КАФЕ ПАУЗА

Category: ТВ Серии

  • ТВ серија: Зора (Daybreak)

    ТВ серија: Зора (Daybreak)

    Деца се обидуваат да преживеат во постапокалиптичен свет така што формираат племиња

    rn[column col=”1/2″][/column]rn[column col=”1/2″]rnrnГлавни улоги: Колин Форд, Аливија Алин Линд, Софи СимнетrnrnЖанр: акција, авантура, комедијаrnrnПремиера: 24 октомври 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn[/column]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=2P9U41e75tE&t=rnrnСте размислувале ли некогаш каков би бил светот без возрасни? Оваа ТВ серија може да ви даде една варијанта од одговорот! Дејството нè води во постапокалиптичен свет каде што поголемиот дел од човештвото или изумрело или се претворило во еден вид крвожедни зомбиња откако биле детонирани билошко-хемиски бомби на планетата. Останале само дел од децата кои мора да изградат сосема ново општество за да преживеат во новиот свет.rnrn rnrnОбидувајќи се да најдат нов начин на живеење, децата формирале племиња. Сите оние што имале нешто заедничко се групирале и си создале нови правила за живеење, чувајќи ја својата територија и војувајќи со ривалските племиња додека истовремено и се борат против неживите. Племињата се состојат од спортистите, фармерите, интелигентните… И сите тие на некој начин придонесуваат во новиот екосистем.rnrn rnrnАко сте расположени за постапокалиптична зомби комедија, тогаш оваа ТВ серија е одлична за вас! Особено ако ги сакате приказните со младите возрасни. Зора изобилува со хумор, акција, пријателство и романса, и малку одвратни и крвави сцени, убаво спакувани во добра приказна што без сомнение ќе ве наполни со позитивна енергија.rnrn

  • ТВ серија: Војна на световите (The War of the Worlds)

    ТВ серија: Војна на световите (The War of the Worlds)

    Во Лондон за време на раните 1900-ти години, Џорџ и Ејми се обидуваат да почнат заеднички живот кој ќе биде прекинат од марсовска инвазија на Земјата

    rn[column col=”1/2″][/column]rn[column col=”1/2″]rnrnГлавни улоги: Еленор Томлисон, Рејф Спал, Џонатан АрисrnrnЖанр: драма, научна фантастикаrnrnПремиера: 6 октомври 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 40 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn[/column]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=r-yas0yPbLUrnrnИзгледа дека никогаш нема да ни здодее да гледаме како оживуваат дел од нашите омилени приказни, особено оние што се култни како книгата „Војна на световите“ (The War of the Worlds) од Х. Г. Велс. Овој пат, преку кратка ТВ серија, имаме можност да видиме британска верзија на епскиот напад на Земјата од страна на напредна вонземна раса. И иако Том Круз овој пат не е дел од тимот, сепак приказната има добар потенцијал.rnrnrnrnПред да решите дали ќе ја гледате оваа ТВ серија треба да ве предупредиме дека не е толку динамична и брза како книгата или пак, како досегашните адаптации. Приказната тече бавно, дозволувајќи ни да впиеме што е можно повеќе детали од околината и карактерите. Ова ќе ве направи да се чувствувате како и вие да сте дел од настаните. Што се однесува до специјалните ефекти, подобро е да не очекувате многу бидејќи можете да бидете разочарани.rnrnrnrnНајдобриот дел од оваа приказна е внимателно одбраниот тим актери кои завршуваат навистина добра работа. Еленор Томлисон сјае во улогата на тврдоглавата Ејми која е вистинскиот протагонист на приказната. Може слободно да се каже дека таа и ја носи целата ТВ серија на својот грб. Но да не должиме и да не случајно ви откриеме нешто што не треба – ако сте расположени за добра научна фантастика базирана на класика, дајте ѝ шанса на серијата!

