КАФЕ ПАУЗА

Category: ТВ Серии

  • Ако обожававте да гледате „Очајни домаќинки“, тогаш оваа ТВ серија сигурно ќе ве освои

    Ако обожававте да гледате „Очајни домаќинки“, тогаш оваа ТВ серија сигурно ќе ве освои

    Пристигнувањето на малку постуден период значи дека во наредните месеци ќе го поминеме слободното време во рамките на удобноста на сопствениот дом, што и не е толку лошо кога ќе ја земеме предвид одличната серија што едвај чекаме да ја гледаме. Списокот на одлични серии секој ден станува се подолг, а подолу издвоивме една што можеби особено ќе им се допадне на обожавателите на популарните „Очајни домаќинки“!rnrnМора да признаеме дека не познаваме личност која не уживаше во хумористичните, често напнати и прилично емотивни епизоди на „Очајни домаќинки“ – серија што им даде на пријателствата на жените сосема нова и поинаква димензија. Ние веруваме дека друга серија тешко дека ќе ја надмине популарноста на оваа омилена класика, но една нова серија многу лесно може да достигне приближна популарност.rnrnАко барате серија што ќе ве релаксира по напорниот работен ден, тогаш „Sweet Magnolias“ е нешто што дефинитивно треба да го погледнете. Серијата го прикажува пријателството помеѓу три жени кои се познаваат уште од средношколските денови, како и сите болки во животот на возрасните, од оние љубовните како и семејните драми. Се гледаме во фотелјата, со пуканки во рака!rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=TEgrH93KLgY&feature=emb_titlernrnМожеби ќе ве интересираат и кои се најдобрите модни ТВ серии на сите времиња.

  • „The Duchess“ е новата серија на Нетфликс која навистина ќе ве насмее

    „The Duchess“ е новата серија на Нетфликс која навистина ќе ве насмее

    Летниот период наjчесто е оној кога сите филмови и серии ги оставаме настрана за да уживаме во морето, сонцето и природната убавина. Како и да е, бидејќи веќе се приближуваме кон есента, време е да истражиме нови серии и филмови во кои ќе уживаме во дождливите есенски денови!rnrnНетфликс нуди нова серија наречена „The Duchess“ која е комедија и ја следи приказната за животот на една млада самохрана мајка од Лондон. Нејзиното име е Кетрин. Таа ја сака модата, нема среќа во врските и не успева да оствари посериозен контакт. Она што најмногу го сака е да обезбеди најдобар живот за својата ќерка. На патот наидува на многу животни ситуации и одлуки кои се претставени на хумористичен начин, па сигурно ќе ве насмее до солзи!rnrnДатум на објавување: 11 септември, 2020 годинаrnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=UVGxDAGFCNE&feature=emb_titlernrnПогледнете ги 5-те најдобри мини серии.

  • Додека ги чекате новите епизоди од „La Casa De Papel“ дружете се со омилените актери во хит серијата „Elite“

    Додека ги чекате новите епизоди од „La Casa De Papel“ дружете се со омилените актери во хит серијата „Elite“

