ТВ серија: Измама (Deception)

Сподели

Камерон Блек е најпознатиот светски илузионист. Но, откако неговата репутација ќе биде уништена, тој ќе почне да работи со полицијата на низа специфични случаи

rnГлавни улоги: Џек Катмор-Скот, Лајла Робинс, Роберт Рид Марфи, Илфенеш Хадера

Реклама

Креатор: Крис Федак

Жанр: драма

Премиера: 11 март 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 45 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: [ratings]

 

https://www.youtube.com/watch?v=ZjCu-Q-BZtI

Да, на прв поглед оваа ТВ серија изгледа како класична криминална драма со надворешен соработник што повремено им помага на детективите со покомплицираните случаи, но доволно е да ја пуштите првата епизода за веднаш да ја забележите уникатната магија! Во оваа приказна, детективите добиваат специјален соработник за нивните случаи, чие занимање е во светот на магијата. Станува збор за збор за илузионистот Камерон Блек (Џек Катмор-Скот).

Тој можеби никогаш не би ни помислил да работи со полицијата, но по сплет на околности, откако неговата најголема тајна ќе биде разоткриена и репутацијата целосно уништена, нема да има друг избор. Камерон е убеден дека некој мистериозен илузионист работи против него, како и дека истиот илузионист си игра и со полицијата. Тој ќе успее да ги убеди и детективите во истото, па ќе ги здружи своите сили со полицијата.

Измама е многу лесна серија, одлична за одморање на мозокот во попладневните часови од денот. Таа исто така изобилува со многу илузија и трикови, нешто што навистина ќе им се допадне на љубителите на магијата. Од друга страна пак, главниот актер, Џек Катмор-Скот, е како создаден за својата улога, па покрај тоа што ќе уживате во самата приказна, ќе обожавате да ги гледате и неговите интересни перформанси зад малите екрани.

Популарно

Може ќе ве интересира