КАФЕ ПАУЗА

Category: ТВ Серии

  • ТВ серија: Смрт и славејчиња (Death and Nightingales)

    ТВ серија: Смрт и славејчиња (Death and Nightingales)

    Епска приказна за љубов, измама и одмазда, сместена во ирско село во 1885 година.

    rnГлавни улоги: Метју Рис, Ен Скели, Џејми ДорнанrnrnЖанр: драмаrnrnКреатор: Џонатан КавендишrnrnПремиера: 28 ноември 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=SLR8tFfT9NYrnrnБазирана на модерниот Ирски класик од Јуџин МекКејб, оваа ТВ серија е бурна приказна за љубовта, предавството, измамата и одмаздата, сместена во прекрасното село Ферманаг, во 1885 година. Ова е место каде што соседите се набљудуваат помеѓу себе и се информираат за сите настани, место на шпионирање, признавање и заговарање, каде што секоја трага на убавина може да биде уништена со заплашување и неволји. Вие ги знаете сите, но не можете никому да верувате, бидејќи не можете ни да претпоставите кој го остри ножот зад вашиот грб.rnrnrnrnДејството се одвива во период од 24 часа, на 25-от роденден на Бет Винтерс – денот кога таа ќе реши да му се придржи на шармантниот Лијам Ворд и да избега од нејзиниот ограничен живот, и од тешката и комплексна врска со нејзиниот очув, протестантскиот сопственик на земјиштето, Били. Оваа серија е климаксот на декади поминати во болка – моќна и впечатлива драма што следи жена во обид да ја контролира својата судбина и да ги надмине сите потешкотии што ги уништуваат и фамилиите, и нациите.rnrn

  • ТВ серија: Ши-Ра и Принцезата на моќта (She-Ra and the Princess of Power)

    ТВ серија: Ши-Ра и Принцезата на моќта (She-Ra and the Princess of Power)

    Познатиот женски воин Ши-Ра повторно се враќа на малите екрани, но овој пат, во малку поинаква форма

    rnГлавни улоги: Ејми Кареро, Карен Фукура, Ејџеј МичалкаrnrnЖанр: анимација, акција, авантураrnrnКреатор: Ноел СтивенсонrnrnПремиера: 13 ноември 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 30 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=GsGMkAWB6lYrnrn16-годишната Адора никогаш не ги запознала своите родители и отсекогаш се прашувала која е. Таа како мала била посвоена од Хордак, тиранин што владее со планетата Етериа преку неговата Хорда. Но, Адора, како и сите други млади воини, била учена дека е на страната на „добрите“ во војната против принцезите, кои пак се претставувани како најголемото зло на планетата и затоа мора да бидат уништени по секоја цена. Никој, никогаш не се посомневал во ова учење.rnrn rnrnСето тоа ќе се смени откако еден ден Адора ќе се изгуби во забранетата шума и ќе најде магичен меч што ќе ја трансформира во Принцезата на моќта, Ши-Ра. Тогаш за прв пат ќе го види и страдањето што Хордата ѝ го предизвикува на планетата. Во истиот тој момент Адора ќе одлучи да се приклучи на отпорот и заедно со своите нови пријатели, ќе започне Алијанса на принцезите, со цел да ја ослободи Етериа од канџите на Хордак.rnrn rnrnИако станува збор за анимирана ТВ серија, сепак оваа приказна не е само за најмалите очи. Ако сакате да уживате во интересна и авантуристичка серија, слободно придружете им се на вашите дечиња и заедно впуштете се во авантура. Таа би можела да биде одличен начин да се поврзете со вашите најмили и да си отворите многу теми за разговор во следните неколку недели. Да не заборавиме на фактот и дека многу ќе се забавувате!