  • 7 навистина добри серии кои може да ги гледате на Нетфликс

    7 навистина добри серии кои може да ги гледате на Нетфликс

    Зачинете ги есенските ноќи со забавни приказни кои овие денови можете да ги најдете на Нетфликс. Во продолжение следуваат 7 ТВ серии кои ќе ве опуштат за време на ладните есенски вечери.rnrn7 навистина добри серии кои може да ги гледате на Нетфликсrn

    1. „Народот против О. Џ. Симпсон“ (The People vs. O.J.Simpson)

    rnСлучајот за познатиот американски спортист Симпсон уште подобро ќе го разберете преку оваа мини серија снимена според вистински случувања. Светот го познава како сјаен играч на голф, а потоа цела кариера му е прикриена со сенка поради убиство кое ја потресе цела американска јавност. Баш поради тоа, ви ја препорачуваме оваа серија.rnrnhttps://youtu.be/A0_22acfWJ8rn

    2. „Портокаловото е ново црно“ (Orange is the New Black)

    rnСедмата, воедно и последна сезона на совршен начин ја заклучува серијата во која видовме многу необични пријателства во еден американски женски затвор. Иако последната сезона најмногу се фокусира на Пајпер и нејзиното излегување од затвор, како што тече приказната, така ги откриваме и судбините на останатите ликови.rnrnhttps://youtu.be/vY0qzXi5oJgrn

    3. „Почудни нешта“ (Stranger Things)

    rnТретата сезона на суперпопуларната серија веќе некое време е достапна на Нетфликс, и ако сѐ уште не сте ја гледале, дефинитивно треба да почнете. Симпатичната екипа повторно е собрана во борбата против новото чудовиште. Ова е една од оние серии кои ве освојуваат уште од првата епизода, па затоа не се чудете ако се заразите со неа.rnrnhttps://youtu.be/XcnHOQ-cHa0rn

    4. „Што/Доколку“ (What/If)

    rnЌе ја видите Рене Зелвегер во сосема поинаква улога од она на што сте навикнати. Во оваа серија таа ја глуми моќната и застрашувачка Ен Монтгомери. Станува збор за трилер кој најмногу се фокусира на Рене, но е секако одличен избор доколку барате серија која ќе ве заинтригира уште од почетокот.rnrnhttps://youtu.be/AFnI887xhBErn

    5. „Руска кукла“ (Russian Doll)

    rnСјајната Наташа Лион одлично се снајде во улогата на Нади која секојдневно умира и повторно се враќа меѓу живите, и баш нејзината глума ја прави оваа серија посебна. По малку провокативна, а во исто време неверојатно смешна, оваа серија се гледа во еден здив и е една од оние приказни кои ќе ви ги тргне мислите од секојдневните грижи.rnrnhttps://youtu.be/YHcKoAMGGvYrn

    6. „Секс едукација“ (Sex Education)

    rnБарате едноставна, забавна серија која во центарот ги става средношколските проблеми? Ова е вистинската серија за вас. Освен што ќе ве насмее, на моменти ќе ве потсети и на вашите први сексуални искуства.rnrnhttps://youtu.be/o308rJlWKUcrn

    7. „Бирмингемска банда“ (Peaky Blinders)

    rnСигурно веќе некој ви ја препорачал оваа ТВ серија, а ние се вклучуваме со препораките. Дури и да не сте фан на историски приказни, опасните дечки од Бирмингем ќе ве натераат да ја изгледате цела сезона во еден здив. И потоа ви остануваат уште останатите осум.rnrnhttps://youtu.be/oVzVdvGIC7UrnrnПогледнете ги и овие серии кои мора да ги изгледате заедно со вашата најдобра пријателка.

  • ТВ серија: Бетвуман (Batwoman)

    ТВ серија: Бетвуман (Batwoman)

