектирајте како сакате да ја видите вашата историја.
    • rn 011

    • Со десен клик избришете што сакате со помош на опцијата Delete.
    • rn

    rn

    За Internet Explorer 10 или 11:

    rn

      rn 011

    • Кликнете на копчето Tools (во форма на тркало).
    • rn 011

    • Одберете Safety, а потоа Delete Browsing History.
    • rn 011

    • Ова ќе ви даде неколку опции за бришење документи, колачиња и историја на пребарување.
    • rn

    rn

    6. Бришење активност од Google Maps, YouTube и други продукти на Google

    rn

    На вашиот компјутер:

    rn

      rn 011

    • Одете на вашиот кориснички профил на Google (https://myaccount.google.com/).
    • rn 011

    • Од левата страна одберете Data & personalization.
    • rn 011

    • Во Activity and timeline одберете ја опцијата My Activity.
    • rn 011

    • Од левата страна одберете Delete activity by.
    • rn 011

    • Селектирајте ја датата или времето што сакате да ги избришете и кликнете на Delete.
    • rn

    rn

    На Андроид таблет или компјутер:

    rn

      rn 011

    • Кликнете на иконата на Гугл од вашиот екран.
    • rn 011

    • Кликнете на Google Account или Manage Your Account.
    • rn 011

    • Кликнете на Manage Your Data & Personalization.
    • rn 011

    • Во менито Activity and time кликнете на My Activity.
    • rn 011

    • Од десната страна кликнете на трите точки и селектирајте Delete activity by.
    • rn 011

    • Одберете ги времето и датумoт што сакате да ги избришете и кликнете на Delete.
    • rn

    rn

    На aјфон или aјпад:

    rn

      rn 011

    • Отворете ја апликацијата Gmail, а доколку не ја гледате отворете го линкот https://myaccount.google.com/.
    • rn 011

    • Кликнете на менито (трите точки), потоа Settings, a потоа на вашиот профил. Кликнете на Manage your Google Account.
    • rn 011

    • Кликнете на Data & Personalization.
    • rn 011

    • Во менито Activity and timeline одберете ја опцијата My Activity.
    • rn 011

    • На врвот на страницата, селектирајте ги трите точки, а потоа Delete activity by.
    • rn 011

    • Одберете ги времето и датумот што сакате да ги избришете и кликнете на Delete.
    • rn

    rnБи требало да го знаете и овие совети за онлајн безбедност.

  • 28-годишна девојка направила прототип за леќи за далтонисти

    28-годишна девојка направила прототип за леќи за далтонисти

    Далтонизмот се појавува кај 1 од 12 мажи, но помалку од 1 од 200 жени. Оваа состојба која е всушност само недостаток во начинот на којшто некој гледа бои, е релативно безопасна. Се разбира, може да биде навистина фрустрирачки да се живее со неа. Поради ова, една 28-годишна девојка од Канада развила специјализиран сет од контактни леќи што можат да го поправат далтонизмот.rnrn28-годишна девојка направила прототип за леќи за далтонистиrnrnГабриел Масон се надевала дека некогаш ќе ги направи леќите уште откако била мала. И самата била добро запознаена со проблемите со видот. Додека била на факултет, студирала хемија, а во 2017-та година ја лансирала компанијата Colorsmith Labs Inc.rnrnМисијата на Габриел била да развие леќи за коригирање и го направила тоа со помош на научниците од Универзитетот Сент Мери во Халифакс. Сега таа има готов прототип што наскоро ќе биде тестиран на луѓе.rnrnИзумителката се надева дека леќите ќе им помогнат на далтонистите да се ослободат од големите затемнети очила.rn

    „Не секој сака да шета наоколу со затемнети очила. Сите го сакаме Боно, но никој не сака да изгледа како него секој ден.“

    rnГабриел и нејзиниот тим на Универзитетот се во потрага по инвеститори кои ќе го финансираат производството на леќите.rnrnДознајте нешто повеќе за 4-те видови далтонизам.

