Шон Марфи, млад хирург со аутизам и савантизам се вработува во престижна болница и се обидува да го најде своето место меѓу вработените
rn
Главни улоги: Фреди Хајмор, Николас Гонзалес, Антонија ТомасrnrnЖанр: драмаrnrnКреатор: Дејвид ШорrnrnПремиера: 25 септември 2017rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 40 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=fYlZDTru55grnrnФреди Хајмор го толкува ликот на д-р Шон Марфи, иден хирург кој е дијагностициран со аутизам и савантизам. Веднаш штом ќе ги прочитате овие два поима, ќе заклучите дека станува збор за навистина тешка улога и дека ретко кој би можел да ја одглуми правилно, прикажувајќи ни реален лик со кој ќе можеме да се поврземе и кој ќе им даде надеж на сите високо функционални аутисти (и други личности со некаков инвалидитет) дека можат да бидат сè што ќе посакаат. Но не грижете се, Фреди Хајмор успева во својата цел. Тој толку добро го оживува својот лик, што уште во првите неколку минути ќе успеете да сочувствувате со него и целосно да се поврзете.rnrn
rnrnОваа серија ги има сите карактеристики на типична медицинска ТВ приказна, вклучувајќи ги емоционалните моменти што ќе ви го забрзаат срцебиењето, драмата поврзана со животот и смртта, како и неверојатното спасување човечки животи. Тоа што можеби ѝ недостига е подетална разработка на споредните ликови и поголем увид во секојдневниот живот на главниот лик. Но со оглед на тоа што има само неколку епизоди, и одлична основа со голем потенцијал, сигурна сум дека набрзо серијата ќе прерасне во тоа што сите фанови на медицинските приказни го бараат. Останува на времето да докаже дали сум била во право или не.rnrn