    Кејт Кејн бара правда за Готам како Бетвуман

    rn[column col=”1/2″]ТВ серија: Бетвуман (Batwoman)[/column]rn[column col=”1/2″]rnrnГлавни улоги: Руби Роуз, Елизабет Анвејз, Рејчел СкарстенrnrnЖанр: акција, авантура, криминалrnrnКреатор: Керолин ДрајсrnrnПремиера: 6 октомври 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 40 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn[/column]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=5nHX7G6e8cIrnrnУниверзумот на Ероу добива нов суперхерој. Овој пат, таа ни доаѓа од еден од најпопуларните градови во околината – Готам! За прв пат на малите екрани ние имаме можност да го погледнете животот на Кејт Кејн, односно Бетвуман, која решава да го облече костумот на Бетмен и да ги преземе нештата во своите раце.rnrnТВ серија: Бетвуман (Batwoman)rnrnТВ серија: Бетвуман (Batwoman)rnrnИако е освежувачко да се види олку моќен женски карактер во овој свет, сепак оваа ТВ серија не ги задоволува сите критериуми за да се најде на истата висина како Ероу (Arrow), Флеш (Flash), Легендите на утрешнината (Legends of Tomorrow) и Супергрл (Supergirl). Причините се повеќе, но онаа што најмногу се издвојува е самата актерка која ја доби главната улога.rnrnРуби Роуз е одлична актерка, но изгледа многу вкочането како Бетвуман. Барем сега засега. Таа не успева да ја освои публиката со шарм како Стивен Амел (Ероу), Грант Гастин (Флеш) или пак, Мелиса Беноа (Супергрл). Сите тие внесоа нешто уникатно во својата улога, нешто по што се препознатливи сега. Дали и Руби Роуз ќе успее да го направи истото, останува на времето да покаже.rnrnТВ серија: Бетвуман (Batwoman)rnrnТВ серија: Бетвуман (Batwoman)

  • ТВ серија: Растејќи го Дион (Raising Dion)

    ТВ серија: Растејќи го Дион (Raising Dion)

    Вдовица и самохрана мајка открива дека нејзиниот син има супермоќи и се обидува да открие како да го воспитува безбедно и одговорно

    rn[column col=”1/2″][/column]rn[column col=”1/2″]rnГлавни улоги: Алиша Вејнврајт, Џасија Јанг, Сами ХанејrnrnЖанр: драма, научна фантастикаrnrnКреатори: Керол Барби, Денис ЛиуrnrnПремиера: 4 октомври 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 50 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings][/column]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Z6koPaImHzYrnrnРастејќи го Дион е кратка ТВ серија, базирана на стрип со истото име од Денис Лиу. Станува збор за приказна за суперхерој кој е многу помлад од оние што сме навикнати да ги гледаме. Дејството започнува со откривањето на моќите на малиот Дион (Џасија Јанг) кој изгледа како да нема никаква контрола над нив. Тој може да мрда објекти со умот, но секогаш кога ќе проба нештата тргнуваат наопаку.rnrn rnrnЗа среќа, мајка му, Никол (Алиша Вејнврајт), е спремна да направи сè што е потребно за да го заштити својот син. Заедно со најдобриот пријател на татко му, Пет (Џејсон Ритер), тие ќе основаат „клуб на суперхерои“ и ќе почнат да го обучуваат малиот Дион според правилата што ги следат суперхероите во стриповите. Тие полека ќе го учат како да ги контролира своите моќи, додека се борат да откријат од каде тие всушност потекнуваат.rnrn

  • ТВ серија: Појава (Emergence)

    ТВ серија: Појава (Emergence)

    Полициски началник истражува случај со мало девојче кое ќе биде пронајдено во мистериозна несреќа

    rn[column col=”1/2″][/column]rn[column col=”1/2″]rnrnГлавни улоги: Алисон Толман, Алекса Свинтон, Роберт Бејли ЏуниорrnrnЖанр: драма, мистерија, трилерrnrnКреатор: Тара Батерс, Мишел ФазекасrnrnПремиера: 24 септември 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 40 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn[/column]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=aAD2deAqxCErnrnАко сте расположени за добар мистериозен трилер, тогаш се наоѓате на вистинското место. Оваа ТВ серија ќе ве држи на работ од столчето до самиот крај, не откривајќи ви ништо сè додека не дојде вистинскиот момент. И сите теории што ќе ги создадете во меѓувреме, најверојатно нема да бидат вистинити, бидејќи развивањето на приказната е толку добро и детално направено, што едноставно нема да можете ништо да предвидите.rnrnrnrnПриказната започнува со мистериозно урнување на авион, каде што началникот на полицијата на мало, заспано гратче, Џоу Еванс (Алисон Толман) ќе пронајде мало девојче без ниту една гребнатинка на неа. Таа уште веднаш ќе се посомнева дека нешто не е во ред. Токму затоа и ќе ја однесе во својот дом. Но, нештата нема да се смират тука. Одеднаш цела група негативци ќе почнат да ја ловат малата Пајпер (Алекса Свинтон), а меѓу неа и нив ќе стои само храбрата Џоу!rnrnrnrnДосега има излезено само 3 епизоди од оваа ТВ серија која покажува голем потенцијал, па не знаеме многу за приказната. Тоа што може да се забележи од нив е дека најверојатно оваа драма ќе има и натприродни елементи, бидејќи Пајпер изгледа дека поседува некаков вид телекинетски моќи. Ве заинтересиравме? Без разлика дали ќе решите да почнете да ја гледате веднаш или ќе почекате прво да излезат сите епизоди, ви гарантираме дека во никој случај нема да бидете разочарани!

