КАФЕ ПАУЗА

ТВ серија: Панишер (Punisher)

По убиството на своето семејство, поранешниот маринец Френк Касл има само една цел – да ја одмазди нивната смрт!

rn(1) tv-serija-panisher-punisher-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Џон Бернтал, Амбер Роуз Рива, Ебон Мос-БахрахrnrnЖанр: акција, авантура, криминалrnrnКреатор: Тив ЛајтфутrnrnПремиера: 17 ноември 2017rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=lIY6zFL95hE&t=25srnrnАко ги следите телевизиските адаптации на дел од најпознатите ликови на Марвел, тогаш веќе знаете кој е Френк Касл. Тој беше претставен во ТВ серијата „Дердевил“ (Daredevil), како машина за убивање негативци. Неговото воено минато во комбинација со смртта на неговото семејство, го претвори во незапирлив одмаздник чија сила потекнува токму од тоа што нема што да изгуби – тој во секоја мисија влегува како да му е последна, со единствената мисла да го исчисти светот од злото или да умре обидувајќи се да го стори тоа.rnrn(2) tv-serija-panisher-punisher-www.kafepauza.mkrnrnНајсадистичкиот антихерој во светот на Марвел отсекогаш предизвикувал фасцинација меѓу читателите и гледачите, па затоа и Џон Бернтал доби шанса да го одведе својот карактер на сосема ново ниво. Тој со својата репутација успеа да изгради сопствена серија, соодветно насловена како „Панишер“ (Punisher), во која можеме подобро да го запознаеме преку подетално истражување на неговото минато и настаните што го претвориле во рамнодушен убиец. Ова е одлична шанса за неговите фанови од Дердевил да разберат како размислува овој лик.rnrn(3) tv-serija-panisher-punisher-www.kafepauza.mkrnrnСепак, тоа што на многумина не им се допадна, а и лично мене, е степенот на насилство и убивање во оваа приказна. Да, точно е дека тој не е суперхерој, барем не онаков каков што сме навикнати да гледаме во приказните за Дердевил, Џесика Џоунс, Лук Кејџ и Ајрон фист, но сепак масовното убиство не е нешто што е лесно за гледање. Едно е да уживаме во разни боречки вештини (што всушност е само уште една добро смислена кореографија), но нешто сосема друго е планирано убиство на групи луѓе, макар тие биле криминалци, без трошка жал и каење во очите на човекот зад чкрапалото.rnrn(4) tv-serija-panisher-punisher-www.kafepauza.mkrnrnШто мислите вие? Дали Панишер е премногу темна серија или пак, може да си пронајде публика со доволно цврст стомак што би ги издржала сите сцени и притоа би уживала во самата приказна?rnrn(5) tv-serija-panisher-punisher-www.kafepauza.mk