Веројатно слушнавте за бруталната суша во Калифорнија која конечно заврши. Но оваа и други држави сè уште се соочени со кризата за недостаток од вода. Секаде низ светот, вклучувајќи ги Индија, Кина и многу други држави, милијарди луѓе страдаат поради недостаток од свежа вода.rnrn
rnrnНо, замислете си иднина во која не би требало да се грижиме за резервоарите и пресушените бунари. Можеби оваа иднина не е толку далеку благодарение на нова направа напојувана од соларна енергија којашто извлекува вода од воздухот.rnrnНаучниците од Институтот за технологија во Масачусетс изградиле „собирач“ на вода кој употребува посебен материјал произведен на Универзитетот во Калифорнија. Прототипот на машината можел да извлече 2,8 литри вода од воздух со влажност од само 20 до 30% во период од 12 часа. Другите слични направи имале потреба од повисока влажност на воздухот за да го направат истото.rnrnОвој собирач е толку ефикасен поради неговите кристали. Материјалот наречен метално-органска рамка е направен од металот циркониум и адипинска киселина. Неговата цврста структура е одлична за складирање гасови и течности. Кога воздухот минува низ направата, молекулите вода се прикачуваат на внатрешната површина на структурата. Како што сончевата светлина го загрева материјалот, водата оди во кондензатор кој ја претвора пареата во течност. Направата може да складира 20% од нејзината тежина во вода.rnrnПрофесорот по хемија и изумителот на овој материјал, Омар Јагхи, ја нарекол направата вистинско откритие.rn
„Нема друг начин да се направи тоа освен со користење повеќе енергија. Електричниот собирач на вода произведува навистина скапа вода.“
rnОмар се надева дека направата во иднина ќе може да собира доволно вода така што домаќинствата нема да имаат потреба од цевки и водовод.rnrnПогледнете ги и овие интересни футуристички направи што можете да ги купите уште денес.