  • ТВ серија: Остров (The I-Land)

    ТВ серија: Остров (The I-Land)

    10 луѓе се будат на остров без никакво сеќавање. Решени да го пронајдат патот до дома, тие откриваат дека нештата воопшто не се онака како што изгледаат.

    rnГлавни улоги: Натали Мартинез, Кејт Босворт, Роналд ПитrnrnЖанр: авантура, драма, мистеријаrnrnКреатор: Антони СалтцерrnrnПремиера: 12 септември 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 40 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=GxpwiwOdMHkrnrnСтанува збор за кратка, лимитирана ТВ серија која раскажува мистериозна приказна за група луѓе кои ќе се разбудат на остров. Тие ги отвораат очите на рајско место, без да знаат како се нашле таму, ниту пак кои се. Изгледа дека сите страдаат од амнезија. Со оглед на тоа дека се облечени исто, дека не се повредени и дека нема никаков расфрлан багаж околу нив, лесно може да се заклучи дека тие не доживеале бродолом туку дека најверојатно некој ги донел таму. Но, зошто?rnrn rnrnСо оглед на тоа што има само неколку снимени епизоди, дејството многу брзо се развива. Штом се постави прашање, скоро инстантно се добива одговор, но тој одговор пак, отвора барем три нови прашања. Главните ликови брзо ќе откријат дека островот воопшто не е рај како што изгледа и дека е полн со опасности и мистерии. Тие ќе мора да работат заедно да за сфатат што се случува, но и да ги надминат своите внатрешни пориви кои не секогаш ги покажуваат во најдобро светло.rnrn

  • Ова е најдобрата ТВ серија на 21. век

    Ова е најдобрата ТВ серија на 21. век

    Британскиот весник „Гардијан“ ја прогласи „Сопранови“ за најдобра телевизиска серија на 21 век.rnrnОва е најдобрата ТВ-серија на 21. векrnrnОваа серија за американското мафијашко семејство со италијанско потекло, за главна улога го имаше незаборавниот Џејмс Гандолфини и беше многу популарна во периодот на прикажувањето. Нејзините репризи, исто така, се гледаат глобално.rnrnНа второ и трето место се сериите „Жица“ (The Wire) и „Маркетинг-директори“ (Mad Men), додека помеѓу најдобрите серии се наоѓа и релативно новата „Флибег“ (Fleabag) во продукција на Би-би-си.rnrnСпоред оцените на „Гардијан“, во врвот се наоѓаат и „На лош пат“ (Breaking Bad), „Канцеларија“ (The Office), „Игра на тронови“ (Game of Thrones), „Пип шоу“ (Peep Show) и други.rnrnНаша препорака: Што ако (What if)

  • ТВ серија: Друг живот (Another Life)

    ТВ серија: Друг живот (Another Life)

