КАФЕ ПАУЗА

ТВ серија: Проклетство во куќата Хил (The Haunting of the Hill House)

Движејќи се меѓу минатото и сегашноста, распаднато семејство се соочува со паранормалните сеќавања од нивниот стар дом, и застрашувачките настани што ги истерале од него

rnГлавни улоги: Мајкл Хуизман, Карла Гугино, Хенри ТомасrnrnЖанр: хорор, драма, фантазијаrnrnКреатор: Мајк ФланаганrnrnПремиера: 12 октомври 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 50 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=G9OzG53VwIkrnrn„Проклетството во куќата Хил“ е адаптација на готскиот-хорор роман од 1959 година на писателот Ширли Џексон. Но, и покрај тоа што спаѓа во овој застрашувачки жанр, нема да гледате карактеристични крвави сцени со расфрлени црева и отсечени глави – нешто што е како еден вид тренд кај овие серии и филмови. Наместо тоа, ќе се соочите со нешто многу, многу пострашно и поморничаво! Дејството го следи животот на едно семејство што се обидува да заздрави од минатото, кога живееле во една од најпознатите куќи со духови во Америка. Сè започнува со децата, кои биле разделени од животот, но по трагичната смрт на едно од нив, тие се повторно споени заедно. Заедно со нивниот татко.rnrn rnrnОвој настан ќе ги натера да фрлат поглед на својот живот и да ги преиспитаат сите свои одлуки што довеле до нивното разделување. Тие исто така треба да ги преиспитаат и сите оние нешта што им се случиле во куќата Хил, и да откријат што навистина се случило кога биле деца, чија вина било, и дали можеби постојат некои необјасниви зли сили што можеби повторно ќе се вратат во нивниот живот. Оваа ТВ серија е совршена комбинација од психолошки трилер и паранормален хорор, заедно со доволна доза драма. Токму тоа ја прави една од најдобрите хорор приказни на малото платно во последниве години. Па, ако сте расположение за малку терор, знаете која серија треба да ја пуштите овој викенд на Нетфликс!rnrn