КАФЕ ПАУЗА

Category: ТВ Серии

  • Нови серии кои треба да ги изгледате за време на викенд

    Нови серии кои треба да ги изгледате за време на викенд

    Викендот е совршен за опуштање со маратонско гледање на омилените телевизиски серии. Доколку ги изгледавте сите приказни кои ви беа интересни, време е за нешто ново. За среќа, во последните неколку месеци излегоа многу нови серии кои го заслужуваат вашето внимание, а за вас ги издвојуваме најдобрите.rnrnНови серии кои треба да ги изгледате за време на викендrn

    1. „Општеството“ (The Society)

    rnПо враќањето од едно патување, група американски тинејџери дознаваат дека сите жители на нивниот град се мистериозно исчезнати и дека се принудени да преживеат самостојно. Иако на прв поглед изгледа како типична тинејџерска серија, темата за воспоставување на нов општествен поредок ја трансформира оваа серија во нешто многу повеќе.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=UJzU-b5EU9crn

    2. „Чернобил“ (Chernobyl)

    rnСигурно сте чуле за Чернобилската катастрофа во 1986 година, но знаете ли да објасните што точно се случило? Одговорите на сите прашања ќе ги добиете гледајќи ја оваа прекрасна мини-серија на HBO.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=s9APLXM9Ei8rn

    3. „Еуфорија“ (Euphoria)

    rnОваа серија е уште еден успешен проект на HBO, серија која ја претставува темната страна на тинејџерскиот живот во САД. Зендаја ја игра главната улога, но целата актерска екипа ќе ве освои од првата епизода. Мало предупредување – серијата изобилува со секс, дрога и насилство.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=vuAzkZIiGxIrn

    4. „Мртов за мене“ (Dead To Me)

    rnОваа серија е совршена жанровска комбинација од трилер и комедија. Ликовите на Кристина Апелгејт и Линда Карделини на специфичен и духовит начин ќе ви ја прикажат болката по животната загуба и замките на женското пријателство.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=BwYBw1raC2ornrnПотребни ви се уште препораки? Еве уште 13 кратки, но интересни серии што ќе ви го привлечат вниманието.

  • 8 ТВ серии кои ќе го променат начинот на кој го гледате вашето тело

    8 ТВ серии кои ќе го променат начинот на кој го гледате вашето тело

    Многумина од нас се несигурни кога е во прашање нивното тело. Посебно жените кои изгледа како постојано да се загрижени за нивниот изглед и сакаат скоро сè да сменат. Ако се пронајдовте во овој опис, тогаш ви препорачуваме да ги погледнете следниве ТВ серии ќе го променат начинот на кој го гледате вашето тело.rnrnrn

    1. Шрил (Shrill)

    rnБазирана на мемоарите на писателката Линди Вест, приказната се врти околу Ани Истон, дебела жена која станува драстично фрустрирана од нејзиниот живот и од начинот на кој луѓето се однесуваат кон неа. Шрил потсетува дека секој може да има мислење за нечие тело, но мислењето кое го имаме за нашето тело е најважно.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=JyUr_-jxWZArn

    2. Проектот Минди (The Mindy Project)

    rnОваа ТВ серија ќе направи да го погледнете малку поинаку вашето тело и ќе ви покаже колку тоа може да биде спектакуларно. Ќе ве поттикне за прв пат да му се восхитувате на вашето тело. Минди не е совршена, но е одличен пример за сите оние кои мислат дека не ги исполнуваат „стандардите за убавина“ кои ги налага општеството.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Xv01_WCOz8krn

    3. Посебен (Special)

    rnГлавното дејствие го следи животот на еден хомосексуалец со церебрална парализа кој е затворен поради својот инвалидитет и е многу несигурен во себе. Ќе имате можност да го видите како се развива и станува свој во осум епизоди со траење од петнаесет минути.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=b8S9Gxrp-uIrn

    4. Несигурна (Insecure)

    rnКога ќе ја гледате оваа ТВ серија ќе бидете убедени дека се занимавате со нешто моќно. Главното дејствие се одвива околу искуството на една црнкиња (опишана од Иса Реј) која е жена со вишок килограми. Главната порака е дека жените не треба да бараат да бидат прифатени од другите туку дека на крајот од денот доволно е да се прифатат самите.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=TAkfpRPcZOwrn

    5. Ти си најлош (You’re The Worst)

    rnОваа ТВ серија ќе ви покаже како да почнете да се сакате себеси и ќе ве потсети дека клучот за среќата се крие само во вас. Претставува добар потсетник дека може да се блеска однатре – затоа што кога се чувствувате добро однатре и си дозволувате да блеснете, никој нема да може да ве игнорира.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=pdj9cw1qTYIrn

