Најинтересните изуми на НАСА навистина го променија целиот свет. Сето ова започнало со Вселенскиот акт од 1958-ма година. Според него, секое истражување на агенцијата треба да ѝ биде од корист на јавноста. Оттогаш, благодарение на овие изуми се појавиле цели индустрии, а предметите што ги користите секојдневно се резултат на тоа.rnrn
rn
1. Телекомуникација на далечина
rnДенес во орбитата на Земјата има околу 200 сателити на НАСА. Тие се користат во комуникација, шпионажа, развој и ни овозможуваат да останеме во контакт со луѓе кои се наоѓаат и на другиот крај од планетата.rn
2. Соларна енергија
rnСо цел да направат беспилотно летало кое ќе може да лета на големи височини, НАСА направила унија од 28 членови кои работеле на проблемот. Тие ја искористиле соларната енергија за да не додаваат дополнителна тежина на леталото. Благодарение на овој изум, денес милиони домови се опремени со сончеви колектори кои не само што ги намалуваат трошоците, туку го намалуваат и загадувањето.rn
3. Вештачки екстремитети
rnВештачките екстремитети се резултат на вештачките мускулни системи на НАСА. Овие системи се користат кај вселенските роботи и активностите надвор од леталата.rn
4. Вентрикуларна помошна направа
rnВо соработка со докторите Мајкл Дебејки и Џорџ Нун, како и компанијата MicroMed Technology, НАСА развила пумпа за срце за пациентите кои чекаат ред за трансплантација. Бидејќи е навистина тешко да се најде донатор за срце, оваа направа ги одржува пациентите во живот.rn
5. Невидливи протези
rnНАСА соработувала со компанијата Ceradyne и создала транспарентна поликристална алумина која денес се користи и за изработка на „невидливи“ протези.rnrn
rn
6. Леќи отпорни на гребење
rnНа НАСА ѝ била потребна заштита за нивната вселенска опрема, па смислиле посебен вид пластичен слој. Благодарение на ова, денес можете да имате очила кои се отпорни на гребење. Покрај тоа, пластиката е поевтина и подобро ја апсорбира ултравиолетовата радијација.rn
7. Мемори пена
rnИ ова е изум на НАСА кој го користат во седиштата на нивните летала со цел да се намали ударот при слетување.rn
8. Инфрацрвени термометри за уво
rnНАСА користи инфрацрвена технологија за мерење на температурата на ѕвездите. Оваа технологија се применува во ушните топломери кои ја мерат нашата температура со инфрацрвени сензори.rn
9. Влошки за чевли
rnКога човекот слета на месечината, од НАСА измислиле материјал за чизмите на астронаутите со цел да им го олеснат одењето, но и да им овозможат вентилација. Благодарение на ова, денес имаме чевли кои го намалуваат ударот додека одиме или трчаме.rn
10. Детектор за чад
rnНАСА го смислила и првиот прилагодлив детектор за чад, со цел да им помогне на астронаутите да откријат доколку има пожар или опасни гасови во Вселенската станица.rnrn
rn
11. Безжични алати
rnНа астронаутите што слетаа на месечината им била потребна опрема за собирање камења и примероци почва. Поради ова тие ги направиле првите безжични електрични дупчалки.rn
12. Филтри за вода
rnНа астронаутите им е потребна чиста вода додека се во вселената. Поради ова НАСА направила филтер со активен јаглен, кој содржи јони што ги неутрализираат патогените во водата.rn
13. Збогатена бебешка храна
rnНАСА открила микроалга што ја користат за рециклирање на подолгите вселенски патувања. Денес алгата е хранлива состојка во многу видови бебешка храна.rn
14. Суво замрзнување
rnНАСА посветила многу време истражувајќи за храната во вселената додека се подготвувале мисиите Аполо. Заедно со компанијата Нестле го смислиле сувото замрзнување – процес на дехидратација на храната за полесен транспорт.rn
15. Лубрикант во прав
rnОвој лубрикант го намалува триењето и емисијата, па се користи кај фрижидерите, хибридните електрични турбо генератори и во многу други индустрии.rnrn
rn
16. Софтвер за структурна анализа
rnСофтверските инженери од НАСА дизајнираат илјадници компјутерски програми. Една од најкористените е програмата за структурна анализа која се користи за дизајнирање автомобили, луди железници и многу други работи.rn
17. Решение за загадувањето
rnМикрокапсулите развиени од страна на НАСА се мали топчиња пчелин восок со празен центар. Тие ги отстрануваат загадувачите од нафта во водата.rn
18. Подобрени радијални гуми
rnНАСА, во соработка со Goodyear и Rubber, развила материјал кој е 5 пати поиздржлив од челикот. Материјалот бил употребен за падобранот за слетување на леталото Viking. Благодарение на овој материјал, гумите на возилата се многу подобри.rn
19. ЛЕД светилки
rnЛЕД светилките биле развиени од НАСА за вселенските летала. Тие се многу поефикасни и веќе се присутни во нашите домови.rn
20. Хемиско детектирање
rnНАСА е одговорна и за сензорите кои детектираат корозивни услови со цел да се спречи оштетување. Кога сензорот ќе дојде во контакт со хемиска реакција во леталото, ја менува бојата.rnrn
rn
21. Пливачко одело LZR
rnДизајнот на овој костим ги издржал тестовите на тунелите со ветар и ги поминал софтверските анализи за текот на флуидите.rn
22. Опрема за пожарникари
rnСистемот за дишење смислен од НАСА денес се користи како заштита од вдишување чад. Покрај тоа, радиото што го користат пожарникарите е исто изум на НАСА.rn
23. Систем за подобрување и анализирање на видео материјали
rnТехнологијата VISAR е подарок од НАСА за ФБИ и им помага да проучуваат видео снимки. Оваа алатка нуди анализирање на секоја рамка од видеото и го подобрува квалитетот на сниманиот предмет без да ја искриви снимката.rnrnПогледнете и кои се изумите за кои пронаоѓачите не добиле никаква заслуга.