    Сигурно сте забележале дека ТВ сериите веќе ги надминаа филмовите и сега се многу популарни на Нетфликс. Нетфликс е полн со одлични наслови кои нè одржуваат будни до последната епизода од сезоната, а во последно време шпанските серии се омилени, особено поради згодните актери, драмата и акцијата.rnrnПокрај серијата „La Casa De Papel“ или „Money Heist“, серијата „Elite“ исто така се здоби со голема популарност. Приказните на овие две ТВ серии не се поврзани, но единствената видлива сличност се неколку од актерите чии лица ги паметиме од „La Casa De Papel“, како што се омилените Рио и Денвер.rnrnДодека ги чекате новите епизоди од „Casa De Papel“ дружете се со омилените актери во хит серијата „Elite“rnrnОваа модерна серија започнува со тешко убиство чии околности се целосно нејасни, а за време на серијата ќе поминете низ скоро сите жанрови. Од мистерија и акција, до романтични сцени без кои шпанските серии се всушност незамисливи. Серијата е многу добро структурирана и во ниту еден момент нема да ви биде здодевно, бидејќи секоја епизода ја одржува интригата, а секој од протагонистите знае каде оди и што прави. Освен девојката по име Марина која се чувствува изгубено во животот. Но, кој и не е на 17 години?rnrnИако „Elite“ е тинејџерска серија, темата е многу сериозна и ги испреплетува критиките за општеството, социопатските личности и односот меѓу богатите и сиромашните. Проблемот на Надја да се биде единствената муслиманка во институтот, причината зошто Омар продава дрога и причината за неговиот став, вообразеноста на Гузман и неговата бунтовна сестра. Тука ќе застанеме со спојлерите и ќе оставиме на вас да откриете повеќе.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=QNwhAdrdwp0&feature=emb_titlernrnПрочитајте и кои се најдобрите „странски“ ТВ серии од 2019 година на Нетфликс, вклучувајќи ги „Dark“, „Money Heist“ и „Derry Girls“.

  • Најдобрите ТВ серии за патувања што можете да ги погледнете овие денови

    Најдобрите ТВ серии за патувања што можете да ги погледнете овие денови

    Иднината на патувањето е сè уште неизвесна, а плановите се менуваат од ден на ден. Најверојатно е дека во 2021 година ќе почнеме да планираме патувања надвор од границите на Македонија.rnrnНие сè уште можеме да фантазираме за патувања и да гледаме ТВ серии кои нè водат низ целиот свет на различни начини. Светски кујни и готвачи, животни од сите делови на планетата Земја, необични животи на различни луѓе – ова се теми во кои можете лесно да се заљубите. Овие ТВ серии ќе ве однесат во различни делови на светот, а ќе ги изгледате во еден здив.rn

    1. Street Food Asia

    rnПриказна за човек кој ја истражува најдобрата улична храна во Азија.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?time_continue=13&v=eI_LjETc_Ak&feature=emb_titlern

    2. Parts Unknown

    rnСерија за семејство на професионални борачи кои бараат нов начин за задоволување со крвопролевање.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=hF2V-5lBWoorn

    3. Planet Earth

    rnСерија од 11 епизоди за која биле потребни 5 години да се изработи. Оваа е најскапата документарна серија за природата.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=tiVNk6_0GdYrn

    4. Salt Fat Acid Heat

    rnОваа серија ја истражува суштината на готвењето и виталните состојки кои се кријат во срцето на одличната храна.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=2oKbs4jAf7Mrn

    5. Gaycation

    rnЕдна девојка и момче тргнуваат на патување за да го истражуваат животот на лезбејки, геј мажи, бисексуални, трансродни личности низ светот.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=RzsO3zh5Xnsrn

    6. Gordon Ramsay: Uncharted

    rnСлавниот готвач Гордон Рамзи оди на епска авантура низ целиот свет за да ја открие кујната на домородните луѓе.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=_xodf7-wSzwrn

    7. Our Planet

    rnОваа документарна серија се фокусира на разновидноста на живеалиштата ширум светот. Од арктичката пустина и мистериозните длабоки океани до огромните предели на Африка и џунглите во Јужна Америка.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=2CMgyfTXU_Ern

    8. Chef’s Table

    rnОваа серија патува низ животите и кујните на шестмина најпознати готвачи во светот. Секоја епизода се фокусира на еден готвач и нивниот живот и таленти во кујната.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=1pY6IvkQm2Qrn

    9. Midnight Diner: Tokyo Stories

    rnОваа серија раскажува за животите на луѓето во Јапонија кои се хранат во еден ресторант секој ден на полноќ.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=OwjoT9YFDugrn

    10. Tales by Light

    rnСерија која соединува фотографи од целиот свет со истражувањата од природниот свет.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=zmegZSlJX0MrnrnПогледнете и кои 17 серии ова лето се враќаат со нови сезони.