    6. Квирово око (Queer Eye)

    rnОва телевизиско шоу покажува колку е можна трансформацијата на луѓето и тоа не само однадвор туку и однатре. Ќе ве научи да се сакате себеси поради тоа што сте и ќе ве натера да се погледнете онакви какви што сте и да го смените начинот на кој се однесувате кон себе. На крајот од денот љубовта е таа која навистина прави разлики.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=8SZbVV6eVFkrn

    7. Лудата бивша девојка (Crazy Ex-Girlfriend)

    rnОна што ќе го сакате кај оваа ТВ серија е тоа што премногу реално го опишува женскиот свет. На Ребека воопшто не ѝ е грижа што општеството очекува од неа. Има нешто моќно во тоа кога гледате жена без константа грижа за нејзината тежина, за тоа како е облечена или што светот мисли за неа во секој момент.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=9eKnMzilZfYrn

    8. Брод Сити (Broad City)

    rnГлавните улоги им припаѓаат на две најдобри пријателки кои воопшто не се грижат што другите имаат да кажат. Тие прават сè што сакаат, го кажуваат тоа што го мислат и го носат тоа што го сакаат без да се грижат дали светот го оправдува тоа. Ни покажуваат дека можеме да правиме што сакаме со сопственото тело затоа што тоа ни припаѓа само нас.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=iC_xGWSkRKcrnrnФрлете им око и на овие серии кои мора да ги изгледате заедно со вашата најдобра пријателка.

  • 4 серии кои мора да ги изгледате заедно со вашата најдобра пријателка

    4 серии кои мора да ги изгледате заедно со вашата најдобра пријателка

    Покрај сончањето на плажа и разновидните заеднички активности, додека се криете од сонцето погледнете ги овие одлични серии. Начинот на кој ќе го пополнувате слободното време нека биде со квалитетни содржини, а заедничкото гледање серија со пријателката само ќе го зацврсти вашето пријателство. Па, што чекате? Поканете ја на маратон со гледање серии.rnrnrn

    1. Нечесни слугинки (Devious Maids)

    rnДоколку ја обожававте ТВ серијата „Очајни домаќинки“ (Desperate Housewives), тогаш не смеете да ја пропуштите оваа. Во неа е проследен животот на четири слугинки кои работат во богати семејства во Беверли Хилс. Секоја од нив има различни соништа и амбиции, а освен прикажувањето на нивните животи, оваа серија дава и една важна животна лекција – дека никогаш нема да знаете што се случува зад затворените врати на навидум среќните семејства.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=JAh-5K2F7dIrn

    2. Портокаловото е новото црно (Orange Is The New Black)

    rnСтанува збор за американска криминалистичка драма – комедија која се заснова на мемоарите на Пајпер Керман и нејзината книга „Портокаловото е ново црно: Мојата година во женски затвор“ (Orange Is the New Black: My Year in a Women’s Prison) во која зборува за нејзините искуства во затвор. Целата приказна се врти околу Пајпер Чапман, жена која е осудена на 15 месеци затвор поради пренесување актовка полна со пари од дрога на нејзината поранешна девојка, која пак се занимавала со меѓународно шверцување дрога. Тие две повторно се среќаваат зад решетките и тоа ќе биде вистинското време да ги израмнат сметките од минатото.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=vY0qzXi5oJgrn

    3. Нова девојка (New Girl)

    rnЏесика Џес Деј е во своите доцни 20-ти, предава во локално основно училиште во Лос Анџелес и на прв поглед во нејзиниот живот сè изгледа совршено. Но, работите почнуваат да се комплицираат кога ќе се врати од другиот град и ќе го фати на дело нејзиниот дечко кој ја изневерува. Тоа ќе ѝ го промени животот од корен. Така одлучува да се пресели за да избега од несреќната врска, а потрагата по ново место за живот ќе ја однесе до нови познанства кои дополнително ќе ѝ го „раздрмаат“ животот.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=h8Hfph2wXIYrn

    4. Ова сме ние (This Is Us)

    rnЦелото дејствие се однесува на животот и поврзаноста на неколку членови на семејството кои слават ист роденден, но нивните карактери се тотално различни. Серијата следи две паралелни дејствија во кои се испреплетуваат во сегашноста и минатото. На тој начин ги прикажуваат среќните семејни моменти од животот на двајцата браќа и нивните сестри, но и некои поприлично тешки, емотивни периоди. Оваа ТВ серија ќе ве научи колку е важно семејството, но и дека постојат пријателства кои се подеднакво вреди.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=hljQfJLQmaIrnrnПрочитајте и за овие 4 начини на заедничко гледање серии со кои може да се зајакне врската.