  • 10 највисоко рангирани серии што можеби сте ги испуштиле оваа година

    10 највисоко рангирани серии што можеби сте ги испуштиле оваа година

    Понекогаш кога ќе се вратите дома по долг ден на работа, сè што сакате да направите е да седнете и да изгледате нешто интересно. Но понекогаш подолго ни треба да избереме што да гледаме од самото гледање. Па доколку ви е потребен предлог за некоја серија, погледнете ги најдобрите нови серии што можеби сте ги испуштиле годинава.rn

    1. „Жал ми е за вашата загуба“ (Sorry for Your Loss)

    rn10 највисоко рангирани серии што можеби сте ги испуштиле оваа годинаrnrnГлавниот лик, Ли Шо, се обидува да се справи со смртта на нејзиниот сопруг. Живее со нејзината загуба и се надева дека ќе ги обнови врските со пријателите и со семејството. Ли ја очекуваат многу драматични настани, но таа верува дека може да надмине сè. Оваа серија ќе ве натера да сочувствувате со ликовите, а можеби дури и да заплачете со нив.rn

    2. „Касл Рок“ (Castle Rock)

    rn10 највисоко рангирани серии што можеби сте ги испуштиле оваа годинаrnrnДејството се одвива во измислениот град на Стивен Кинг, Касл Рок. Ова е место каде што сериските убијци слободно шетаат по улиците, бесните кучиња ги напаѓаат луѓето и самиот ѓавол им продава проколнати предмети на луѓето. По самоубиството на чуварот од авторот Шошанк, еден млад маж е пронајден во близина на затворот. Никој не знае кој е, а мажот го кажува само името на неговиот адвокат кој е роден во Касл Рок.rn

    3. „Пикник на Хенгинг Рок“ (Picnic at Hanging Rock)

    rn10 највисоко рангирани серии што можеби сте ги испуштиле оваа годинаrnrnСеријата е сместена на почетокот од 20-тиот век. Неколку девојчиња и нивните негувателки одат на пикник во близина на Хенгинг Рок. Според гласините, на ова место постои некој мистериозен зол дух. Трите девојчиња исчезнуваат и никој не може да ги најде. Ако сакате уметнички филмови и драми, оваа серија ќе ви го привлече вниманието.rn

    4. „Проклетството во куќата Хил“ (The Haunting of Hill House)

    rn10 највисоко рангирани серии што можеби сте ги испуштиле оваа годинаrnrnСемејството Крејн во минатото купило куќа за да ја реновира и да ја продаде. Децата во сегашноста се сеќаваат на нивното детство во наводно проколнатата куќа. Настаните од минатото имале влијание на иднината – еден од браќата е писател, една од сестрите е психијатар, а најмладиот брат страда од зависност. Сите деца се оддалечени од нивниот татко кој не сака да им каже што навистина се случило во куќата, ноќта кога мајка им починала.rn

    5. „Ти“ (You)

    rn10 највисоко рангирани серии што можеби сте ги испуштиле оваа годинаrnrnГлавниот лик е успешен менаџер на книжарница и среќава шармантна млада писателка. Љубовта на мажот набрзо се претвора во вистинска опсесија. Тој почнува да ја пребарува на социјалните мрежи за да дознае повеќе за неа и се обидува да ѝ се доближи што е можно повеќе. По некое време се претвора во вистински тиранин кој е подготвен да направи буквално сè ако нешто му застане на патот.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • ТВ серија: Проклетство во куќата Хил (The Haunting of the Hill House)

    ТВ серија: Проклетство во куќата Хил (The Haunting of the Hill House)

