Октомври е еден од најголемите месеци кога станува збор за премиери на нови ТВ серии. Истото нè очекува и оваа година. Па додека ги чекате големите наслови како Почетник (Rookie) и обновувањето на Волшебнички (Charmed), занимавајте се со овие 3 нови ТВ серии кои излегоа пред само неколку дена…rn
1. Среќни заедно (Happy Together) – комедија
rn
rnrnЏејк, сметководител, и неговата сопруга Клер, дизајнер на ресторани и барови, уживаат во својот брак. Нивната скоро монотона секојдневна рутина е нешто што и на двајцата им се допаѓа и тие воопшто не сакаат да излезат од оваа удобна зона. Но, нештата целосно ќе се сменат откако еден од клиентите на Џејк, суперѕвездата Купер Џејмс, ќе дојде на нивната врата и ќе бара засолниште од папараца по раскинувањето со неговата девојка. Џејк и Клер брзо ќе дознаат дека не можат да продолжат со својот удобен животен стил и животот целосно ќе им се промени на сите тројца.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=rHuooiY_Azwrnrn
2. Во темнината (Into The Dark) – хорор
rn
rnrnСтанува збор за сосема нова хорор ТВ серија со натприродна тематика. Оваа серија ќе вклучува по една епизода што ќе биде објавена за време на првиот петок од месецот, и ќе трае во текот на целата година. Секоја од овие епизоди е инспирирана од празник за време на месецот на објава и сите ќе бидат во форма на трилери.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=Ba0NqqVhjZwrnrn
3. Елита (Elite) – криминал
rn
rnrnПоследниот предлог на оваа листа ни доаѓа од Шпанија. Лас Енсинас е најексклузивното училиште во целата држава, каде што елитните семејства ги испраќаат своите деца. Но, откако земјотресот ќе уништи едно друго училиште, три тинејџери од работната класа ќе бидат префрлени таму – започнувајќи војна меѓу оние што имаат сè и оние што немаат ништо. Оваа војна ќе доведе дури и до убиство. Но, кој е виновникот?rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=QNwhAdrdwp0