  • 17 серии кои ова лето се враќаат со нови сезони

    17 серии кои ова лето се враќаат со нови сезони

    Меѓу овие серии сигурно ќе ја пронајдете и вашата омилена чија сезона ја чекате со нетрпение. За многу серии ова ќе биде последна сезона, но секогаш можете да ги изгледате уште еднаш или да започнете со нова.rn

    1. „The Umbrella Academy“ („Академијата Чадор“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=0DAmWHxeoKwrnrnДатум на објавување на втората сезона: 31 јули, 2020 годинаrn

    2. „Ramy“ („Рами“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=DGyBTMe7afUrnrnДатум на објавување втората сезона: 29 мај, 2020 годинаrn

    3. „The Politician“ („Политичарот“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=6-kdBlzCG7wrnrnДатум на објавување на втората сезона: 19 јуни, 2020 годинаrn

    4. „The 100“ („Сто“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=ia1Fbg96vL0rnrnДатум на објавување на седмата сезона: 20 мај, 2020 годинаrn

    5. „Marvel’s Agents of S.H.I.E.L.D“ („Агентите од ШИЛД“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=z0q2WbXQWbwrnrnДатум на објавување на седмата сезона: 27 мај, 2020 годинаrn

    6. „Fuller House“ („Полна куќа“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=_n3MhMY7EgQrnrnДатум на објавување на шестата сезона: 2 јуни, 2020 годинаrn

    7. „Cable Girls/Las Chicas del Cable“ („Девојките со кабелот“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=e_lBUTT4e7krnrnДатум на објавување на шестата сезона: 20 јули, 2020 годинаrn

    8. „13 Reasons Why“ („13 причини зошто“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=poUq9ypynKsrnrnДатум на објавување на четвртата сезона: 5 јуни, 2020 годинаrn

    9. „Dirty John: The Betty Broderick Story“ („Валканиот Џон: Приказната за Бети Бродрик“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=XINoOPFWQjsrnrnДатум на објавување на втората сезона: 5 јуни, 2020 годинаrn

    10. „The Bold Type“ („Задебелени букви“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=q9Evo8pJTV0rnrnДатум на објавување на петата сезона: 11 јуни, 2020 годинаrn

    11. „The Twilight Zone“ („Зона на самракот“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=29_gA_GDGvErnrnДатум на објавување на втората сезона: 25 јуни, 2020 годинаrn

    12. „Homecoming“ („Враќање дома“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=9WJSdpE-sJQrnrnДатум на објавување на втората сезона: 22 маj, 2020 годинаrn

    13. „Search Party“ („Во потрага“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=MhAwUeNYqd4rnrnДатум на објавување на третата сезона: 25 јуни, 2020 годинаrn

    14. „The Chi“ („Чи“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=22if69BjkPIrnrnДатум на објавување на третата сезона: 21 јуни, 2020 годинаrn

    15. „Black Monday“ („Црн понеделник“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=o2yEnwgvstsrnrnДатум на објавување нa втората сезона: 28 јуни, 2020 година Hannarn

    16. „Hanna“ („Хана“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=u73CLdHpbNkrnrnДатум на објавување нa втората сезона: 3 јули, 2020 година Hannarn

    17. „Doom Patrol“ („Несреќна патрола“)

    rnhttps://www.youtube.com/watch?v=_qVIz2hqmi0rnrnДатум на објавување на втората сезона: 25 јуни, 2020 годинаrnrnПогледнете ги 5-те најдобри мини серии.

