КАФЕ ПАУЗА

ТВ серија: Добри девојки (Good Girls)

Три мајки од предградие решаваат да ограбат локална продавница и целиот живот им се превртува наопаку откако ќе сфатат дека ги зеле парите на баран криминалец

rnГлавни улоги: Кристина Хендрикс, Рита, Мае ВитманrnrnЖанр: комедија, драма, криминалrnrnКреатор: Џена БансrnrnПремиера: 26 февруари 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 43 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=EXJdwEtqaSsrnrnРасположени сте за одлична драмедија што ќе ве насмее до солзи и ќе ве држи на работ од столчето до самиот крај? Станува збор за приказната за три мајки од предградието, кои поради неочекувани финансиски проблеми, ќе решат да ограбат локална продавница. Но, тоа што нема да го знаат е дека баран криминалец ги чува своите пари во сефот на продавницата, па наместо очекуваните 30.000 долари, тие ќе завршат со половина милион.rnrn rnrnТокму во тој момент нивниот живот целосно ќе се промени и тие ќе бидат приморани да работат за криминалецот со цел да му ги вратат парите. Тоа што можеби нема да го очекувате е дека тие ќе се пронајдат во криминалниот живот и откако нивниот долг ќе биде подмирен, ќе решат да останат во контакт со криминалецот што го ограбија и ќе се впуштат во различни процеси од „перење“ фалсикувани пари.rnrn rnrnПриказната е навистина интересна, дејството е побрзо одошто очекувате од овој жанр и најважно од сè – главните девојки, Кристина Хендрикс, Рита и Мае Витман се толку добро одбрани што едноставно ќе се заљубите во нив. Начинот на кој тие запаѓаат во неволји е навистина забавен, но тоа што е уште поинтересно е начинот на кој креативно се извлекуваат од секоја ситуација. Па, ако сте расположени за забавен викенд маратон – ова ТВ серија е најдобриот избор за вас!rnrn