КАФЕ ПАУЗА

Category: ТВ Серии

  • ТВ серија: Руска кукла (Russian Doll)

    ТВ серија: Руска кукла (Russian Doll)

    Цинична млада жена од Њујорк постојано умира и се враќа назад, неколку часа порано, на забавата што ѝ е приредена за нејзиниот 36-ти роденден

    rnГлавни улоги: Наташа Лион, Чарли Барнет, Грета ЛиrnrnЖанр: комедија, драма, мистеријаrnrnКреатори: Лезли Хедленд, Наташа Лион, Ејми ПоелерrnrnПремиера: 1 март 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 30 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=YHcKoAMGGvYrnrnРуската кукла позната како матрјошка или бабушка, е серија од тркалезни дрвени жени со розови образи, скриени една во друга. Секоја од овие насмеани кукли изгледа целосно сè додека не ја свртите и отворите, притоа откривајќи ја нивната шуплина во која се крие друга кукла. Само најмалото девојче, со големина на кикиритка има цврсто јадро. Оваа кукла изобилува со метафори. Исто како и ТВ серијата со истото име.rnrn rnrnРуска кукла е една од најдобрите ТВ серии за 2019 година досега. Таа е составена од 8 епизоди и лесно може да се категоризира како драмедија (комбинација од драма и комедија). Дејството се врти околу антихеројот Надја, која се опишува како цинична и самодеструктивна девојка од Њујорк со глас сличен на Марџ Симпсон. Таа полни 36 години, па првата епизода започнува со бледото зјапање на Надја во одразот на огледало во тоалет, на забавата што нејзините пријателки ја подготвиле за неа.rnrn rnrnНо, има нешто чудно во врска со овој роденден, нешто што не ја остава Надја на мир. Наместо да ужива со нејзините најблиски, таа си оди порано за да се забавува со непознат странец. Часови подоцна, таа ја забележува нејзината исчезната мачка, па излетува на улица без да погледне дали има автомобил и е удрена од такси… дур трепне, таа повторно е во истиот тоалет каде што ја започна вечерта, избезумена. Што се случи со неа? Дали таа почина? Дали доби втора шанса? Дали можеби го изгуби умот? Ќе треба да ги изгледаме сите епизоди за да дознаеме!

  • ТВ серија: Академијата Чадор (The Umbrella Academy)

    ТВ серија: Академијата Чадор (The Umbrella Academy)

    Група посвоени суперхерои повторно се обединува откако ќе почине нивниот татко, кој ги тренирал да го спасат светот

    rnГлавни улоги: Елен Пејџ, Том Хопер, Дејвид Кастањеда, Еми Рејвер-Лемпмен, Роберт Шијан, Ејден Галагер, Џастин Х, МинrnrnЖанр: акција, авантураrnrnКреатор: Џереми СлејтерrnrnПремиера: 15 февруари 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=0DAmWHxeoKwrnrnСтанува збор за нетипична приказна со суперхерои. Првата епизода започнува во 1989 година, поточно на 12-от час од 1-ви октомври, кога 43 жени ширум светот ќе родат дете. Ова можеби ви звучи како нешто сосема обично, но верувајте ми – нештата се многу почудни одошто би можеле да замислите. На пример, овие 43 жени не биле бремени до моментот на породувањето! Еден момент тие ги живееле своите животи, а во следниот, се нашле во последната фаза на бременоста.rnrn rnrnОткако се проширила оваа вест, сер Реџиналд Хагривс, ексцентричен милијардер и авантурист, решил да посвои што е можно повеќе од нив. Тој успеал да собере 7, кои потоа ќе ги одгледа како свои. Но, сер Хагривс е сè освен добар татко. Сакајќи да го извлече максимумот од нив, тој ќе го претвори нивниот живот во вистински пекол! Зошто, се прашувате? Овие деца се сè освен обични. Поточно, 6 од нив се неверојатни. Тие покажуваат незамисливи моќи со кои сер Хагривс верува дека можат да го спасат светот.rnrn rnrnТака, број 1 (Том Хопер) или Лутер, има неверојатна физичка сила. Број 2 (Дејвид Кастањеда) или Диего има исклучителна дарба за фрлање ножеви. Број 3 (Еми Рејвер-Лемпмен), односно Алисон, може да убеди секого да направи сè со само неколку зборови. Број 4 (Роберт Шијан), познат и како Клаус, зборува со мртвите – но само ако е целосно трезен! Број 5 (Ејден Галагер), може да скока низ просторот, како и низ времето. Број 6 (Џастин Х, Мин), Бен, кој е починат во оваа верзија, можел да повикува чудовишта од други димензии. И на крај ја имаме број 7 (Елен Пејџ), односно Вања, која на прв поглед не покажува никаква способност, покрај интересот за музиката.rnrn rnrnБидејќи нивното детство било ужасно, еден по еден, тие ја напуштале академијата на својот татко и го оставале тој живот зад себе. На крај останал само Лутер. Но, откако сер Хагривс ќе почине, тие повторно ќе се соберат во својот некогашен дом. И токму тогаш ќе почнат да сфаќаат дека сè се случувало со причина. Затоа и ќе мора да ги остават сите несогласувања настрана и да се обединат затоа што светот навистина треба да биде спасен, а тие се единствените што можат да го направаат тоа!

