КАФЕ ПАУЗА

Category: Лав

  • Не е лесно да се живее со жената родена во овој знак, но вреди да се борите за нејзината љубов!

    Не е лесно да се живее со жената родена во овој знак, но вреди да се борите за нејзината љубов!

    Жената родена во овој хороскопски знак знае дека во животот најважна е искреноста. Таа е темпераментна, заводлива и бунтовна. Станува збор за жената Лавица. Само луѓето со големо срце можат да ги освојат припадничките на овој знак. Иако е огнена и жестока, Лавицата секогаш се сомнева во тоа дека некој би можел вистински да ја сака и затоа понекогаш делува премногу заштитчнички настроена.rnrnНе е лесно да се живее со жената родена во овој знак, но вреди да се борите за нејзината љубов!rnrnЌе има периоди кога таа ќе добие потреба слободно да се движи низ светот и без никакво објаснување ќе тргне на својот пат. Ќе го впива животот со сите нејзини сетила, бидејќи само така може да разбере како функционираат работите. Во моментот кога ќе помислите дека ве заборавила, нејзиното срце ќе ве замоли да бидете трпеливи, бидејќи таа ќе ви се врати веднаш штом добие прилика. Нејзе ѝ треба таа слобода за да ја нахрани креативноста и сите искуства ќе ви ги пренесе и вам. Таа нема да се обидува да ве смени, туку ќе ве прифати такви какви што сте, а истото ќе го очекува и од вас.rnrnПред да ви го подари целото нејзино внимание, таа мора да стекне доверба. Ќе чека да ѝ се отворите и да ѝ го покажете вашето срце. Почитувајте ја и неа и себеси. Понекогаш Лавицата знае да биде нетрпелива и многу ранлива. Бидете тука за неа во тие моменти. Помогнете ѝ да застане на две нозе по доживеаниот пад. На Лавиците најтешко им е да ја покажат нивната ранливост, така што ако добиете можност да ги видите во такво светло, никако немојте да го злоупотребите тоа. Таа секогаш ќе ви биде благодарна што сте биле тука за неа и ќе знае како да ви возврати. Дајте ѝ поддршка и дозволете ѝ полека да созрева.rnrnНе е лесно да се живее со жената родена во овој знак, но вреди да се борите за нејзината љубов!rnrnЌе чуете многу предрасуди за Лавицата која ви „фатила“ око. Ќе ви кажат дека таа обожава да биде во центарот на внимание и дека трага по богатство и накит. Ќе ви кажат дека егото владее со нејзиното срце и дека таа е горделива мачка која не прифаќа никаква критика ниту совет. Во сето ова има ронка вистина, но верувајте дека ако ве засака, таа нема да се срами да ви го покаже тоа пред целиот свет. Таа нема да копнее по замок на морскиот брег, туку по колиба во шума каде што ќе можете да седите покрај река и да разговарате со часови, изолирани од целата цивилизација. Лавовите знаат дека вистинското животно богатство лежи во скромните моменти на смеа и меѓусебно разбирање.rnrnТаа ќе се чувствува како кралица ако ѝ подарите цвеќиња и ако ја одведете на широка полјана за да ги набљудувате ѕвездите заедно. Вистина е дека Лавицата е полна со гордост, но немојте тоа го измешате со ароганција. Припадничките на овој знак знаат да ги ценат малите нешта и да уживаат во животот. Сѐ што прават, прават од срце, бидејќи тие сакаат да ја одржат хармонијата во врската и да ви ја покажат љубовта. Но, никогаш немојте да престанете да ги освојувате, бидејќи нивната љубов може да згасне доколку се почувствуваат несакано.rnrnЛавицата е тврдоглава, но љубезна, а нејзиното сочувствување допира и до најскриените катчиња на Земјата. Нејзиното срце крие сѐ: Радост и тага, смеа и солзи. Можеби ќе посакате да ги замотате рацете околу неа и никогаш да не ја пуштите, но нејзе ѝ треба слобода и време за себе.rnrnЗа да можете вистински да ја сакате Лавицата, мора прво да се сакате себе. Просторот во вашата врска нека биде како море чии бранови ќе ви помогнат да го чуете гласот на нејзиното срце.