  • ТВ серија: Тракатанци (Trinkets)

    ТВ серија: Тракатанци (Trinkets)

    3 средношколки формираат неочекувано пријателство откако се запознаваат на група за поддршка

    rnГлавни улоги: Бријана Хилдербранд, Киана Мадеира, Куинтеса СвинделrnrnЖанр: драмаrnrnКреатори: Ејми Анделсон, Емили Мејер, Кристен СмитrnrnПремиера: 14 јуни 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 30 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=xz1IkeXs6yIrnrn„Тракатанци“ е една од новите драми на Нетфликс што ни ја раскажува приказната за три средношколки што не можат да се воздржат да украдат нешто ситно од продавниците што ги посетуваат. Тие не го прават тоа поради немање финансии, туку исклучиво за возбудата што им ја предизвикува. Токму затоа и се притиснати од најблиските да посетуваат група за поддршка за луѓе што се борат со истиот проблем.rnrn rnrnЕлоди (Бријана Хилдербранд), Моу (Киана Мадеира) и Табита (Куинтеса Свиндел) на прв поглед изгледаат како да припаѓаат на сосема различни светови. Но, нивната тајна ќе ги зближи и ќе им помогне да формираат цврсто пријателство базирано на разбирање, доверба и почит. Тие ќе почнат да поминуваат сè повеќе време заедно и да си ги споделуваат сите оние тајни што долго време ги чувале само за себе. Со оглед на тоа што сите три ги очекува многу тежок период, изгледа како нивното пријателство да е судбинско.rnrn rnrnАко сте расположени за лесна драма, што ќе го исполни вашето попладне со смеа но и солзи, тогаш оваа ТВ серија е одличен избор за вас. Не само што ќе се поврзете со младите девојки, туку исто така и ќе се замислите за вашиот живот – ќе почнете да се прашувате дали тоа е тоа што навистина го сакате и дали можете да направите нешто да го подобрите, исто како и главните хероини во „Тракатанци“.rnrn

  • ТВ серија: Што ако (What if)

    ТВ серија: Што ако (What if)

    Млад брачен пар, западнат во долгови, ќе прифатат необична понуда од инвеститор

    rnГлавни улоги: Џејн Ливај, Блејк Џенер, Кит Пауерс, Рене ЗелвегерrnrnЖанр: трилерrnrnКреатор: Мајк КелиrnrnПремиера: 24 мај 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=AFnI887xhBErnrnАко сте расположени за мистериозен трилер што ќе ве одведе на луд емоционален ролеркостер, тогаш оваа ТВ серија е одлична за вас! Рене Зелвегер ја толкува улогата на Ен Монтгомери, моќна и богата бизнисменка и инвеститорка која е позната по своето безмилосно владеење. Токму затоа и Лиса Донован ќе се изненади кога ќе дознае дека неверојатната Ен сака да инвестира во нејзиниот мал бизнис кој е на работ на пропаѓање. Но, како што кажавме, Ен е безмилосна, па нејзината понуда воопшто нема да биде лесна или едноставна.rnrn rnrnЗа да го добие потребното финансирање и лансирање на својата компанија, Ен ќе ѝ ги понуди на Лиса потребните финансии само ако нејзиниот сопруг, Шон Донован, помине една вечер со неа. Тој треба да потпише договор дека по завршувањето на вечерта, никогаш нема да открие што се случило тогаш. А ако открие, Лиса го губи правото на компанијата. Па, што мислите? Што ќе одлучат тие? И како нивната одлука ќе влијае на останатиот дел од нивниот заеднички живот?rnrn

  • ТВ серија: Општество (The Society)

    ТВ серија: Општество (The Society)

    Кога сите мистериозно ќе исчезнат од нивниот град, тинејџерите од Вест Хем мора да создадат ново општество за да преживеат