  • ТВ серија: Ти (You)

    ТВ серија: Ти (You)

    Интелигентен менаџер на книжарница ги користи своите таленти за да ја натера жената од неговите соништа да се заљуби во него

    rnГлавни улоги: Пен Беџли, Елизабет Лејл, Шеј МичелrnrnЖанр: драма, криминал, романсаrnrnКреатори: Грег Берланти, Сера ГемблrnrnПремиера: 9 септември 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=cKOhno0IMpA&t=1srnrnЏо (Пен Беџли) е навидум сосема обично момче што работи во книжарница. Тој има неверојатна љубов кон книгите, но и големо знаење за нив. Токму затоа и кога ќе ја запознае Гвеневир Бек (Елизабет Лејл), тој веднаш ќе знае дека таа е вистинската девојка за него. Но, Џо не е типичен фраер кој лесно флертува со девојките, и многу добро го знае тоа. Затоа мора да биде тактичен доколку сака да ја освои Бек. Тој веднаш ќе почне да ја истражува на социјалните мрежи, каде што ќе дознае многу за нејзиниот живот, вклучувајќи ја и нејзината адреса на живеење.rnrnrnrnЏо брзо ќе ја дознае нејзината дневна рутина, како и сите оние нешта во коишто таа ужива. Ќе дознае што сака и точно што треба да направи за да ја освои. Но, тогаш ќе здогледа и една голема пречка – Бенџи (Лу Тејлор Пучи), момчето со кое Бек е во еден вид „комплицирана“ врска. Тој знае дека ќе мора да го тргне Бенџи од нејзиниот живот доколку сака да има шанса кај неа. Притоа мора да биде и внимателен, бидејќи сè зависи од тоа како ќе изигра. Во прашање е неговата вистинска љубов.rnrnrnrnКако што времето ќе поминува, така тој сè повеќе ќе се зближува со Бек, но и сè повеќе ќе дознава дека Бенџи не е единствената пречка на патот до нивната среќа. Пич (Шеј Мичел), најдобрата пријателка на Бек исто така може да биде голема закана. Според Џо, таа е вистински психопат што целосно го контролира животот на Бек. Додајте го на ова и професорот од факултетот каде што Бек студира, како и целото нејзино опкружување и нештата не изгледаат баш добро. Затоа Џо мора да биде совршеното момче за Бек – нема друг начин како тој да ја задржи оваа неверојатна девојка покрај себе. Или пак, можеби има?rnrnrnrnКако што веќе спомнав, Џо е навидум сосема обично момче што работи во книжарница. Но, под маската што ја носи секојдневно, се крие опасен човек со многу проблеми. Тој би направил сè, буквално сè, за љубовта на својот живот! Но, дали тоа би било доволно? И дали таа е навистина вредна за него? Ќе треба да ја погледнете самите оваа ТВ серија за да ги добиете одговорите на овие прашања! Или можеби веќе сте ја изгледале? Во тој случај, споделете го вашето мислење со нас во коментарите подолу…rnrn

  • ТВ серија: Ловец на демони (Diablero)

    ТВ серија: Ловец на демони (Diablero)