  • 10 причини зошто Лавот е вашиот најдобар пријател

    10 причини зошто Лавот е вашиот најдобар пријател

    Доколку сѐ уште немате пријател во знакот Лав, тогаш време е да пронајдете. Тие се силни, горди личности, а се и најдобри пријатели. Лавот е пријател којшто ќе ве охрабри кога ви е тешко, ќе ве покани да излезете, ќе ви помогне да флертувате и многу други работи. Лавовите се топли, енергични и возбудливи луѓе. Тие сакат да се дружат, а и покрај тоа што природно се егоцентрични, пријателството со Лавот е врска што ќе трае со години. Погледнете кои се причините поради кои вреди да го имате Лавот покрај себе.rnrn10 причини зошто Лавот е вашиот најдобар пријателrn

    1. Со нив никогаш нема да ви е здодевно

    rnТие кажуваат шеги и знаат да се забавуваат. Со еден збор, тие се социјални луѓе и може да се справуваат со секој. Ако сте пријател со Лав, сигурно веќе знаете дека во нивно друштво никогаш не ви е досадно и дека честопати тие умеат да ве насмеат, дури и кога не ви е до смеење.rn

    2. Тие ја искажуваат љубовта преку подароци

    rnЛавот го сака она што го сака и ја споделува таа љубов со пријателите. Лавовите обожаваат да ја покажуваат љубовта преку подарување. Сакаат нивните пријатели да знаат колку тие се грижат за нив, па честопати љубовта ја изразуваат во форма на убаво завиткан подарок. Колку повеќе се дружите со нив, ќе сфатите дека тие постојано ќе ви покажуваат колку им значите, на каков било начин.rn

    3. Може да уживаат и во мрзливоста

    rnИако Лавовите се познати како знак кој постојано сака да е во центарот на вниманието, сепак и тие се изморуваат. Лавот е знак којшто најмногу спие, па затоа неретко од нив можете да слушнете дека се мрзеливи и дека сакаат да останат дома, гледајќи некој филм. Па, доколку некогаш сакате да поминете еден мрзлив и опуштен ден, побарајте го Лавот.rn

    4. Секогаш ќе ве штитат

    rnНикој нема таков гнев како Лавот чијшто пријател е во опасност. Тој е доверлива личност, па без разлика на сѐ, секогаш ќе стои зад вас. Ако некој му се спротивстави на некој близок член од семејството или пријателите, Лавот ќе им се спротивстави во секое време. Тие личните односи ги сфаќаат сериозно, па затоа се обврзуваат на секаква заштита.rn

    5. Ви помагаат да излезете од зоната на удобност

    rnСпонтаноста е главна особина на секој Лав. Тие сакаат да истражуваат, но што е најважно, сакаат да истражуваат со вас. Не сакаат да бидат сами, туку го сакаат друштвото на пријателите, особено кога влегуваат во непознати авантури. Доколку честопати не сте сигурни дали треба да направите нешто, Лавот со сигурност ќе ве охрабри во тоа.rnrn10 причини зошто Лавот е вашиот најдобар пријателrn

    6. На убав начин ќе ви ги кажат работите онакви какви што се

    rnЛавовите се премногу искрени личности. Ако не се согласуваат со нешто што го правите, тие со сигурност ќе ви го кажат тоа. Тоа не е затоа што тие сакаат да ве повредат, напротив, затоа што се грижат за вас. Понекогаш може да делуваат грубо и непријатно, но тоа е затоа што ви го посакуваат најдоброто. Тие го признаваат проблемот и прават сѐ што е во нивна моќ за да ви помогнат.rn

    7. Умеат да ве расположат

    rnЛавовите не сакаат да ги гледаат оние околу нив нерасположени. Тие сакаат сите да се забавуваат, па затоа ќе направат сѐ што е во нивна моќ за да ве насмеат. Покрај другото, тие се и флертувачи. Го користат својот шарм и смисла за хумор за да го добијат оној кој го сакаат, а во тоа им помагаат и на нивните пријатели.rn

    8. Со нив ќе поминете прекрасно време

    rnДоколку сте на забава со Лав, бидете сигурни дека нема да ви биде досадно. Бидејќи тие се социјални личности, ќе ве запознаат со сите нивни пријатели и никогаш нема да сакате да си заминете. Ако некогаш отидете надвор од градот со Лав, очекувајте долга ноќ помината со смеење и незаборавни моменти. И секако, еден куп селфи фотографии!rn