    rnГлавни улоги: Кетрин Њутон, Гидеон Адлон, Шон БердиrnrnЖанр: драма, мистерија, научна фантастикаrnrnКреатор: Кристофер КејсерrnrnПремиера: 10 мај 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=UJzU-b5EU9crnrnСтанува збор за мистерија што навистина ќе ве замисли. 200 тинејџери тргнуваат на екскурзија, но завршуваат назад во нивниот мал град. Но, тие брзо забележуваат дека иако сè е на своето место, од најголемите градби, до клучевите од автомобилите на нивните родители, тие географски не се наоѓаат на истата положба. Изгледа како некој да направил копија од нивниот град и да ја ставил во средина од бескрајна шума.rnrn rnrnНа почетокот, нештата не се воопшто лоши за тинејџерите. Тие имаат храна, струја и целосна слобода. Па, затоа и ќе си го претворат целиот град во огромно игралиште. Но, за жал ова нема да потрае и тие ќе мора брзо да пораснат доколку сакаат да преживеат. Тие брзо ќе се соочат со смртоносни средби со животни, необјасниви епидемии на болести и насилство. Ќе сфатат дека воопшто не е лесно да се држи едно општество под контрола.rnrn rnrnОваа ТВ серија поставува многу филозофски прашања и отвора многу теории за тоа што навистина се случило со децата. Тие и самите ги поставуваат овие прашања и создаваат нови теории, меѓу кои и дека се во паралелен универзум или во задгробниот живот. Но, што е вистината? Времето со сигурност ќе ни покаже! Па, ако сте расположени за мистерија што ќе ве поттикне на размислување, оваа ТВ серија е без сомнение одличен избор за вас!rnrn

  • ТВ серија: Поврзување (Bonding)

    ТВ серија: Поврзување (Bonding)

    Двајца средношколски најдобри пријатели се сретнуваат во Њујорк по многу години…

    rnГлавни улоги: Зои Левин, Брендан Сканел, Кевин КејнrnrnЖанр: комедија, драмаrnrnКреатор: Рајтор ДојлrnrnПремиера: 24 април 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 15 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=XXuBwwZvruIrnrnНајпрво да ве предупредиме дека главниот карактер во оваа ТВ серија, Тиф, е доминатрикс, чија работа е да ги оживува фантазиите на мажите и жените со садомазохистички сексуални потреби. Иако станува збор за комедија, сепак потребите на нејзините клиенти се сликовито претставени. Покрај погледот во нејзината работа, се разработуваат голем број сексуални теми, од едноставното задоволување на потребите и ослободувањето од сексуалниот срам, до наоѓањето начин да се живее со партнер чии сексуални теми ги надминуваат границите на другиот.rnrnrnrnШто се однесува до главната приказна, го гледаме и повторното поврзување на Тиф (Зои Левин) и Пит (Брендан Сканел), кои биле најдобри пријатели во средно училиште и одново се пронаоѓаат по многу години во Њујорк. Тиф ќе го покани Пит да ѝ помогне во нејзината работа, и тој без да знае во што се впушта, ќе прифати, притоа станувајќи помошник на доминатрикс. На овој начин тој ќе открие сосема нова страна од себе, но и ќе се потсети зошто тој и Тиф толку добро се согласувале во минатото. Тие се одличен пар од многу аспекти, а ако сакате да дознаете нешто повеќе за нив, пуштете ја првата епизода уште веднаш.rnrn

  • ТВ серија: Црно лето (Black Summer)

    ТВ серија: Црно лето (Black Summer)

    Мајка ја бара својата ќерка во цивилизација што се распаѓа по појава на зомбиња

    rnГлавни улоги: Сал Велез Јуниор, Ејдан Финк, Кеш ХилrnrnЖанр: акција, драма хорорrnrnКреатори: Џон Хијамс, Карл ШеферrnrnПремиера: 15 март 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 45 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=tQA1omPJN24rnrnОваа ТВ серија треба да ни покаже како пропаднала цивилизацијата и како довела до создавање на новото бизарно општество што секојдневно се бори против зомбиња во неодамна откажаната „Нација З“ (Z Nation). Но, за разлика од својот претходник, каде што комедијата често надвладува над драмата, овој пат имаме многу посериозен поглед кон целата ситуација. Всушност, ако сте ја гледале „Нација З“, нема да можете да најдете ниту една сличност во начинот на раскажување со „Црно лето“ и ќе ви делува како сосема нова ТВ серија за почеток на апокалипса со зомбиња.rnrnrnrnТоа што е добро кај оваа приказна е нејзината структура. Првата епизода, која трае скоро 60 минути, ги претставува главните ликови во неверојатни детали. Станува збор за група исплашени луѓе од предградието кои воопшто не се подготвени за ситуацијата во која ќе западнат. Тие немаат никаков тренинг за преживување, но поради сплет на околности и можеби малку среќа, ќе „испливаат“ на површината и ќе успеат да го преживеат првиот бран на хаос и паника поради започнувањето на апокалипсата. Целиот живот на човештвото се менува за само неколку часови.rnrnrnrnЕдинственото нешто што на некој начин ги поврзува „Нација З“ и „Црно лето“ е покажувањето на најтемната страна на човештвото. Дури и покрај тоа што светот завршува, луѓето едноставно продолжуваат да го прават тоа што го сакаат, и не се грижат за никој друг освен за себе. Од друга страна пак, тоа што е карактеристично за оваа приказна, не е преживувањето на најсилните, што најчесто се гледа во овој жанр. Баш напротив, во текот на епизодите ќе го забележите токму спротивното. Па, ако сте расположени за нова апокалипса со зомбиња, со брзо темпо на развивање и одличен тек – „Црно лето“ е одличен избор за вас!

