КАФЕ ПАУЗА

ТВ серија: Ноќни летачи (Nightflyers)

Група научници тргнуваат во вселенска мисија да пронајдат мистериозен вонземјански брод

rnГлавни улоги: Ион Макен, Дејвид Ајала, Џоуди Турнер-СмитrnrnЖанр: хорор, научна фантастикаrnrnКреатор: Џеф БулерrnrnПремиера: 2 декември 2018rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 60 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=JUFsJxCh4Bw&t=2srnrnБазирана на романот на Џорџ Р. Р. Мартин, серијата кратки приказни и истоимениот филм од 1987 година, оваа нова ТВ серија ги комбинира елементите на научната фантастиката и хоророт, носејќи ни нова приказна на малите екрани што без сомнение ќе ги воодушеви љубителите на овие жанрови. Серијата е од каналот SyFy, но целата сезона е веќе излезена и набрзо ќе биде достапна и на Нетфликс, давајќи ни можност да ги изгледаме сите епизоди во само еден здив за максимално уживање.rnrn rnrnДејството се случува во 2093 година, на ѕвездениот брод Ноќен летач (Nightflyer), кој го напушта Сончевиот систем за да направи прв контакт со вонземјани. Ѕвездениот брод заедно со својот екипаж се движи со надеж дека овие суштества ќе ни даруваат знаење што би можело да го спаси нашиот вид, откако ние луѓето скоро целосно сме си ја уништиле планетата. Луѓето не знаат какви се овие вонземјани и кои се нивните намери, но со оглед на тоа дека немаат друг избор, едноставно мора да ризикуваат и да се сретнат со нив.rnrn rnrnПрвата епизода започнува со поглед кон иднината, откривајќи ни страшен инцидент што се случува на самиот брод, инстантно запечатувајќи ги судбините на два од главните лика на бродот. Токму ова и ќе ве натера будно да ја следите целата приказна за да откриете како нештата избегале толку од контрола. На кратко, ако сте расположени за вселенска хорор мистерија, тогаш топло ви ја препорачувам оваа ТВ серија.rnrn