КАФЕ ПАУЗА

Првиот летачки автомобил ќе биде пуштен во продажба овој месец

Првиот летачки автомобил ќе биде пуштен во продажба овој месец

Written by

in

Луѓето отсекогаш биле фасцинирани од летањето. Дури и во древните времиња, тие си го замислувале летањето како чудно, често опасно спасение.rnrnПрвиот летачки автомобил ќе биде пуштен во продажба овој месецrnrnГрците го имаат митот за Икар, Индијците го имаат митот за пушпака вимана (летачки палати), а Кинезите имаат митови за нивните кралеви-змејови кои можеле да летаат.rnrnСè до изумот на модерниот авион и хеликоптер, штетата веќе била направена. Научната фантастика ги натера луѓето да се вљубат во летањето, а сега изгледа дека секојдневниот воздушен транспорт не е толку далеку.rnrnИако летачките автомобили сè уште ги гледаме како фантазија, голема е веројатноста следниот месец на пазарот да се појави првиот летачки автомобил. И како сè останато, можете да го порачате порано.rnrnБрендот Terrafugia што му припаѓа на Volvo ќе ѝ ги претстави на јавноста првите летачки автомобили. Моделот е наречен Транзиција (Transition) и ќе може да лета до 640 километри со брзина од 90 метри во секунда.rnrnhttps://youtu.be/JgeMJ1hX9KIrnrnСе разбира, можете да очекувате и висока цена како и за секоја технолошка новост. Автомобилот ќе го понуди потребниот луксуз, а ќе има и падобран за во случај на несреќа.rnrnИако станува збор за автомобил, ќе ви треба дозвола за пилот за да го полетате. На почетокот ќе биде достапен за малкумина, а причината е тоа што корисниците ќе бидат само пилоти што можат да си дозволат нешто вакво.rnrnАвтомобилот може да лета на височина од 3 километри и да издржи товар до 590 килограми. Сега останува да чекаме и да видиме што ќе се случи со овие автомобили во иднина. Дали ќе ги користиме или ќе останат дел од нашите фантазии?rnrnДали имате слушнато за момчето што направило автомобил-дрон?