КАФЕ ПАУЗА

ТВ серија: Долга песна (The Long Song)

Приказната за робинка што живее во Јамајка во 1838 година под британско владеење

rnГлавни улоги: Тамара Лоранс, Хејли АтвелrnrnЖанр: драмаrnrnПремиера: 18 декември 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=hxCUvC7BAzUrnrnВо оваа ТВ серија којашто е адаптирана од романот со истото име, се раскажува за млада робинка којашто живее на шеќерна плантажа во 1830-та година во Јамајка. Тоа што ја прави оваа приказна поразлична од другите е карактеристичниот, автентичниот, резонантниот и имагинативниот начин на кој се раскажува. Дел од тоа може да се припише на сценариото, а останатиот дел на прекрасниот избор на актери – тие успеваат да ја пренесат секоја мисла на авторката.rnrnrnrnПрвата епизода веднаш нè запознава со робинката Џулај (Тамара Лоранс), која е интелигента, жестока и силна жена. Со текот на годините, таа научила како умешно да се справува со својата господарка, Керолајн (Хејли Атвел), чија монструозност може да се забележи уште во првата секунда штом ја здогледате. Но, нештата набрзо ќе се променат откако робовите во куќата ќе почнат да слушаат гласини дека кралот на Англија е донесе крај на робовладетелството.rnrnrnrnНа кратко, оваа мини ТВ серија е исполнета со многу емоции и обработува тешки теми што сè уште имаат големо влијание на човештвото. Но, ако сакате да погледнете како изгледал животот во тоа време и со што морале да се справуваат робовите, тогаш оваа приказна без сомнение ќе ви ги отвори очите и ќе ве потресе. Имајќи го ова на ум, бидете спремни за непријатни сцени и за неколку солзи од вашите очи…rnrn