    Движејќи се меѓу минатото и сегашноста, распаднато семејство се соочува со паранормалните сеќавања од нивниот стар дом, и застрашувачките настани што ги истерале од него

    rnГлавни улоги: Мајкл Хуизман, Карла Гугино, Хенри ТомасrnrnЖанр: хорор, драма, фантазијаrnrnКреатор: Мајк ФланаганrnrnПремиера: 12 октомври 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 50 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=G9OzG53VwIkrnrn„Проклетството во куќата Хил“ е адаптација на готскиот-хорор роман од 1959 година на писателот Ширли Џексон. Но, и покрај тоа што спаѓа во овој застрашувачки жанр, нема да гледате карактеристични крвави сцени со расфрлени црева и отсечени глави – нешто што е како еден вид тренд кај овие серии и филмови. Наместо тоа, ќе се соочите со нешто многу, многу пострашно и поморничаво! Дејството го следи животот на едно семејство што се обидува да заздрави од минатото, кога живееле во една од најпознатите куќи со духови во Америка. Сè започнува со децата, кои биле разделени од животот, но по трагичната смрт на едно од нив, тие се повторно споени заедно. Заедно со нивниот татко.rnrn rnrnОвој настан ќе ги натера да фрлат поглед на својот живот и да ги преиспитаат сите свои одлуки што довеле до нивното разделување. Тие исто така треба да ги преиспитаат и сите оние нешта што им се случиле во куќата Хил, и да откријат што навистина се случило кога биле деца, чија вина било, и дали можеби постојат некои необјасниви зли сили што можеби повторно ќе се вратат во нивниот живот. Оваа ТВ серија е совршена комбинација од психолошки трилер и паранормален хорор, заедно со доволна доза драма. Токму тоа ја прави една од најдобрите хорор приказни на малото платно во последниве години. Па, ако сте расположение за малку терор, знаете која серија треба да ја пуштите овој викенд на Нетфликс!rnrn

  • ТВ серија: Морничавите авантури на Сабрина (The Chilling Adventures of Sabrina)

    ТВ серија: Морничавите авантури на Сабрина (The Chilling Adventures of Sabrina)

    Со наближувањето на својот 16-ти роденден, Сабрина мора да одбере помеѓу светот на вештерките и вештерите (каде што е нејзиното семејство) и човечкиот свет (каде што се нејзините пријатели)

    rnГлавни улоги: Кирнан Шипка, Рос Линч, Луси ДејвисrnrnЖанр: драма, фантазија, хорорrnrnКреатори: Роберто Агире-СаркасаrnrnПремиера: 26 октомври 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=ybKUX6thF8QrnrnСе сеќавате на ТВ серијата „Сабрина, вештерката тинејџерка“ од 90-тите? Станува збор за семејна комедија, во која една 16-годишна девојка дознава дека е вештерка и нејзините тетки ќе се обидат да ѝ помогнат да се справи со новиот свет којшто ќе се отвори пред неа, додека паралелно се обидува да живее и во стариот. Се сетивте? Одлично. Сега заборавете на сè тоа! „Морничавите авантури на Сабрина“ ја користи истата основа како првата серија – 16-годишна вештерка што живее со своите две тетки, кои исто така се вештерки. Но, тука завршува секоја сличност меѓу двете приказни. Овој пат, инспирацијата доаѓа директно од стрипот за младата Сабрина.rnrnrnrnrnrnОваа ТВ серија е комбинација од мелодрама, фантазија и окултен хорор. Тоа значи и дека не е за сечие срце. Да, главниот лик има 16 години, но тоа воопшто не ја прави приказна за помладите. Баш напротив. Подгответе се за безрезервно обожување на ѓаволот, играње со умот на смртниците, и многу, многу крвави убиства, проследени со рецитирање антички магии и одлични специјални ефекти. Сабрина е сместена во универзумот на Арчи, па ако ја гледате ТВ серијата Риверјдел, ќе забележите и многу суптилни поврзаност помеѓу двете.rnrnrnrnrnrnА сега, да преминеме на главното – приказната. Сабрина (Кирнан Шипка) е половина вештерка, половина човек. Татко ѝ бил вештер, додека пак, мајка ѝ обичен смртник. По нивната смрт, сестрите на татко ѝ, кои исто така се вештерки, ја примиле во својот дом и ја одгледале. Дејството ја следи Сабрина, која го очекува својот 16-ти роденден, кога треба да се случи нејзиното темно крштевање, односно кога таа треба официјално да стане дел од Црквата на ноќта и да се придружи на моќниот круг вештерки што го обожуваат ѓаволот. Но, за да го направи ова, Сабрина мора да се откаже од целата поврзаност со нејзиниот смртен живот, што воопшто не е лесно за неа. Но, можеби ќе успее да најде начин и да стане дел од двата света?rnrnrnrn