  • Серии во кои можете да уживате додека сте во изолација

    Серии во кои можете да уживате додека сте во изолација

    Изгледавте сè на Нетфликс, телевизиските програми не ви се допаѓаат и изгледавте многу култни наслови од списокот со серии и филмови што мора да ги гледате? А, што е со некои од долгите серии што сега можете да ги гледате без никакво каење? Ако овој период барате утеха во филмовите, во сериите и во забавните емисии, тоа е сосема во ред. Овие серии не само што ќе ви предизвикаат чувство на носталгија затоа што ќе ве потсетат на детството и на моментите кога животот беше нормален, туку во моментов може да имаат навистина позитивен ефект врз вашето расположение.rn

    1. „Симпсонови“ („The Simpsons“)

    rnhttps://youtu.be/SR8WWFzrZAgrn

    2. „Вовед во анатомија“ („Grey’s Anatomy“)

    rnhttps://youtu.be/q1pcpgREQ5crn

    3. „Девојките Гилмор“ („Gilmore Girls“)

    rnhttps://youtu.be/fr9NyhPJ2Pkrn

    4. „Паркови и рекреација“ („Parks and Recreation“)

    rnhttps://youtu.be/9djCOPHOvOwrn

    5. „Девојки“ („Girls“)

    rnhttps://youtu.be/k4tY-2PTFPgrn

    6. „Туѓинец“ („Outlander“)

    rnhttps://youtu.be/PFFKjptRr7Yrn

    7. „Два метри под земја“ („Six Feet Under“)

    rnhttps://youtu.be/VT6Fq1ENb8srn

    8. „Повикај го мојот агент“ („Call my Agent!“)

    rnhttps://youtu.be/zXu3gOi8HxIrnrnПогледнете ги и 5-те најдобри мини серии за кои нема да поверувате што всушност сте изгледале.

  • 5-те најдобри мини серии: Нема да поверувате што всушност сте изгледале!

    5-те најдобри мини серии: Нема да поверувате што всушност сте изгледале!

    Останавте без идеја што да гледате за време на изолацијата?rnrn5-те најдобри мини серии: Нема да поверувате што всушност сте изгледале!rnrnВи ги предлагаме 5-те најдобри мини серии, што го заслужуваат вашето целосно внимание! Секоја од нив има само по неколку епизоди, но тоа е доволно за да остави силен впечаток и никогаш да не ги заборавите!rn

    1. „Изгубената соба“ („The Lost Room“, 2006 год.)

    rnhttps://youtu.be/pB-1h1F6vrIrnrnОваа мини-серија има само 3 епизоди, но никогаш нема да ја заборавите! Џо Милер е обичен детектив, кој случајно доаѓа до клучот од собата број 10 во хотелот „Sunshine“. Но, клучот не ја отвора вратата. Детективот треба да ја реши мистеријата поврзана со оваа соба затоа што приказната се движи во целосно шокантна насока…rn

    2. „Худини“ („Houdini“, 2014 год.)

    rnhttps://youtu.be/sC5B93_wHMcrnrnКратката серија (од вкупно само 2 епизоди) која ја раскажува приказната за славниот волшебник Хари Худини. Неверојатните трикови на илузионистот сè уште не се доволни за да се разоткрие еден од најневеројатните луѓе во светот.rn

    3. „Чернобил“ („Chernobyl“, 2019 год.)

    rnhttps://youtu.be/s9APLXM9Ei8rnrn5-те епизоди од серијата ја покажуваат вистината за страшната трагедија што го погоди Чернобил. Погледнете ја реконструкцијата на трагичните настани и обидите да се неутрализираат грозните последици од големата нуклеарна катастрофа.rn

    4. „Патрик Мелороуз“ („Patrick Melrose“, 2018 год.)

    rnhttps://youtu.be/PfKXeUOj6P0rnrnПатрик страда од бројни зависности од кои сака да се ослободи засекогаш. Во тие обиди тој открива дека причината за неговите психози лежи во детството. Преку 5 неверојатни епизоди оваа серија сериозно ја зголемува свеста за темите за кои сите треба да размислиме!rn

    5. Олив Китериџ („Olive Kitteridge“, 2014 година

    rnhttps://youtu.be/3S1CepUaGMIrnrnСекое семејство има тајна. Преку 4 неверојатно возбудливи епизоди, оваа серија открива што може да се случи во едно семејство во текот на 2 децении.rnrnМожеби сакате да прочитате и за оваа ТВ серија „Зора“ („Daybreak“).