    9. Ќе научите да бидете толерантни и трпеливи (на потежок начин)

    rnДа бидеме искрени, доколку сте пријател со Лав, има голема шанса тие многу да зборуваат за себе. Токму затоа и брзо ќе научите како да бидете толерантни кон другите луѓе. По спријателувањето со Лавот ќе сфатите дека трпението понекогаш е клучна работа за да добиете нешто.rn

    10. Тие ве ценат вистински

    rnЛавовите умеат да сакаат вистински. Не само тоа што умеат да ве сакаат, туку и вистински ве ценат. Тие сакаат да слушнат сѐ за вас, за вашата животна приказна, соништата, вашите страсти и што ве прави среќни. Откако ќе се спријателите со Лав, вие имате пријател засекогаш. Знаејќи дека Лавовите се тврдоглави, нивната тврдоглавост се манифестира и во желба да се задржат пријателите во близина.rnrnЛавовите не судат, туку сакаат, а што е подобро од ова?

  • Само искрено срце може да ја сака жената родена во овој хороскопски знак

    Само искрено срце може да ја сака жената родена во овој хороскопски знак

    Само човек со искрено и посветено срце може да ја сака жената родена во овој хороскопски знак. Жената родена во знакот на Лав секогаш се развива и се трансформира себеси во чекор со промените во светот. Таа знае дека животот е вреден за живеење и оти тој мора да биде изграден на цврсти темели на вистината. Затоа да се сака Лавица значи дека отчукувањата на срцето во вашите гради мора да бидат силни и искрени.rnrn(1) Само искрено срце може да ја сака жената родена во овој хороскопски знакrnrnИако секогаш изгледа храбро и самоуверено, во нејзиното срце има голем сомнеж околу тоа дали може да биде целосно сакана и затоа е подготвена да „покаже заби“ доколку премногу се доближите до местото каде што го крие тој страв. Тоа значи и тест за човекот кој сака да ѝ доближи вистински. Да се сака жената Лав значи да ѝ се биде целосно посветен, а најмногу треба да ја сакате и негувате нејзината ранлива страна. Мора да бидете подготвени дека ќе има моменти кога ќе биде обземена од потребата за трка низ џунглата (низ светот) и таа без никакво објаснување ќе замине. rnrnТаму ќе го впива животот низ сите нејзини сетила, така ќе научи како вистински функционира реалноста околу неа. Оној момент кога ќе помислите дека сте заборавени, нејзиното срце ќе ве замоли да бидете трпеливи, затоа што жената Лав ќе ви се врати, задишана, со срце кое силно бие во нејзините гради и безброј приказни кои ѝ се случиле на патот од нејзината авантура.rnrn(2) Само искрено срце може да ја сака жената родена во овој хороскопски знакrnrnЛавицата има потреба од слобода за да ја нахрани својата креативност. Таа ќе ве натера да ги видите сите убавини на животот во кои таа знае да ужива. Едноставно сака бидете тоа што сте, ништо повеќе и ништо помалку. Да се сака жена Лав значи да бидете подготвени да ѝ пружите заштита кога таа ѝ е потребна, но и кога нема никакви опасности, оваа жена сака да знае дека може да се надева на вашата закрила во секое време. rnrnТоа за неа значи дека вистински сте ѝ посветени и оти ја сакате со сето срце. Нејзиниот ум е вистинско богатство на мудрости, од неа можат да се научат прекрасни работи за животот. Доколку сакате да добиете почит од жената Лав, прво мора да научите сами да си се почитувате. Таа со текот на годините станува сè помудра и поотворена кон другите луѓе. Но, искуството истовремено ќе ја научи да владее со себе.rnrn(4) Само искрено срце може да ја сака жената родена во овој хороскопски знакrnrnНемојте да се изненадите доколку некогаш падне и се скрши пред вас, доколку солзите ѝ навираат како река од очите, а сите емоции кои ги криела во себе избијат како жешка лава од вулкан. Тогаш бидете покрај неа, помогнете ѝ да ги собере распрсканите делчиња од неа, потрудете се да ја врати насмевката на нејзиното лице. Токму тоа ја карактеризира Лавицата. Тоа се ретки моменти на слабост, но кога ќе надојдат се незапирливи. Таа ќе ви биде вечно благодарна за вашата посветеност и искрена љубов. rnrnНе брзајте со донесувањето одлуки за неа, зад цврстиот оклоп се крие мека и ранлива душа. Дајте ѝ време да ги забележи вашите искрени намери и ќе добиете неизмерна љубов и внимание за возврат. Точно е дека Лавицата сака да биде во центарот на вниманието и да има на себе облека и модни додатоци кои светкаат и лесно паѓаат во очи. Но, таа во никој случај не е површна, а под блескавата наметка се крие личност која многу вложува во себе и во својата личност. Нејзиното срце владее со сè, а таа ќе го покажува тоа без ни малку скромност, затоа што зад нејзината моќ стои големо искуство и многу труд. Лавицата не мечтае за дворец на ридот, туку за мала колиба во шумата, создавајќи си простор покрај некоја мирна река, каде што може да ги слуша лекциите кои доаѓаат од сите четири страни на светот.rnrn(3) Само искрено срце може да ја сака жената родена во овој хороскопски знакrnrnТаа е тврдоглава, но истовремено и љубезна. Таа во себе ги носи и радоста и тагата, како и насмевките и солзите. Иако изгледа горделиво, Лавицата без никаков проблем ќе се наведне и ќе ја допре земјата со своето чело во знак на обожување, благодарност и молитва. Лавицата сè што прави го прави со сето срце. Таа едноставно сака секаде да владее хармонија, како во нејзината душа, така и кај сите луѓе, токму затоа таа е кралица на џунглата.rnrnЖената Лав се сака со целосно посветени срце и душа. Само така ќе можете да го освоите нејзиното ранливо срце, кое умешно го крие зад златните оклопи. Лавицата ќе биде ваша љубовница, пријателка, учителка, водилка…