  • ТВ серија: Волшебнички (Charmed)

    ТВ серија: Волшебнички (Charmed)

    По трагичната смрт на нивната мајка, три сестри откриваат дека се моќни вештерки

    rnГлавни улоги: Мелони Дијаз, Маделајн Менток, Сара ЏефриrnrnЖанр: драма, фантазијаrnrnКреатори: Џесика О’Тул, Ејми Рардин, Џени Снајдер УрманrnrnПремиера: 14 октомври 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=-ycEPoT1Nzw&t=150srnrnСе сеќавате на популарната ТВ серија „Волшебнички“ од 98-ма година? Секако. Кој би можел да ги заборави Пру, Пајпер и Фиби? И Пејџ! Оваа приказна за трите сестри со магични моќи беше една од најпопуларните во доцните 90-ти и раните 2000-ти, па затоа и воопшто не е чудно што добива втора шанса на малите екрани.rnrn rnrnОвој пат, го следиме животот на нови три сестри – Мел (Мелони Дијаз), Меги (Сара Џефри) и Мејси (Маделајн Менток) кои по загубата на својата мајка ќе сфатат дека реалноста е многу поинаква одошто мислеле. Тие живееле сосема нормален тинејџерски живот пред будењето на нивните моќи, кои мора брзо да научат како да ги користат доколку сакаат да преживеат.rnrn rnrnПокрај овие три девојки, мора да се спомне и Хери Гринвуд (Руперт Еванс), кој додава интересна и хумористична страна на најчесто застрашувачките сцени. Тој е нивниот советник и заштитник, оној што ќе им помогне полесно да го направат преминот кон новиот, мистериозен свет. Тој исто така ќе им ја даде и познатата Книгата на сенките, која ќе ги води во идните авантури.rnrn rnrnПа, ако сте расположени за носталгично патување во вашето детство, но со нови и свежи ликови, и малку помодерна верзија на познатата приказна, тогаш оваа ТВ серија може да биде совршеното викенд бегство за вас. Дури и да не сте ја гледале оригиналната серија, а сте љубители на фантазијата, ќе уживате во „Волшебнички“!

  • ТВ серија: Добри девојки (Good Girls)

    ТВ серија: Добри девојки (Good Girls)

    Три мајки од предградие решаваат да ограбат локална продавница и целиот живот им се превртува наопаку откако ќе сфатат дека ги зеле парите на баран криминалец

    rnГлавни улоги: Кристина Хендрикс, Рита, Мае ВитманrnrnЖанр: комедија, драма, криминалrnrnКреатор: Џена БансrnrnПремиера: 26 февруари 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=EXJdwEtqaSsrnrnРасположени сте за одлична драмедија што ќе ве насмее до солзи и ќе ве држи на работ од столчето до самиот крај? Станува збор за приказната за три мајки од предградието, кои поради неочекувани финансиски проблеми, ќе решат да ограбат локална продавница. Но, тоа што нема да го знаат е дека баран криминалец ги чува своите пари во сефот на продавницата, па наместо очекуваните 30.000 долари, тие ќе завршат со половина милион.rnrn rnrnТокму во тој момент нивниот живот целосно ќе се промени и тие ќе бидат приморани да работат за криминалецот со цел да му ги вратат парите. Тоа што можеби нема да го очекувате е дека тие ќе се пронајдат во криминалниот живот и откако нивниот долг ќе биде подмирен, ќе решат да останат во контакт со криминалецот што го ограбија и ќе се впуштат во различни процеси од „перење“ фалсикувани пари.rnrn rnrnПриказната е навистина интересна, дејството е побрзо одошто очекувате од овој жанр и најважно од сè – главните девојки, Кристина Хендрикс, Рита и Мае Витман се толку добро одбрани што едноставно ќе се заљубите во нив. Начинот на кој тие запаѓаат во неволји е навистина забавен, но тоа што е уште поинтересно е начинот на кој креативно се извлекуваат од секоја ситуација. Па, ако сте расположени за забавен викенд маратон – ова ТВ серија е најдобриот избор за вас!rnrn