  • Серии што можете да ги гледате за време на викендот

    Серии што можете да ги гледате за време на викендот

    Ако сте една од оние личности што обожаваат да ги поминуваат зимските ноќи гледајќи серии, овој список со предлози е идеален за вас. Погледнете ги овие неколку забавни нови наслови што вреди да се погледнат, како и постари наслови што веќе ја освоија публиката.rn

    1. Катерина Велика („Catherine the Great“)

    rnhttps://youtu.be/D-ZH_JW_VHgrnrnОваа серија се занимава со политичките и со сексуалните интриги во дворот на една од најмоќните владетелки во историјата. Катерина (Хелен Мирен) имала врховна власт во Русија во 18 век и тоа речиси половина век и таа била решителна, независна, брилијантно интелигентна и сексуално слободна личност – дефиниција за модерна жена. Серијата ја следи Катерина до крајот на нејзиното владеење преку страсната афера со рускиот воен командант, Григориј Потемкин (Џејсон Кларк). Меѓу сите скандали, интриги и конфликти, ова е приказна за опсесивната љубов. Не можејќи да стапат во брак, тие развиле уникатна и блиска врска, поразувајќи ги непријателите и формирајќи ја Русија таква каква што ја знаете денес.rn

    2. Божиќна приказна („A Christmas Carol“)

    rnhttps://youtu.be/A04KWFvMa30rnrnСеријата е снимена според истоимениот роман на Чарлс Дикенс и ја претставува добро познатата приказна за огорчениот Ебенезер Скруџ кој ги презира празниците. На Бадник го посетуваат три духови кои ќе му ги покажат минатото, сегашноста и иднината. Главната улога му е доверена на Гај Пирс, а во серијата глуми и Том Харди, кој истовремено е еден од извршните продуценти.rn

    3. „Потомци“ („Legacies“)

    rnhttps://youtu.be/xHHM5VTATJornrnДејството се случува во училиштето за млади и талентирани „Салваторе“ и ја следи следната генерација натприродни суштества додека учат што значи да се биде посебен во свет што некои никогаш не би го разбрале. Тоа е класично училиште за вампири, врколаци и вештерки, така што децата и нивниот сакан директор, Аларик Салцман, остануваат зачудени кога ќе мора да се соочат со чудовиштата и со суштествата за кои слушнале само во митовите и во легендите. Злото кое се крие во воскреснатите, некогаш измислени суштества е страшно поврзано со најновиот ученик во училиштето, Ландон Кирби. Тој ќе ја натера својата прва и единствена љубов, Хоуп Мајклсон, омилената девојка во училиштето, да го жртвува своето место во училиштето и во светот за да го спаси Ландон од страшната судбина. Новата сезона го прикажува светот без Хоуп Мајклсон и хаосот што следува со тоа. Во меѓувреме, Хоуп ќе се обидува да се врати во училиштето, кое за неа претставува дом, како и кај пријателите што ги сака како свое семејство.rn

    4. „Еуфорија“ („Euphoria“)

    rnhttps://youtu.be/cajLoaFl2ZornrnКонтроверзна серија полна со експлицитни содржини во кои е отсликан животот на тинејџерите. Совет за младите родители: Не гледајте ако не сте подготвени да дознаете со што сè можат да се соочат денешните средношколци. Оваа серија дефинитивно ќе ве натера да им се заблагодарите на вашите старомодни и мирни детски и тинејџерски денови. Серијата предизвика бурни реакции во Америка, но сепак, публиката бара уште едизоди, па сценаристите подготвуваат втора сезона.rnrn„Еуфорија“ е драма за растењето што искрено и со емпатија го истражува светот на тинејџерите, нивните забави исполнети со дрога и нивните секојдневни животи исполнети со вознемиреност. Серијата ја следи 17-годишната Ру Бенет (Зендаја), зависничка која неодамна излегла од рехабилитација и се обидува да најде смисла во нејзиниот живот. Нејзиниот живот драматично се менува кога ќе се сретне со Џулс Вон, трансродова девојка која неодамна се преселила во градот, по разводот на нејзините родите. Исто како Ру, и Џулс се обидува да го најде своето место во светот. Дел од општеството на Ру е составено од нејзините соученици кои имаат проблеми со агресијата и тешко се навикнуваат на колеџот по средното училиште, личности со секс-скандали од минатото, тинејџерки што сакаат да ја истражуваат својата сексуалност итн.rnrnПогледнете кои се најгледаните ТВ серии на Нетфликс во изминатиот период.

