На еден од најуспешните подвизи во меѓупланетарното истражување му дојде крајот. Роверот на НАСА ја заврши својата мисија после речиси 15 години истражување на површината на Марс. Овој ровер ѝ помогна на агенцијата да ги постави темелите за идното посетување на црвената планета.rnrn
rnrnРоверот престана да комуницира со Земјата во јули 2018-та година, после огромна песочна бура која ја прекри неговата локација. После илјадници обиди повторно да се воспостави контакт, научниците не успеаја да го оживат роверот. Последната порака од роверот беше примена на 10-ти јуни.rnrnДизајниран да трае само 90 марсовски денови и да пропатува само 1.000 метри, овој ровер ги надмина сите очекувања за неговата издржливост, научна вредност и долговечност. Покрај тоа што „живееше“ 60 пати подолго од очекуваното, роверот пропатува над 45 километри пред да стигне на неговата последна дестинација на Марс.rnrnПоследниот пренос ѝ стави крај на 8-месечната стратегија за повторно воспоставување комуникација со роверот.rnrnРоверот слета на Марс на 24-ти јануари 2004-та година, седум месеци по неговото лансирање. Неговиот ровер близнак, Spirit, се приземји 20 денови порано на другата страна на Марс. Овој ровер помина речиси 8 километри пред да ја заврши неговата мисија во мај 2011-та година.rnrnОд денот на слетувањето на Opportunity, тим од инженери, пилоти за роверот и научници соработуваа за да ги надминат предизвиците и да го однесат роверот од едно место на Марс до друго. Тие бараа пат по кој ќе може да се движи роверот од 174 килограми, но кој сепак бил исполнет со камења, удолници, кратери и други пречки. Последната дестинација на роверот е Долината на истрајноста (Perseverance Valley).rn
„Не можам да помислам на посоодветно место за Opportunity од она наречено Долина на истрајноста. Податоците, откритијата и самата издржливост на овој мал ровер се доказ за генијалноста, посветеноста и истрајноста на луѓето што го изградија и што го контролираа“, изјавил Мајкл Ваткинс од НАСА.
rnПогледнете и дел од фотографиите од Марс што ги направи роверот изминативе години.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnПродолжува на следната страница…rnrn


rnrnУан контактирал неколку волонтери кои згрижувале животни со цел да научи повеќе за животната состојба на уличните мачки. Тој открил дека повеќето од нив не живеат подолго од две години поради недостатокот од медицински надзор, бидејќи многу од нив имаат чести болести кои не се третирани. Неговите собрани податоци покажале дека само 4 од 10 мачки успеваат да ја преживеат студената зима. Засега се претпоставува дека околу 40.000 мачки живеат на улиците во Кина. Кога го сфатил ова, Уан решил да им помогне.rn
rnrnНеговиот проект набрзо пораснал и Уан создал технолошки напредно засолниште за мачки кое може да служи и како привремена ветеринарна клиника. Температурата во засолништето е 27 степени Целзиусови, а вратите се отвораат со помош на камери што препознаваат лица. Паметните камери можат да забележат и потенцијални проблеми со здравјето на мачките.rnrn
rnrnСо ова паметно засолниште управува тим волонтери кои се известувани за секој проблем. Податоците редовно се надградуваат, а волонтерите добиваат известувања во нивните канцеларии. Тие добиваат информација ако мачката има и некоја од честите болести. Засолништето може да покаже и дали мачката е стерилизирана или кастрирана.rnrn
rnrnНо мачките немаат само храна и вода во засолништето, туку имаат и играчки. Сепак, најважното од сè е што имаат каде да ги поминат студените зими и имаат тим од прекрасни луѓе кои доброволно се грижат за нив.rnrnДали знаете 

rnrnМисијата се состои од два роботa – приземјувачот Chang’e 4 и роверот Yutu 2. Од нивното пристигнување на 2-ри јануари, двата робота ја истражуваа месечевата површина во кратерот Вон Караман, кој е широк неверојатни 186 километри.rnrnПанорамата е направена од страна на Chang’e 4 и на левата страна можете да го забележите роверот заедно со трагите што ги оставил, а можете да ја погледнете со полна резолуција
rnrnНа површината на месечината деновите и ноќите траат приближно колку 14 денови на Земјата, а роботите слетаа на нејзината површина веднаш по зајдисонцето кај кратерот. Кинеските медиуми известиле дека на 10-ти јануари роверот бил успешно вклучен, за разлика од неговиот претходник, роверот Yutu кој беше испратен во 2013-та година.rnrnНа панорамата исто така се гледаат рабовите од неколку научни инструменти кои се наоѓаат на приземјувачот. Според Кинеската вселенска администрација, некои од инструментите се веќе пуштени во употреба. Тие почнуваат да собираат податоци за темната страна на месечината и во текот на наредните неколку недели би требало да го испратат нивниот извештај.rnrnИнформациите од оваа страна на месечината не можат да бидат директно испратени на Земјата. Наместо тоа тие се испраќаат до сателитот наречен Queqiao кој е сместен на локација од која може да комуницира со Земјата.rnrnПогледнете ги и 
rnrnРожницата е најгорниот дел од човечкото око и има важна улога во фокусирањето. Според статистиката, моментално има 10 милиони луѓе на кои им е потребна операција за да се спречи слепилото на рожницата како последица од некои болести и инфекции на окото. Покрај тоа, постојат 5 милиони луѓе кои страдаат од целосно слепило поради оштетување на рожницата.rnrnВо извештајот е објаснето како матичните клетки од донатор со здрава рожница биле измешани со колаген и алгинати со цел да се добие „био-мастило“ за печатење. Ова мастило било успешно искористено за печатење концентрични кругови во форма на човечка рожница, користејќи евтин 3Д био-печатач. Целиот процес на печатење трае само околу 5 минути. Тогаш се покажало дека матичните клетки почнале да се размножуваат и да растат.rn