  • 3 октомвриски ТВ серии за љубителите на комедија, хорор и криминал

    3 октомвриски ТВ серии за љубителите на комедија, хорор и криминал

    Октомври е еден од најголемите месеци кога станува збор за премиери на нови ТВ серии. Истото нè очекува и оваа година. Па додека ги чекате големите наслови како Почетник (Rookie) и обновувањето на Волшебнички (Charmed), занимавајте се со овие 3 нови ТВ серии кои излегоа пред само неколку дена…rn

    1. Среќни заедно (Happy Together) – комедија

    rnrnrnЏејк, сметководител, и неговата сопруга Клер, дизајнер на ресторани и барови, уживаат во својот брак. Нивната скоро монотона секојдневна рутина е нешто што и на двајцата им се допаѓа и тие воопшто не сакаат да излезат од оваа удобна зона. Но, нештата целосно ќе се сменат откако еден од клиентите на Џејк, суперѕвездата Купер Џејмс, ќе дојде на нивната врата и ќе бара засолниште од папараца по раскинувањето со неговата девојка. Џејк и Клер брзо ќе дознаат дека не можат да продолжат со својот удобен животен стил и животот целосно ќе им се промени на сите тројца.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=rHuooiY_Azwrnrn

    2. Во темнината (Into The Dark) – хорор

    rnrnrnСтанува збор за сосема нова хорор ТВ серија со натприродна тематика. Оваа серија ќе вклучува по една епизода што ќе биде објавена за време на првиот петок од месецот, и ќе трае во текот на целата година. Секоја од овие епизоди е инспирирана од празник за време на месецот на објава и сите ќе бидат во форма на трилери.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Ba0NqqVhjZwrnrn

    3. Елита (Elite) – криминал

    rnrnrnПоследниот предлог на оваа листа ни доаѓа од Шпанија. Лас Енсинас е најексклузивното училиште во целата држава, каде што елитните семејства ги испраќаат своите деца. Но, откако земјотресот ќе уништи едно друго училиште, три тинејџери од работната класа ќе бидат префрлени таму – започнувајќи војна меѓу оние што имаат сè и оние што немаат ништо. Оваа војна ќе доведе дури и до убиство. Но, кој е виновникот?rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=QNwhAdrdwp0

  • ТВ серија: Манијак (Maniac)

    ТВ серија: Манијак (Maniac)

    Овен и Ани стануваат дел од мисетиозно фармацевтско истражување за справување со емоционални проблеми што ќе тргне наопаку

