ТВ серија: Смрт и славејчиња (Death and Nightingales)

Сподели

Епска приказна за љубов, измама и одмазда, сместена во ирско село во 1885 година.

rnГлавни улоги: Метју Рис, Ен Скели, Џејми Дорнан

Реклама

Жанр: драма

Креатор: Џонатан Кавендиш

Премиера: 28 ноември 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: [ratings]

 

https://www.youtube.com/watch?v=SLR8tFfT9NY

Базирана на модерниот Ирски класик од Јуџин МекКејб, оваа ТВ серија е бурна приказна за љубовта, предавството, измамата и одмаздата, сместена во прекрасното село Ферманаг, во 1885 година. Ова е место каде што соседите се набљудуваат помеѓу себе и се информираат за сите настани, место на шпионирање, признавање и заговарање, каде што секоја трага на убавина може да биде уништена со заплашување и неволји. Вие ги знаете сите, но не можете никому да верувате, бидејќи не можете ни да претпоставите кој го остри ножот зад вашиот грб.

Дејството се одвива во период од 24 часа, на 25-от роденден на Бет Винтерс – денот кога таа ќе реши да му се придржи на шармантниот Лијам Ворд и да избега од нејзиниот ограничен живот, и од тешката и комплексна врска со нејзиниот очув, протестантскиот сопственик на земјиштето, Били. Оваа серија е климаксот на декади поминати во болка – моќна и впечатлива драма што следи жена во обид да ја контролира својата судбина и да ги надмине сите потешкотии што ги уништуваат и фамилиите, и нациите.

Популарно

Може ќе ве интересира