  • Горди, страсни, театрални: Откријте сè за Лавиците

    Горди, страсни, театрални: Откријте сè за Лавиците

    Великодушна, театрална, привлечна, горда, страсна, тврдоглава, упорна, љубезна, посветена, заиграна, темпераментна, полна со живот – тоа е жената родена во знакот на Лав. Лесно ќе ја забележите, бидејќи секогаш се издвојува од толпата – таа се смее најгласно, има најубава насмевка, а нејзината самоувереност блеска на сите страни. Со овој хороскопски знак владее Сонцето, центарот на универзумот, и во склад со тоа, овие жени сакаат да бидат во центарот на вниманието што ѝ оди од рака.rnrn(1) Горди, страсни, театрални: Откријте сè за ЛавицитеrnrnЖената Лав има темпераментен карактер и врела крв. Кога е потребно таа без размислување ги покажува своите канџи и се брани, а кога е лута најлесно може да ја смири комплимент или внимателно одбран подарок. Таа има авантуристички и силен дух, поради што сака да победува, а благодарение на нејзината интелигенција, досетливост и креативност, нејзиниот живот е исполнет со многу победи.rn

    Секс и врски

    rnЖената Лав сака покрај себе да има партнер кој го красат независност и силен карактер. Таа нема потреба од некој да се грижи за неа, туку бара маж кој е доволно сигурен во себе и кој ќе ѝ дозволи покрај него да заблеска во сета своја убавина и сила. Во врската сака да има многу забава и динамика – не поднесува рутина и постојано смислува начини како да смени нешто во своето секојдневие и да го направи подраматично. Сексот ѝ е многу важен и тоа е најдобар начин партнерот да ѝ покаже колку е посакувана. Сака секси долна облека, како и тоа да ја преземе главната улога во спалната. За неа не постојат табу теми во сексот, сака да проба сè, а еднакво ѝ се важни нејзиното и задоволството на нејзиниот партнер. Деловите од телото со кои владее овој хороскопски знак се ‘рбетот, грбот и срцето, поради што, може лесно да биде заведена доколку почувствува нежно, сензуално милување по грбот. Во љубовта најдобро се сложува со Близнаци, Стрелци и Ваги.rnrn(2) Горди, страсни, театрални: Откријте сè за Лавицитеrn

    Пријателство

    rnБлагодарение на својата топла личност, магична енергија, ентузијазам и леснотија на постоењето, жените Лав како магнет ги привлекуваат луѓето околу себе, а нејзините пријатели многу често се и нејзини „обожаватели“, луѓе кои едноставно ѝ се воодушевуваат. Великодушната Лавица сака да им угодува на своите пријатели и на голем број луѓе, токму таа им е најдобра пријателка. Никогаш нема да ги изневери своите пријателки и секогаш ќе биде покрај нив. На пријателите знае да им прости сè, освен предавство.rn

