Пред неколку денови, архитектот Дејвид Хертц и неговиот колега Рич Гроден, освоиле 1,5 милиони долари на натпреварот познат како „Water Abundance XPrize“, чија цел е да го реши проблемот со глобалниот недостаток на свежа вода за пиење. Со 2,1 милијарди луѓе што немаат пристап до свежа вода, овој натпревар бара идеи од најдобрите научници и дизајнери како да се најде начин да се извлекува свежа вода од самиот воздух.rnrn
rnrnГенераторот „WeDew“, кој бил создаден од Дејвид Хертц, неговата сопруга Лаура Дос-Хертц и Рич Гроден, го оладува топлиот воздух и потоа ја собира кондензацијата во посебен сад, на некој начин создавајќи мала „дождовна бура“ во самата машина.rnrn
rnrnОваа неверојатна машина има способност да создаде стотици галони води, користејќи го самиот воздух, и на тој начин да им помогне на милијарди луѓе ширум светот. И со оглед на тоа што се користат контејнери за испорака, не само што е многу иновативна, туку исто така е и евтина за изработка. Таа веќе е достапна во Лос Анџелес, каде што локалните жители можат да ја користат бесплатно. Системот може да создаде до 528 галони вода дневно, по цена од само 2 центи.rnrn
rnrnИ додека тимот ја слави својата победа, патот до нивниот успех воопшто не бил лесен. Дејвид и Лаура морале дури и да го стават својот дом под хипотека само за да останат во натпреварот. Но, нивната упорност без сомнение се исплатела, затоа што генераторот што го создале ќе донесе многу добро во светот.rnrn
rnrnПарот планира да ги искористи парите од наградата за да развие голем број генератори и да ги разнесе ширум целиот свет со цел да овозможи вода за пиење за оние што имаат најмногу потреба. Погледнете го и ова видео да дознаете нешто повеќе за оваа машина.rnrn
Овие луѓе освоиле награда од 1,5 милиони долари за генератор што извлекува вода од воздух
