Раното детство на генијот Шелдон Купер
rn
Главни улоги: Ијан Армитаџ, Зои Пери, Реган Реворд, Ланс Барбер, Монтана ЏорданrnrnЖанр: комедијаrnrnКреатор: Чак Лор и Стивен МолароrnrnПремиера: 25 септември 2017rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 30 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=KhxKEg-IBBornrnАко сте љубители на ТВ серијата „Теоријата за Големиот прскот“ (The Big Bang Theory), тогаш без сомнение ќе бидете воодушевени од приказната за раното детство на добро познатиот физичар, Шелдон Купер. Ијан Армитаџ, момчето што ја толкува улогата на младиот Шелдон, со еден збор е – неверојатно! Тој толку добро го отсликува карактерот на Џим Парсонс, што би помислиле дека самиот глумец отпатувал во минатото, се зел себеси, и се довел во сегашноста за да ја сними оваа серија. Талентираното момче ја доловува сржта на Шелдон, покажувајќи ни нова, но сепак позната страна на ексцентричниот карактер кој цела декада ги забавува љубителите на комедијата и науката.rnrn
rnrn
rnrnПокрај Ијан Армитаџ, мора да го пофалам и перформансот на мајката на Шелдон, Мери (Зои Пери), како и на неговата сестра близначка, Миси (Реган Реворд). Мери исто така е копија на својата постара верзија играна од страна на Лаури Меткалф, особено во акцентот. Ако ги затворите очите и ги слушате двете како разговараат, сигурни сме дека ќе ви звучи како една личност! Од друга страна пак, досетките и шегите на Миси, во најнеочекуваните моменти, ќе ви донесат насмевка дури и кога ќе бидете изнервирани од несоодветното однесување на Шелдон (на кое сите ние сме добро навикнати).rnrn
rnrnИако во моментов е достапна само една епизода, сепак нема да бидете разочарани. Дејството во серијата тече по истиот тек како и она во неговата „постара сестра“, па можете и 100 пати да ја изгледате без да ви биде здодевно, смеејќи се како и првиот пат на истите шеги.