Во сферата на технологијата, келнерите роботи не се нов концепт и веќе се користат во кафетерии и ресторани ширум светот. Но, една кафетерија од Јапонија ја однела идејата на сосема ново ниво.rnrn
rnrnОвој месец во Токио била отворена кафетеријата Dawn Ver Beta. Како келнери се користат роботи на компанијата Orly Lab, а најинтересно е што овие роботи се контролирани од луѓе со сериозни инвалидитети. Целта е да им се овозможи поголема независност на овие луѓе.rnrn
rnrnЗасега се вработени 10 луѓе. Вработените страдаат од болести како амиотрофична латерална склероза и други повреди на ‘рбетниот столб. Тие ги управуваат роботите од нивниот дом и добиваат плата од околу 8 евра на час.rnrn
rnrnРоботите се контролирани со помош на компјутер кој ги следи движењата на очите на луѓето кои се врзани за кревет. На овој начин тие можат да ги движат роботите, да креваат предмети, па дури и да разговараат со муштериите. Сепак, сега засега ова е само тестирање и креаторите собираат средства за перманентно отворање на кафетеријата во 2020-та година.rnrn
rnrn
rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=87&v=vw5ZAh_bVTQrnrnДали знаевте дека и во Кина постои ресторан во кој служат само роботи?
Јапонска кафетерија вработува парализирани луѓе како келнери