  • Нови интересни апликации за љубителите на уметноста

    Нови интересни апликации за љубителите на уметноста

    Најчесто смартфоните ги користиме за апликации за социјални мрежи и за проверување на електронската пошта. Некои луѓе кои се грижат за нивното здравје, користат и апликации со кои ги бројат нивните калории или нивните чекори. Доколку истото важи и за вас, можеби ќе сакате да внесете малку креативна енергија во вашиот смартфон и да искористите нешто повеќе од опциите што ви ги нуди.rnrnОд интересни апликации за цртање, до социјални мрежи за уметници, овие апликации ќе ви помогнат да ги споделите вашите уметнички дела, доколку ги имате, да откриете нови имиња во уметноста, но и да научите нешто ново.rn

    1. Google Arts & Culture

    rnИнтересни нови апликации за љубителите на уметностаrnrnИако оваа апликација се наоѓа на пазарот уште од 2016-та година, стана позната дури неодамна. Најверојатно причината е што во апликацијата е додадена функција со која историјата на уметноста може да се поврзе со сегашноста, како на пример со „уметничко селфи“. Ова доближување до сегашноста ја зголеми популарноста на апликацијата и во последно време, таа е една од најбараните уметнички апликации.rnrnСо помош на вештачката интелигенција и програмата за препознавање лица, апликацијата може да го поврзе вашето лице со ваш „двојник“ од историјата на уметноста. Исто така, апликацијата ви нуди можност за виртуелна посета на галерии, каде што можете да видите дела за кои ретко би имале можност да ги видете во живо. Апликацијата има навистина интересен пристап, голем број уметнички дела и многу интересни приказни од уметноста.rnrnАпликацијата е достапна бесплатно за Android и за iOS.rn

    2. Just a Line

    rnИнтересни нови апликации за љубителите на уметностаrnrnЗамислете си да можете да направите огромен цртеж во воздухот само со вашите прсти, а потоа да се движите низ него, околу него или да го почувствувате во просторот. Овој сон кој може да звучи како магија, станува реалност со апликацијата Just a Line. Апликацијата користи проширена реалност која ви овозможува да правите едноставни линии на телефонот кои изгледаат како да се појавуваат пред вас. Можете да го снимате и да го споделите вашиот процес на творење, да пробате како би изгледало нешто во просторот, а можете да играте и „икс-нула“ во воздухот со вашите пријатели. Навистина забавно, зарем не?rnrnАпликацијата е достапна бесплатно за Android и за iOS.rn

    3. Procreate Pocket

    rnИнтересни нови апликации за љубителите на уметностаrnrnОва е најдобрата апликација од Apple App Store за 2018-та година и е неверојатно популарна апликација за дигитална уметност, особено во светот на уметниците, што кажува многу за нејзиниот квалитет. Апликацијата ви овозможува неверојатно реално искуство на сликање и можност за создавање ремек-дела на вашиот телефон или ајпад. Со 135 различни четки и опциите за ефект на текстура на масло, фреска или водени бои, оваа апликација дефинитивно е број еден за сите оние кои сакаат да експериментираат или кои имаат потреба да направат квалитетна скица во движење. Апликацијата овозможува лесно менување на четките, огромна палета бои, но и симулирање на интензитетот на потезите – колку посилно притиснете на екранот, толку е линијата подебела, исто како и на хартија.rnrnАпликацијата е достапна за iOS по цена од 4,40 евра.rn

    4. Daisie

    rnИнтересни нови апликации за љубителите на уметностаrnrnОваа апликација се наоѓа на пазарот од август, 2018-та година и веќе е доста популарна. Покрај тоа што е корисна, коосновачот на апликацијата е познатата Мејси Вилијамс, која ја знаеме како Арја Старк од „Игра на тронови“. Младата актерка, заедно со филмскиот продуцент Дом Сентри, сакала да ја реализира нејзината идеја за мрежа која ќе им помогне на младите креативни луѓе, инспирирани од креативните индустрии како филм, музика и уметност, да се поврзат и да ја лансираат нивната кариера. Апликацијата им овозможува на корисниците да направат свој профил и на него да ги додаваат нивните проекти. Исто така, таа се фокусира на поврзување на истомисленици и идни соработници. Профилот на корисникот расте и напредува со растењето на конекциите. Една од најважните карактеристики на апликација е опцијата Question Time која им овозможува на корисниците да им поставуваат прашања на лидерите во индустријата, да побараат совет од нив или сугестија. Иако засега е достапна само за iOS, во подготовка е и верзија за Android.rnrnАпликацијата е достапна бесплатно за iOS.rnrnПробајте ги и овие одлични апликации што ќе ве направат попродуктивни.