Човештвото има смислено многу изуми. Иако голем дел од изумите ни го подобриле животот, не значи дека од нив нема несакани ефекти. На пример, автомобилот ни го олеснува движењето, но денес претставува проблем за чистиот воздух. Загадувањето што го предизвикува е навистина ужасно.rnrn
rnrnВоздухот во големите градови може да биде толку загаден што им го намалува животот на луѓето за 15-тина години. Поради ова, холандскиот уметник Даан Русегарде ја дизајнирал кулата што го претвора загадувањето во дијаманти.rnrnБез разлика дали го гледате или не, опасноста од загадувањето е премногу реална.rn
„Воздухот што го дишеме во големите градови ширум светот е истo толку штетен како да пушиме по 17 цигари дневно. Ова не е светлата иднина што ја замислуваме. Ова е хорор“, изјавил Даан.
rn
rnrnТој и неговиот тим го изградиле најголемиот прочистувач на воздух во светот. Со овој проект, тој ги комбинирал технологијата, дизајнот и имагинацијата со цел да овозможи чист воздух во најзагадените градови во светот.rnrnПрвата кулата била изградена во Пекинг, Кина. Тамошните жители биле советувани да ги избегнуваат активностите на отворено бидејќи воздухот бил 30 пати позагаден од дозволеното. Кулата е лоцирана во јавен парк и е висока цели 7 метри.rnrn
rnrnКулата собира 30.000 кубни метри загаден воздух на час. Потоа го прочистува од ПМ2,5 и ПМ10 честичките, па го враќа назад. Системот е толку ефективен што воздухот околу кулата е од 55% до 75% почист за разлика од остатокот во градот. Кулата користи 1.170 вати и е напојувана од соларна енергија.rnrnПокрај прочистувањето, кулата го претвора отпадот во накит.rn
„Кулата го собира загадениот воздух и испушта чист. Внатре ги собира филтрираните честички смог. Тоа е најодвратното нешто што можете да го помирисате.“
rnКога Даан сфатил дека филтрираниот смог е речиси 40% јаглерод, супстанцата од којашто се направени дијамантите, решил да го искористи тоа. Секој дијамант содржи компресиран смог од 1.000 метри кубни чист воздух. Честичките се компресираат 30 минути, сè додека не се претворат во темни дијаманти. Даан успеал да создаде нешто прекрасно од отпад. Парите заработени до дијамантите се користат за проширување на неговиот проект.rnrn
rn
„Не знаев ништо. Всушност, бев пушач! Но не мора да знаете за вашата тема пред да започнете. Ако сте љубопитни, тоа ќе ви стане опсесија и ќе учите по пат. Всушност, опсесијата ќе ве мотивира да научите побрзо.“
rnЛуѓето од целиот свет го купуваат накитот направен од смог бидејќи изгледа навистина убаво. На овој начин тие се и дел од нешто поголемо и придонесуваат во заштитувањето на околината.rnrnПогледнете и што се случува со вашето тело кога дишете загаден воздух.