  • Најдобрите „странски“ ТВ серии од 2019 година на Нетфликс, вклучувајќи ги „Dark“, „Money Heist“ и „Derry Girls“

    Најдобрите „странски“ ТВ серии од 2019 година на Нетфликс, вклучувајќи ги „Dark“, „Money Heist“ и „Derry Girls“

    Живееме во ерата на дигиталниот свет и секоја содржина може да биде достапна и пренесувана од секој дел на светот директно во нашиот дом – без територијални граници. Имате многу опции, но не можете да одлучите што да гледате?rnrnНајдобрите странски ТВ серии од 2019 година, вклучувајќи ги „Dark“, „Money Heist“ и „Derry Girls“rnrnНие сакавме да ви помогнеме, па затоа решивме да ги споделиме најдобрите ТВ серии од 2019 снимени во различни земји на различни јазици. Уживајте!rn

    1. „Темно“ (Dark)

    rnОва е германска, но маестрално снимена серија која полека и внимателно го истражува лавиринтот на тајните во еден град. Исто така е полна со интересни идеи за науката и прашања за судбината. Сепак, многу гледачи ќе треба да паузираат на секои 10 минути за да сфатат кој што направил и кога.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=rrwycJ08PSArn

    2. „Куќа од хартија“ (La Casa de Papel/Money Heist)

    rnОваа одлична шпанска серија навистина вреди. Мистериозен лик наречен „Професор“ подготвува нешто уникатно – планира да го изврши најголемиот грабеж во историјата. Неверојатна серија во која „лошите ликови“ ќе ви станат омилени.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=hMANIarjT50rn

    3. „Свети игри“ (Sacred Games)

    rnВо оваа серија коцката меѓу животот и смртта се сведува на обична расправија. Чесен полицаец ќе се сретне со газдата на банда која e во бегство, чие таинствено предупредување ќе го поттикне да го спаси Мумбај од катаклизма.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=RWpuZXhCEkQrn

    4. „Една пролетна ноќ“ (One Spring Night)

    rnОваа корејска драма можеби е најчувствителната романтична драма што ќе ја гледате. Станува збор за девојка и момче кои се вљубуваат како никогаш досега. Оваа серија ви ветува емоции како и самосвесен пристап кон љубовта и дружењето.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=vGFu49VSoUQrn

    5. „Девојките од Дери“ (Derry Girls)

    rnОва е приказна за пет тинејџерки кои растат во Ирска во 90-тите. Како што сугерира насловот, приказната се врти околу девојчињата од ирското гратче Дери. Тие имаат еден пријател, кој постојано е напаѓан од другите, а што ќе се случи со него оставаме сами да откриете. Во серијата можете да го видите и влијанието на родителите врз одлуките на овие тинејџери.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=UFmFuXH0IRYrn

    6. „Дух“ (Jinn)

    rnУникатна серија со натприродни и хорор елементи кои во комбинација со приказната и сложените ликови ќе ве воодушеви. Оваа серија ги следи ликовите на нивното патување низ Петра – дом на антички демони и натприродни феномени, каде што тие случајно повикуваат дух, кој се заканува да го уништи светот.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=ZoR7D0Y-6j4rn

    7. „Злосторство“ (Criminal)

    rnИнтелигентна и прецизно дизајнирана серија што го редефинира терминот „истрага“. Што се однесува до географијата, станува збор за антологиска серија од 12 епизоди поделена во четири земји – Велика Британија, Франција, Германија и Шпанија.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=aI_ibw8XH4krn

