Нема сомнеж дека „Вовед во анатомија“ е една од најдраматичните ТВ серии некогаш направени. Од некои непознати причини, сите луѓе уживаат во разочарувањата и пресвртите што ги прикажуваат сериите. Најверојатно тоа се случува, бидејќи се вљубуваме во ликовите. На пример, идејата да си имаме „наш човек“ што ја наметнува „Вовед во анатомија“, сѐ уште нѐ возбудува и нѐ поттикнува да ги прегрнеме нашите најдобри пријатели. Сценаристите многу добро знаеле како да нѐ натераат да се соживееме со ликовите и да ги засакаме толку многу што на моменти забораваме дека тие не постојат навистина.
По гледањето на овие ТВ серии се чувствуваме многу необично и преплавени сме со емоции. Тие ни влијаат во животот многу повеќе одошто би сакале да признаеме. Доколку ја обожувате „Вовед на анатомија“, но сакате да почнете со нова серија, следниве драматични ТВ серии се идеалниот избор за вас…rn
1. „Приватен доктор“ (Royal Pains)
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=0lWP-p91fG8
Кога двајца браќа ќе почнат да работат во Хемптонс, ќе се изненадите од тоа во какви ситуации ќе западнат. Очигледно е дека богатите луѓе не се имуни на лудите случајности. Поединците од елитата се подготвени да платат големи суми на пари за доктор што прави домашни посети, а никогаш не можете да знаете што ќе се случи откако ќе се отворат нивните врати.rn
2. „Живи мртовци“ (The Walking Dead)
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=R1v0uFms68U
Оваа ТВ серија емоционално ќе ве уништи! Многу ќе се приврзете за ликовите што се борат во зомби апокалипсата. Тие формираат кланови и на крајот ќе сфатите дека „талкачите“ не се вистинските чудовишта, туку некои од луѓето.rn
3. „Ноќна смена“ (The Night Shift)
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=2H0SfnB76GA
Докторите не добиваат доволно заслуги за обврските со кои секојдневно се соочуваат. Ноќната смена во која било професија ќе ви го смени погледот кон светот. Освен тоа, сериите поврзани со болници се многу емотивни, бидејќи прикажуваат ситуации во кои и ние самите би можеле да се најдеме.rn
4. „Портокаловата е новата црна“ (Orange Is the New Black)
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=zLyUlTu4KbI
Подгответе се за нешто сурово и урнебесно смешно. Најчесто, не ја знаеме перспективата на жените во затвор, но оваа приказна ќе ви помогне подобро да ги разберете дамите облечени во портокалови комбинизони. Сигурно ќе ви биде забавно покрај толку многу различни карактери на едно место.rn
5. „13 причини зошто“ (13 Reasons Why)
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=JebwYGn5Z3E
Подгответе ги марамчињата! Се работи за адаптација на книга која сигурно е уште потажна од ТВ серијата. Во секоја наредна епизода се откриваат делчињата од сложувалката која ги отсликува настаните што довеле до трогателната смрт на една тинејџерка.rn
6. „Црно огледало“ (Black Mirror)
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=di6emt8_ie8
Технологијата е единственото нешто што го живееме и дишеме од моментот кога ќе се разбудиме, па сѐ додека не заспиеме. Сигурно сте свесни дека порано или подоцна, технологијата ќе стане попаметна од нас и ќе почне да размислува сама за себе. Погледнете ја оваа ТВ серија и дозволете ѝ на паранојата да навлезе во вашиот живот.rn
7. „Циганка“ (Gypsy)
rnhttps://www.youtube.com/watch?v=y67_16zSMwk
Терапевтите би требало да ни помагаат, но што се случува кога еден од нив ќе го редефинира поимот „помош“? Постои одредена граница помеѓу пациентот и терапевтот што не треба да се премине, но во оваа ТВ серија сите граници се преминуваат. Што би направиле кога единствената личност што ги знае сите детали од вашиот живот, физички ќе се смести во вашите потреби и ранливост?
Можете да почнете и со следниве 11 ТВ серии што секоја жена треба да ги изгледа.