    Свештеник и ловец на демони се здружуваат за да се борат против злото

    rnГлавни улоги: Кристофер Вон Укерман, Хорасио Гарсија Рохас, Такахиро Мурокава, Касандра ИтуралдеrnrnЖанр: хорорrnrnПремиера: 21 декември 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 40 минутиrnrnЈазик: шпанскиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=OjFLxAB4vpA&t=rnrnДејството на оваа ТВ серија се одвива во Мексико сити, а приказната започнува со нападот на една млада мајка Луна (Алекса Мартин) и киднапирањето на нејзината ќерка Маријана (Касандра Итуралде) од страна на еден демон. Овој настан ќе нè одведе кон запознавањето на Елвис Инфанте (Кристофер Вон Укерман), кој заработува за живот како ловец на демони. Тој вели дека долго време имало баланс помеѓу луѓето, ангелите и демоните, но дека полека демоните почнуваат да преовладуваат, а неговата работа е да ги пронаоѓа. Но, тој не ги убива, туку ги заробува и му ги предава на Сонг (Такахиро Мурокава), кој пак му дава пари за нив.rnrn rnrnВо меѓувреме го запознаваме и свештеникот Рамиро Вентура (Хорасио Гарсија Рохас), кој добива повик од Луна – мајката која едвај ја преживеала борбата со демонот, и сега е на смртна постела. Тој веднаш ќе отиде кај неа, и моменти пред да почине, Луна ќе му признае дека Маријана е негова ќерка и дека тој мора да ја најде. Една од сестрите, Кета (Фатима Молина) ќе му каже дека полицијата нема да помогне и дека тој би требало да стапи во контакт со нејзиниот брат Елвис, кој е ловец на демони.rnrn rnrnИ покрај тоа што оваа ТВ серија е хорор, и изобилува со страшни сцени, многу крв и вознемирувачки настани, сепак има доволно смисла за хумор за да не биде премногу темна. Па, ако баравте хорор со одредена доза хумор, што истовремено има и добро разработена и длабока приказна, тогаш ви ја препорачуваме токму оваа! Со оглед на тоа што е на Нетфликс, веќе сите епизоди ви се достапни па можете да уживате во целата сезона уште викендов!

  • ТВ серија: Сексуално образование (Sex Education)

    ТВ серија: Сексуално образование (Sex Education)

    Тинејџер чија мајка е сексуална психотерапевтка, се здружува со соученичка од неговото средно училиште и отвораат тајна клиника за сексуална терапија

    rnГлавни улоги: Аса Батерфилд, Гилијан Андерсон, Еми МекиrnrnЖанр: драма, комедијаrnrnКреатор: Лаури НонrnrnПремиера: 11 јануари 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=o308rJlWKUcrnrnБлагодарение на Нетфликс, голем број табу теми поврзани со сексот во адолесценцијата добиваат сè поголемо внимание. Овој клучен период во сексуалното созревање на една личност, што најчесто е исполнет со многу збунетост и срам, долго време е запоставуван, притоа негативно влијаејќи на растот и развојот на младите индивидуи. Но, за среќа, со сите нови филмови и серии, се поттикнуваат младите поотворено да разговараат и полесно да се справуваат со целата таа хормонална збунетост што доаѓа со годините.rnrn rnrnВо оваа ТВ серија, го следиме животот на 16-годишниот Отис (Аса Батерфилд), којшто израснал во дом на двајца сексуални психотерапевти. Неговите родители се сега разведени, а тој живее со мајка му, Џин (Гилијан Андерсон) која слободно може да се каже дека не чувствува ниту трошка срам во однос на темата секс. Нејзината работа е да им помогне на паровите со сексуалните проблеми, и лесно и отворено разговара со сите. Таа исто така е отворена и за својот сексуален живот, кој после разводот, е прилично активен и разновиден.rnrn rnrnКако што веќе спомнав, Отис пораснал во средина каде што отворено се разговарало за сексуалноста на луѓето. Токму затоа, иако има само 16 години и сè уште немал секс, тој е длабоко запознаен со комплексноста на сексуалните врски и има знаење коешто една девојка од неговото училиште, Мејв (Еми Меки), ќе го претвори во вистински бизнис. Таа ќе се договори со Отис да му наоѓа клиенти меѓу нивните соученици, а тој да им помага да се справат со своите сексуални проблеми. Помагајќи им на другите, тој исто така им помага и на гледачите да откријат нешто повеќе за сексуалните динамики во адолесценцијата (па и во повозрасните години) и да почнат подетално да работат и на своите проблеми.rnrn