    Вселенскиот брод Салваре, под водство на Нико, тргнува во мисија што ќе го промени човештвото засекогаш

    rnГлавни улоги: Кејти Сакоф, Семјуел Андерсон, Блу ХантrnrnЖанр: авантура, драма, мистеријаrnrnКреатор: Арон МартинrnrnПремиера: 25 јули 2019rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=qAtBbgtMnZ8rnrnАко сте ја гледале ТВ серијата „Ноќни летачи“ (Nightflyers), тогаш едноставно нема да можете да не чувствувате дежа ву при одредени сцени и во оваа. Тоа може и да ви пречи, особено ако не ви се допаднала првата. Да бидеме искрени, нема да ве обвиниме за ова, бидејќи како што се развиваше приказната, така таа стануваше сè поапсурдна. За разлика од неа, „Друг живот“ почнува послабо, но со секоја нова епизода приказната станува подобра и подбра. Дур стигнете до крајот, веќе ќе се чувствувате како да сте гледале една од најдобрите научни фантастики на декадата.rnrn rnrnПриказната започнува со лансирањето на вселенското возило Салваре, чија мисија е да открие каде се испраќаат сигналите од непознатото вселенско летало што слетало на Земјата. Луѓето долго се обидувале да комуницираат со него, но неуспешно. Но, кога конечно ќе откријат каде се испраќаат мистериозните сигнали, Нико ќе поведе тим истражувачи со неа за да воспостават прв контакт со вонземјаните. Тие се впуштаат во една од најтешките мисии досега што целосно ќе го промени човештвото!rnrn rnrnКако и во секоја друга вселенска мисија, така и овој пат екипажот брзо почнува да се соочува со проблеми. Од предавство до погрешни процени – екипажот ќе претрпи многу загуби дур стигне на крајната дестинација. Да не зборуваме и за фактот дека локацијата била погрешно одредена, па нивното патување ќе трае многу подолго од очекуваното. Дали тие ќе го издржат ова и дали ќе успеат да воспостават прв контакт? Останува на вас да гледате за да откриете!rnrn

  • За сите трендсетерки: Најдобрите модни ТВ серии на сите времиња

    За сите трендсетерки: Најдобрите модни ТВ серии на сите времиња

    Сите ние обожаваме ТВ серии. Особено оние во кои можеме да видиме модерни жени, преубава облека, обувки и модни додатоци. Ова се секако работи кои секоја жена ги забележува. Во овие ТВ серии пронаоѓаме инспирација за модни комбинации и дознаваме повеќе за светот на модата.rnrn(1) najdobrite-modni-tv-serii-na-site-vreminja-www.kafepauzarnrnПа, за кои ТВ серии станува збор? Во продолжение ви ги претставуваме најдобрите приказни на малите екрани во кои се испреплетуваат различни стилови и во кои главните глумци се крајно ентузијастички настроени кога станува збор за модата и сè што е поврзано со неа. Некои од овие ТВ серии подоцна станаа и филмови.rnrn

    „Sex and the City“ (Сексот и градот)

    rnДолго време оваа ТВ серија се наоѓаше на врвот на најгледаните. Во неа се раскажува за четири пријателки од Њујорк кои зборуваат за нивниот сексуален живот и се обидуваат да пронајдат нови начини да се справат со тоа како е да се биде жена во 90-тите.rnrnhttps://youtu.be/t-rQk0TULOkrn

    Absolutely Fabulous (Апсолутно фантастични)

    rnОваа ТВ серија ги прикажува лудите несреќни авантури на Едина Монсун (Џенифер Сондерс) и нејзината најдобра пријателка Петси Стоун (Џоана Ламли), кои живеат во постојана магла од дрогирана и пијана себичност.rnrnhttps://youtu.be/ZAfmM06pVUwrn

    Gossip Girl (Озборувачка)

    rnВо оваа ТВ серија станува збор за привилегирани тинејџери кои живеат на горната источна страна во Њујорк, кои не можат да ги сокријат своите тајни од немилосрдниот блогер кој постојано ги надгледува.rnrnhttps://youtu.be/eCg1RN-dyQkrn

    The Nanny (Дадилката)

    rnОткако е отпуштена од работа и оставена од дечко ѝ, продавачка на козметика станува дадилка на три деца на еден богат англиски вдовец. Како што минува времето, тие почнуваат да се заљубуваат.rnrnhttps://youtu.be/OHK-1WTRQAMrn

    Dynasty (Династија)

    rnДинастија го прикажува животот на две богати семејства од Америка кои се борат за контрола на нивните деца и богатството.rnrnhttps://youtu.be/Uq0soWMpkv8rnrnДајте им шанса и на овие нови ТВ серии кои дефинитивно треба да ги изгледате за време на викендот што следува.