    rnГлавни улоги: Џона Хил, Ема Стоун, Соноја МизуноrnrnЖанр: комедија, драма, научна фантастикаrnrnКреатори: Кери Јоџи Фукунага, Патрик СомервилrnrnПремиера: 21 септември 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 40 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=L6cDDmk-O5Arnrn„Манијак“ (Maniac) е базирана на популарна норвешка серија, со елементи на добро познатите „Наука за спиење“ (Science of Sleep), „Легија“ (Legion) и „Вечна сончева светлина“ (Eternal Sunshine). Па, ако сте љубители на овој жанр, тогаш знаете што да очекувате! Целата приказна изгледа како да гледате нечиј сон – и во ниту еден момент не можете да претпоставите што ќе се случи следно бидејќи текот не следи никакви правила. И покрај тоа што има допирни точки во однос на начинот на раскажување со други серии и филмови, сепак самата приказна е уникатна и нешто досега невидено.rnrn rnrnДејството се случува во замислена блиска иднина, која е малку поинаква од тоа што досега сме го гледале на малите екрани. Во оваа иднина, аналогното е над дигиталното, роботите се како слатки миленичиња, и луѓето можат со помош на флопи диск да искусат виртуелна реалност во која не важат никакви закони. Главните ликови, Овен Милгрим (Џона Хил) и Ани Лендсберг (Ема Стоун), решаваат да станат дел од фармацевтско истражување со цел да тестираат лек кој наводно ќе им помогне да се ослободат од емоционални болки од минатото.rnrn rnrnИстражувањето се состои од три фази, во кои суперкомпјутер треба да ги изолира, да се соочи и да ги прифати трауматичните сеќавања во потсвесниот дел од умот и да им донесе на учесниците среќа што инаку не би можеле да ја доживеат. Но, бидејќи нештата никогаш не се толку едноставни, сосема е очекувано нешто да тргне наопаку – што и ќе се случи откако еден од докторите ќе изјави дека имаат сериозен проблем и дека нивниот компјутер е многу депресивен. Па, ако сте подготвени за „истрипана“ авантура, тогаш оваа ТВ серија е идеална за вас.rnrn

  • ТВ серија: Шегување (Kidding)

    ТВ серија: Шегување (Kidding)

    Џеф, позната детска телевизиска икона, се обидува да ја задржи својата нормалност додека неговото семејство целосно се распаѓа

    rnГлавни улоги: Џим Кери, Френк Лангела, Кетрин КинерrnrnЖанр: драма, комедијаrnrnКреатор: Дејв ХолстинrnrnПремиера: 31 август 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 30 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=jS6Gt76e_NArnrnАко сте љубители на Џим Кери, тогаш имаме огромно изненадување за вас! Тој конечно, по скоро 2 декади, се враќа на малите екрани. Станува збор за ТВ серијата „Kidding“, каде што тој ја толкува улогата на Џеф Пиклс, детска ТВ ѕвезда. Господин Пиклс е толку популарен, што слободно може да се каже дека преку својата емисија, тој ги одгледал сите деца во Америка. И тоа воопшто не е чудно, затоа што тој е мила личност, секогаш расположена да помогне и да ве расположи, и ги обожава децата повеќе од сè на светот. Неговите епизоди и песни се незаборавни, а истовремено и поучни, учејќи ги децата како да се справуваат со своето растење…rnrnrnrnНо, нештата одеднаш ќе се променат откако Џеф ќе го изгуби својот син во сообраќајна несреќа. Иако тој е приморан да продолжи со својот живот како ништо да не се случило, за да ја одржи својата репутацијата на телевизија, неговата сопруга ќе го избрка од дома бидејќи смета дека не се справува добро со загубата, а другиот син, братот близнак на починатиот, ќе почне бунтовно да се однесува, не грижејќи се за никого освен за себе. Тоа и ќе го натера Џеф да почне да размислува за нова емисија, во којашто ќе зборува со најмалите за смртта. Но, како би можеле да им го објасните крајот на животот на дечињата што уште не ни почнале вистински да живеат?rnrnrnrn„Kidding“ е на некој начин трагикомедија, или можеби уште подобро би се опишала со новиот, и сè попопуларен жанр – драмедија (комбинација од драма и комедија). Во оваа ТВ серија, сè се врти околу смртта, но и околу други големи животни и љубовни разочарувања, како неверства, лаги, измами, напуштања и загуби. Па, ако сакате да го гледате брилијантниот перформанс на Џим Кери, кој ни носи нешто сосема ново и свежо на малите екрани, а истовремено и сте по малку опседнати со смртта, тогаш оваа приказна е идеална за вас.