  • 100-те најдобри ТВ серии на сите времиња

    100-те најдобри ТВ серии на сите времиња

    ТВ сериите никогаш не биле популарни како денес. Од „Сопранови“ (The Sopranos) во 1999-та година, историјата на кинематографијата се промени засекогаш. Со цел да ги исполнат очекувањата на гледачите и да го задржат нивниот рејтинг, продукциските компании трошат огромни суми на нивните серии. На пример од CBS трошат неверојатни 10 милиони од епизода за познатата серија „Теоријата за Големиот прскот“ (The Big Bang Theory). Доколку мислите дека сте изгледале сè, сигурно ќе ви се допадне листава со најдобрите серии на сите времиња.rnrn100-те најдобри ТВ серии на сите времињаrnrn1. „Игра на тронови“ (Game of Thrones), 2011 – 2019rnrn2. „Пријатели“ (Friends), 1994 – 2004rnrn3. „На лош пат“ (Breaking Bad), 2008 – 2013rnrn4. „Шерлок“ (Sherlock), 2010 –rnrn5. „Теоријата на големиот прскот“ (The Big Bang Theory), 2007 – 2019rnrn6. „Здружени браќа“ (A Band of Brothers), 2001rnrn7. „Жица“ (The Wire), 2002 – 2008rnrn8. „Сопранови“ (The Sopranos), 1999 – 2007rnrn9. „Фарго“ (Fargo), 2014 –rnrn10. „Бегство од затвор“ (Prison Break), 2005 – 2017rnrn11. „Почудни нешта“ (Stranger Things), 2016 –rnrn12. „Гордост и предрасуди“ (Pride and Prejudice), 1995rnrn13. „Костуми“ (Suits), 2011 –rnrn14. „Како ја запознав мајка ви“ (How I Met Your Mother), 2005 – 2014rnrn15. „Стажисти“ (Scrubs), 2001 – 2010rnrn16. „Куќа од карти“ (House of Cards), 2013 –rnrn17. „Даунтон Аби“ (Downton Abbey), 2010 – 2015rnrn18. „Хаус“ (House, M.D.), 2004 – 2012rnrn19. „Твин Пикс“ (Twin Peaks), 1990 – 1991, 2017 –rnrn20. „Неприлагодени“ (Misfits), 2009 – 2013rnrn100-те најдобри ТВ серии на сите времињаrnrn21. „Рим“ (Rome), 2005 – 2007rnrn22. „Црно огледало“ (Black Mirror), 2011 –rnrn23. „Бесрамници“ (Shameless), 2011rnrn24. „Декстер“ (Dexter), 2006 – 2013rnrn25. „Натприродно“ (Supernatural), 2005 –rnrn26. „Пики Блајндерс“ (Peaky Blinders), 2013 –rnrn27. „Симпсонови“ (The Simpsons), 1989 –rnrn28. „Панишер“ (Тhe Punisher), 2017 –rnrn29. „Наркоси“ (Narcos), 2015 –rnrn30. „Неверојатната госпоѓа Мајсел“ (The Marvelous Mrs. Maisel), 2017 –rnrn31. „Досиеја Х“ (The X Files), 1993 – 2018rnrn32. „Бетлстар Галактика“ (Battlestar Galactica), 2004 – 2009rnrn33. „Приказната на робинката“ (Handmaid’s Tale), 2015 –rnrn34. „Штит“ (Тhe Shield), 2002 – 2008rnrn35. „Викинзи“ (Vikings), 2013 –rnrn36. „Синови на анархија“ (Sons of Anarchy), 2008 – 2014rnrn37. „Луди мажи“ (Mad Men), 2007 – 2015rnrn38. „Хирург“ (The Knick), 2014 – 2015rnrn39. „Апсолутна власт“ (Broadwalk Empire), 2010 – 2014rnrn40. „Излажи ме“ (Lie to Me), 2009 – 2011rnrn100-те најдобри ТВ серии на сите времињаrnrn41. „Модерна фамилија“ (Modern Family), 2009 –rnrn42. „Криминални умови“ (Criminal Minds), 2005 –rnrn43. „Хорас и Пит“ (Horace and Pete), 2016 –rnrn44. „Ханибал“ (Hannibal), 2013 – 2015rnrn45. „Спартакус: Крв и песок“ (Spartacus: Blood and Sand), 2010 – 2013rnrn46. „Придружба“ (Entourage), 2004 – 2011rnrn47. „Белa jака“ (White Collar), 2009 – 2014rnrn48. „Милијарди“ (Billions), 2016 –rnrn49. „Живи мртовци“ (The Walking Dead), 2010 –rnrn50. „Татковина“ (Homeland), 2011 –rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманието

    13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманието

    Денес речиси и да немаме време за долги серии. Поради ова мини сериите земаат сè поголем замав. Тие се одлични за опуштање по долгиот напорен ден, а за да ги изгледате доволно ви е само еден викенд. Во продолжение погледнете некои понови мини серии што навистина ќе ве заинтересираат.rn