  • ТВ серија: Љубов, смрт и роботи (Love, Death & Robots)

    ТВ серија: Љубов, смрт и роботи (Love, Death & Robots)

    Колекција од анимирани кратки приказни што опфаќаат повеќе жанрови, од научна фантастика и фантазија до хорор и комедија

    rnГлавни улоги: Скот Вајт, Нолан Норт, Метју Јанг КингrnrnЖанр: анимација, комедија, фантазијаrnrnКреатор: Тим МилерrnrnПремиера: 15 март 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 15 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=wUFwunMKa4ErnrnНетфликс објави нова научно фантастична антологија наречена „Љубов, смрт и роботи“ што вклучува 18 кратки филмови. Секоја епизода е сосема различна од претходната, и во однос на приказната и во однос на технологијата што е користена. Ќе забележите разновидна анимација и CGI технологија, од аниме до хипер-реалистичка компјутерска анимација. Што се однесува до самите приказни, тие се пишувани во различни поджанрови на научната фантастика, од комедија и стимпанк до хорор и фантазија.rnrn rnrnИако станува збор за анимација, сепак оваа ТВ серија се препорачува за публика над 18 години бидејќи поголемиот дел од епизодите вклучуваат многу насилство и голотија (скоро на истото ниво како просечна епизода од „Игра на тронови“). Но, ако треба да споредуваме во однос на приказната, тогаш најблиската ТВ серија би била „Црно огледало“, но во анимирана форма и со многу послободен пристап на раскажување.rnrn rnrn„Љубов, смрт и роботи“ ги претставува проблемите на модерното општество, притоа обидувајќи се да го задржи вниманието дури и на генерацијата Јутјуб, правејќи ги епизодите со должини меѓу 6 и 17 минути. Најчесто се обработуваат тешки и темни теми, што не се за сечие срце. Веќе спомнавме дека серијата изобилува со насилство и голотија, и тоа ја прави визуелно тешка за гледање, но темите како силување или машката доминација врз женските тела ѝ даваат и психолошка тежина. Имајќи го сè ова на ум, би ѝ дале шанса?rnrn

  • ТВ серија: После живот (After Life)

    ТВ серија: После живот (After Life)

    По неочекуваната смрт на неговата сопруга, Тони се претвора од добар во човек, во импулсивен злобник којшто не се грижи за ништо и за никого

    rnГлавни улоги: Рики Гервес, Том Басден, Тони ВејrnrnЖанр: комедија, драмаrnrnПремиера: 1 март 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 30 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=eIGGKSHMQOMrnrnТони не е лош човек. Баш напротив, тој има нежна и мила душа, полна со љубов. Но, откако ќе ја изгуби жената од своите соништа, тој едноставно нема да знае како да продолжи да биде човекот кој беше покрај неа. Тони дури и ќе помисли да се самоубие, бидејќи болката е преголема за него, но неговото куче ќе го спаси, така што ќе му побара храна. Тој нема да сака да го остави гладно, па ќе стане да го нахрани и во тие моменти ќе направи договор со себе – ќе продолжи да го живее животот без никакви правила, ќе прави сè што сака, како што сака и кога сака и кога ќе му дојде премногу, едноставно ќе стави крај. Во неговите мисли, ова е како еден вид супермоќ.rnrn rnrnТони ќе почне да живее без влакна на јазикот и без никаков обѕир кон последиците од своите дела. Тој ќе биде брутално искрен, директен и нема да се грижи дали притоа можеби повредува некого со своите зборови. Токму ова ќе го одведе на необичен пат, каде што ќе запознае многу нови луѓе, сите со свој сет проблеми и потешкотии. И пред да забележи, неговата константна тага ќе почне да се меша со куси, но интензивни моменти на смеа и среќа. Но, дали тоа ќе биде доволно за да го натера Тони да почне повторно да оди меѓу живите? Или пак, тагата ќе победи и тој сепак ќе одлучи да престане да постои, заедно со својата сопруга?rnrn