rnrnВо Маврициус постојат 4 компании за шеќер кои генерираат околу 60% од електричната енергија на островот. Сите си имаат своја термална електрана. Кога е сезона на берење на шеќерната трска, тие создаваат енергија од нуспроизводот наречен „багаси“ – сув материјал направен од остатоците од смелените шеќерни трски. Во останатиот дел од годината користат јаглен.rnrnСигурно се прашувате како функционира целиот процес.rn
rn
rnrnУште поневеројатно е тоа што се користи дури и јаглеродниот диоксид кој се произведува во текот на согорувањето. Тие го собираат и го користат за правење газирани пијалаци.rnrnСе надеваме дека иновацијата на Маврициус ќе ја прифатат и другите региони, вклучувајќи ја и Македонија. Иднината на нашата планета лежи во паметното користење на ресурсите, баш како што се случува на овој остров. Потребно е да најдеме начин да ги користиме сите делови од сè, со цел да ја вратиме рамнотежата во природата.rnrnДознајте и 
rnrnИстражувачите од компанијата NVIDIA објавиле портрети на луѓе генерирани со помош на вештачка интелигенција и најинтересното, а можеби и најморничавото нешто е што луѓето на фотографиите воопшто не постојат.rnrn
rnrn
rnrnОваа технологија прв пат била претставена во 2014-та година. Во тој период портретите не биле толку реалистични – биле со послаба резолуција и фотографиите биле црно-бели. Денес овие портрети се толку реалистични, што повеќето луѓе не можат да најдат разлика помеѓу нив и реалноста.rnrn
rnrnНаучниците што работат на технологијата ја искористиле нивната вештачка интелигенција за да ги копираат „стиловите“ на разни вистински лица. Потоа ги комбинирале оригиналите и создавале целосно нови луѓе. Биле потребни 8 недели за „тренирање“ на вештачката интелигенција со помош на многу моќни процесори.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrnНо оваа револуционерна технологија не запира само на лица. Во 2014-та година, 75% од каталогот на ИКЕА содржел компјутерски генерирани фотографии.rnrn
rnrn
rnrnНо како и секој напредок со технологијата, и во овој случај може да има негативно влијание. Бидејќи вештачката интелигенција има способност да креира лица, покуќнина, автомобили и недвижнина, фотографите кои ги фотографираат овие нешта можеби ќе ја загубат нивната работа во овој нов дигитализиран свет.rnrnОд филмовите научивме дека вештачката интелигенција можеби ќе доведе до пропаст на човештвото. Па, сигурно ве интересира кои се 
rnrnДаниел се воодушевила од протезите поради интеракцијата помеѓу луѓето и продуктите.rn
rnrnВторото нешто било самото потекло на зборот протеза. Даниел изјавила:rn
rnrnНаправата претставува 3Д испечатен палец кој се контролира со стапалото. Се прикачува за корисникот како рачен часовник. Моторите се активираат од два сензори на притисок кои се лоцирани во чевлите под палецот од ногата. Даниел го одбрала овој метод за контрола бидејќи оваа комбинација им е позната на луѓето. На пример возење автомобил, управување со машина за шиење или свирење пијано.rnrn
rnrnСензорите се безжични и комуницираат со палецот преку блутут технологија. Реагираат на различен притисок, како и на брзина. Секое стапало контролира различен вид движење. Еден сензор го контролира свиткувањето и исправувањето на палецот, додека другиот ги контролира подигнувањето и спуштањето. Дизајнот е заснован на прстите на човечката рака и се состои од три главни делови кои се испечатени како еден.rnrnИако можеби изгледа необично, оние коишто го пробале палецот го опишале како возбудлив и необичен. Штом се навикнале на него можеле да креваат и да држат работи, да свират гитара, да кршат јајца и да цедат лимони. Според Даниел, луѓето брзо се навикнувале на протезата и управувањето со неа не било покомплексно од управување со автомобил.
rnrnПонекогаш можеби сакате да додадете буква или збор сред пишувањето порака, а овој трик ќе ви заштеди многу време.rn
rnrnДруг начин да го направите ова е со трикот со лупа.rn
rnrnДенес го користиме Интернетот за комуникација, шопинг, банкарство и многу други работи, па силната лозинка е од голема важност. Наместо да пишувате само букви и бројки, употребувајте и акцентирани карактери во лозинките. Задржете го прстот на која било буква и ќе се појават достапните акцентирани карактери.rn
rnrnПостојат милиони веб-сајтови онлајн, а најдобро е да избегнувате некои од нив. Во пребарувачот копирајте го следново пред адресата: http://www.google.com/safebrowsing/diagnostic?site=example.com. Заменете го делот example.com со името на веб-сајтот.rnrnПродолжува на 
rnrnЗасега се вработени 10 луѓе. Вработените страдаат од болести како амиотрофична латерална склероза и други повреди на ‘рбетниот столб. Тие ги управуваат роботите од нивниот дом и добиваат плата од околу 8 евра на час.rnrn
rnrnРоботите се контролирани со помош на компјутер кој ги следи движењата на очите на луѓето кои се врзани за кревет. На овој начин тие можат да ги движат роботите, да креваат предмети, па дури и да разговараат со муштериите. Сепак, сега засега ова е само тестирање и креаторите собираат средства за перманентно отворање на кафетеријата во 2020-та година.rnrn
rnrn
rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=87&v=vw5ZAh_bVTQrnrnДали знаевте дека и