    1. „Крајот на е***иот свет“ (The End of the F***ing World)

    rn13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманиетоrnrnЏејмс и Алиса имаат 17 години, но се веќе разочарани од животот. Таткото на Алиса ја напуштил, а мајката на Џејмс извршила самоубиство. Двата лика се среќаваат и одлучуваат да избегаат од нивниот град. Но целта на нивното патување не е баш обична или нормална. „Крајот на е***иот свет“ има сè што ѝ е потребно на една мини серија – солзи, крв и бунтување.rn

    2. „Патрик Мелроуз“ (Patrick Melrose)

    rn13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманиетоrnrnПатрик Мелроуз е аристократ со многу пари, психолошки нарушувања и проблеми. Во неговото детство бил малтретиран од татко му, но успеал да стане значајна личност во општеството. Приказната за мажот кој се справува со траумите со помош на алкохол и дрога, речиси сигурно ќе ви го привлече вниманието.rn

    3. „Мозаик“ (Mosaic)

    rn13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманиетоrnrnОваа серија започнува со крајот – убиството на главниот лик, авторката на книги за деца по име Оливија. Ерик Нил е главниот осомничен, но нештата не се толку едноставни. Серијата продолжува со сеќавања од минатото кои ни покажуваат што навистина ѝ се случило на авторката. Овој необичен трилер ќе ве остави без здив до самиот крај.rn

    4. „Пикник на Хенгинг Рок“ (Picnic at Hanging Rock)

    rn13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманиетоrnrnДве девојки и нивните учителки исчезнуваат по пикник на мистериозното место Хенгинг Рок на Денот на вљубените. Ова е навистина морничава и убава серија, а во главниот лик ќе ја видите Натали Дормер.rn

    5. „Внатрешната убавина“ (The Beauty Inside)

    rn13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманиетоrnrnАлекс секое утро се буди како различна личност, а со ова „нарушување“ е навистина тешко да пронајдете љубов. Но кога луѓето ќе се вљубат, најважно е она што е внатре, а токму тоа се обидуваат да го прикажат креаторите. Оваа необична серија полна со љубов и романса ќе биде вистинска храна за вашиот ум.rn

    6. „13 причини зошто“ (13 Reasons Why)

    rn13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманиетоrnrnКлеј е обичен тинејџер кој е вљубен во Хана, девојка која извршила самоубиство. Тој открива 7 касети снимани од Хана во кои таа ги опишува 13-те причини зошто ставила крај на својот живот. „13 причини зошто“ ќе ве натера да обрнувате повеќе внимание на луѓето околу вас.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • ТВ серија: Долга песна (The Long Song)

    ТВ серија: Долга песна (The Long Song)

    Приказната за робинка што живее во Јамајка во 1838 година под британско владеење

    rnГлавни улоги: Тамара Лоранс, Хејли АтвелrnrnЖанр: драмаrnrnПремиера: 18 декември 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=hxCUvC7BAzUrnrnВо оваа ТВ серија којашто е адаптирана од романот со истото име, се раскажува за млада робинка којашто живее на шеќерна плантажа во 1830-та година во Јамајка. Тоа што ја прави оваа приказна поразлична од другите е карактеристичниот, автентичниот, резонантниот и имагинативниот начин на кој се раскажува. Дел од тоа може да се припише на сценариото, а останатиот дел на прекрасниот избор на актери – тие успеваат да ја пренесат секоја мисла на авторката.rnrnrnrnПрвата епизода веднаш нè запознава со робинката Џулај (Тамара Лоранс), која е интелигента, жестока и силна жена. Со текот на годините, таа научила како умешно да се справува со својата господарка, Керолајн (Хејли Атвел), чија монструозност може да се забележи уште во првата секунда штом ја здогледате. Но, нештата набрзо ќе се променат откако робовите во куќата ќе почнат да слушаат гласини дека кралот на Англија е донесе крај на робовладетелството.rnrnrnrnНа кратко, оваа мини ТВ серија е исполнета со многу емоции и обработува тешки теми што сè уште имаат големо влијание на човештвото. Но, ако сакате да погледнете како изгледал животот во тоа време и со што морале да се справуваат робовите, тогаш оваа приказна без сомнение ќе ви ги отвори очите и ќе ве потресе. Имајќи го ова на ум, бидете спремни за непријатни сцени и за неколку солзи од вашите очи…rnrn