    8. „Злосторство во Делхи“ (Delhi Crime)

    rn„Злосторство во Делхи“ не е само вистинска приказна за силување, туку е и сведоштво за проблемите со кои се соочуваат жените во Индија. Вознемирувачка серија во која не можете да предвидите што ќе се случи, но ќе ве уништи со огледалната слика на реалноста.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=jNuKwlKJx2Ern

    9. Елита“ (Elite)

    rnШпанска серија која раскажува за животите на ученици од едно елитно средно училиште. Изгледа како многу тинејџерска мелодрама, но мистеријата за едно убиство во училиштето, ќе ве натера да ја изгледате до крај.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=QNwhAdrdwp0rn

    10. „Тихуана“ (Tijuana)

    rnМексиканска серија која ќе нѐ запознае со опасната игра на моќ, политика, криминал и пари која постои во Мексико. Станува збор за новинари во Тихуана – најлошото место во светот да се биде новинар. Погледнете ја серијата за да откриете зошто е тоа така.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Y3ghrsJ2PokrnrnПрочитајте кои се моментално најгледаните ТВ серии на Нетфликс.

  • Ова се моментално најгледаните ТВ серии на Нетфликс

    Ова се моментално најгледаните ТВ серии на Нетфликс

    Моментално ова се едни од петте најгледани сериски филмови на Нетфликс. Прочитајте во продолжение за кои ТВ серии се работи.rnrnМоментално најгледаните филмови на Нетфликсrn

    1. „When they see us“ („Кога ќе нè видат“)

    rnhttps://youtu.be/u3F9n_smGWYrnrnСерија базирана на вистинска приказна за петмина тинејџери (Central Park Five) кои се обвинети и осудени за силување што не го сториле. Освен што освои награда „Еми“, оваа серија е една од најдобрите серии во 2019 година и дефинитивно не треба да ја пропуштите.rn

    2. „Collateral“ („Колатерално“)

    rnrnrnСите оние кои бараат квалитетен политички трилер треба да ја погледнат оваа серија што ја следи приказната на одличната Кери Мoлигeн и нејзината истрага за убиството на доставувачот на пица. Оваа истрага ја вовлекува Кери во заговор во кој учествуваат дилери, шверцери и шпиони.rn

    3. „Новине“ („Весникот“)

    rnrnrnОва е единствената (засега) достапна хрватска серија на Нетфликс. Приказната ја следи редакцијата на единствениот самостоен дневен весник, чии уредници и новинари се соочуваат со најлошиот професионален предизвик – доаѓањето на нов сопственик – тајкунска „суровина“ што добро „стои“ со власта и на кој не му е приоритет независното новинарство.rn

    4. „The good place“ („Добро место“)

    rnrnrnПоради грешка, вљубената во себе Елеонор Шелстроп, доаѓа во „Добро место“ по нејзината смрт. Решена да остане, таа се стреми да стане подобра личност. Во филмот ќе го видите добро „воиграниот“ актерски тандем Тед Денсон и Кристен Бел, чии комичарски кариери се едни од најсмешните во изминатата деценија, а зад нив се и другите членови од актерската екипа, особено Д’Арси Карне и Мани Џакинто.rn

    5. „Unbelievable“ („Неверојатно“)

    rnrnrnСамата акција, која е базирана на наградениот со „Пулицер“ текст за следењето на случајот од реалниот живот наречен „Неверојатната приказна за силување“, напишана од Кристијан Милер и Кен Амстронг, започнува со повеќечасовното силување на Мери Адлер (ја глуми Кејтлин Довер). Тоа е вистинската приказна за Мери, тинејџерка обвинета за лажење дека била силувана и две детективки кои ја следат нејзината приказна за да дојдат до вистината.rnrnВи треба предлог за уште некоја серија? Прочитајте ја и нашата рецензија за „Зора“ (Daybreak).