  • ТВ серија: Ноќни летачи (Nightflyers)

    ТВ серија: Ноќни летачи (Nightflyers)

    Група научници тргнуваат во вселенска мисија да пронајдат мистериозен вонземјански брод

    rnГлавни улоги: Ион Макен, Дејвид Ајала, Џоуди Турнер-СмитrnrnЖанр: хорор, научна фантастикаrnrnКреатор: Џеф БулерrnrnПремиера: 2 декември 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=JUFsJxCh4Bw&t=2srnrnБазирана на романот на Џорџ Р. Р. Мартин, серијата кратки приказни и истоимениот филм од 1987 година, оваа нова ТВ серија ги комбинира елементите на научната фантастиката и хоророт, носејќи ни нова приказна на малите екрани што без сомнение ќе ги воодушеви љубителите на овие жанрови. Серијата е од каналот SyFy, но целата сезона е веќе излезена и набрзо ќе биде достапна и на Нетфликс, давајќи ни можност да ги изгледаме сите епизоди во само еден здив за максимално уживање.rnrn rnrnДејството се случува во 2093 година, на ѕвездениот брод Ноќен летач (Nightflyer), кој го напушта Сончевиот систем за да направи прв контакт со вонземјани. Ѕвездениот брод заедно со својот екипаж се движи со надеж дека овие суштества ќе ни даруваат знаење што би можело да го спаси нашиот вид, откако ние луѓето скоро целосно сме си ја уништиле планетата. Луѓето не знаат какви се овие вонземјани и кои се нивните намери, но со оглед на тоа дека немаат друг избор, едноставно мора да ризикуваат и да се сретнат со нив.rnrn rnrnПрвата епизода започнува со поглед кон иднината, откривајќи ни страшен инцидент што се случува на самиот брод, инстантно запечатувајќи ги судбините на два од главните лика на бродот. Токму ова и ќе ве натера будно да ја следите целата приказна за да откриете како нештата избегале толку од контрола. На кратко, ако сте расположени за вселенска хорор мистерија, тогаш топло ви ја препорачувам оваа ТВ серија.rnrn

  • ТВ серија: Принцот од Пеорија (Prince of Peoria)

    ТВ серија: Принцот од Пеорија (Prince of Peoria)

    ТВ серија за богат 13-годишен принц што оди во Америка како студент на замена со цел да искуси нормален живот и да запознае вистински пријател

    rnГлавни улоги: Гавин Луис, Синтија Кеј Меквилијамс, Теодор Барнс, Габриел ХоганrnrnЖанр: комедијаrnrnКреатори: Девин Буње, Ник СтентонrnrnПремиера: 16 ноември 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 25 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=v0I8rTB00TErnrnПринц Емил (Гавин Луис) воопшто не е задоволен со својот живот во палатата. Како што поминува времето, така тој сфаќа дека ќе треба да стане крал без да има можност да го искуси животот на нормалните луѓе. Токму затоа и успева да го убеди татко му да го пушти да оди во Америка, како студент на замена, со цел да „допре“ до секојдневието на обичните луѓе, да научи нешто од ова искуство, како и конечно да го пронајде својот најдобар пријател. Кралот ќе дозволи, а младиот принц ќе пристигне во малото гратче Пеорија тајно, како обичен студент, за да се заштити себеси.rnrnrnrnЕмил ќе влезе во едно од најинтересните семејства што досега сте имале можност да ги видите на малите екрани. Реџина (Синтија Кеј Меквилијамс) е самохрана мајка на Теди (Теодор Барнс), кој пак е вистински гениј. Тој постојано е посветен на работата со своите роботи, сакајќи да си го осигури својот пат за влегување на факултетот МИТ. Реџина пак, го претворила својот дом во куглана за да може да заработува и да му помага на Теди да го оствари својот сон. Доаѓањето на Емил целосно ќе ги раздрма нивните животи, но во позитивна смисла!rnrnrnrnРеџина конечно ќе најде личност со којашто ќе може да се забавува, но и која ќе ѝ помага со секојдневните обврски. Имајте на ум дека принцот никогаш, ништо не работел во својот живот, па сега дури и чистењето тоалет му е возбудлива нова активност. Од друга страна пак, Теди ќе најде личност што ќе му покаже дека животот не е само учење, и дека постојат нешта што се можеби дури и повредни – како пријателството. Во овој момент вреди да се спомне и телохранителот на Емил, Јозеф (Габриел Хоган), кој го подигнува хуморот на ТВ серијата на сосема ново ниво.