    Изглед

    rnГуста и нескротлива коса, како грива на лав, истакнати црти на лицето, топли очи, поглед полн со искри, високо чело, поткренат нос и мали уши. Ова се главните физички карактеристики по кои се препознава Лавицата. Најмногу е горда на нејзината густа коса, која обично е руса или во црвена боја. Жените родени во овој хороскопски знак се височки, имаат долги нозе, убаво обликуван струк, имаат елегантна и многу цврста мускулатура. Тие имаат кралско држење и настап. Секогаш изгледа угледно, горделиво и урамнотежено. Својот изглед сака да го украси со накит и други модни додатоци, како и да носи облека во жолта и портокалова боја.rn

    Стил

    rnСака да се истакнува во жолта и портокалова, но бојата која секогаш ја поставува во центарот на вниманието е златната. Во златната боја Лавицата го наоѓа сето она што ја претставува и што таа искрено го сака – топлина, луксуз, театралност, особеност, воодушевување. Секогаш одбира облека и модни додатоци од најдобар квалитет, а кај неа не постои моден конформизам – таа сака да носи работи кои никој друг ги нема. Секогаш успева да постави најдраматични и најнеобични модни трендови, благодарение на нејзината вродена самодоверба. Сака фини материјали како што се свилата и кашмирот и совршено скроена облека. Ништо подобро не ѝ ја зајакнува самодовербата од одење на фризер. Во нејзиниот плакар сигурно ќе најдете чевли украсени со светки и пердуви, како и ѓердани со светкави камења. Лавицата ретко оди сама во шопинг, туку со своите пријателки, кои не ѝ се толку потребни за совети, колку за комплименти.

  • Кој е најзаводливиот и најшармантниот хороскопски знак?

    Кој е најзаводливиот и најшармантниот хороскопски знак?

    Тие се едни од најдоминантните и најекстровертните хороскопски знаци. На посебен начин, држење и благороден карактер, личностите кои припаѓаат на овој знак се монарси помеѓу своите пријатели, семејства и познаници, исто како што лавовите се кралеви помеѓу животните.rnrnКој е најзаводливиот и најшармантниот хороскопски знак?rnrnСтанува збор за Лавовите. Тие се храбри, амбициозни, позитивни и независни личности кои имаат силна волја и голема самодоверба. Среќни се кога се во центарот на вниманието, но уште посреќни се кога имаат контрола врз ситуацијата во која се наоѓаат.rnrnТие се родени лидери, независно дали станува збор за мир или побуна против непроменетиот статус кво. Иако понекогаш можат да делуваат арогантно и по малку нарцисоидно, сепак тие се најефикасни кога се во командната позиција. Со нивниот личен магнетизам и вродена харизма, Лавовите го извлекуваат најдоброто од оние кои се наоѓаат во нивно присуство. Шармантни и заводливи, тие успеваат да го привлечат скоро сечие внимание.rnrnПонекогаш можат да делуваат нељубезни и нелојални, но всушност тоа се едни од квалитетите кои Лавовите најмногу ги ценат, и кај себе и кај другите. Кога се сигурни дека ќе ја исполнат целта, тогаш ја вложуваат сета своја енергија. Нивниот идеализам и практичната интелигенција ги прават способни да навлезат директно во сржта на проблемот и да го пронајдат најдоброто соодветно решение.

  • Дознајте како да заведете и задржите Лав

    Дознајте како да заведете и задржите Лав

    Дали сте вљубени во некој претставник на овој самоуверен знак? Лавовите на прв поглед може да делуваат малку застрашувачко бидејќи сакаат секогаш да бидат во центар на вниманието и се неверојатно амбициозни. Сигурно тоа е и причината зошто силно ве привлекуваат, но не знаете како да им пристапите. Доколку тоа е случајот и со вас, погледнете ги следниве неколку работи кои треба да ги знаете ако сакате да го привлечете и задржите вниманието на Лавот.rnrnДознајте како да го заведете лавотrn

    Што треба да правите?

    rn1. Задолжително кажете му колку е паметен, згоден и прекрасен.rnrn2. Уживајте во наградите кои ќе ви ги даде за овие комплименти. Лавовите сакаат да примаат комплименти, но исто така умеат и да ги возвратат.rnrn3. Дозволете вашиот свет да се врти околу него. Тој ќе ужива во тоа и ќе ви го направи животот многу поубав.rnrn4. Охрабрете ја неговата смисла за хумор. Доколку го направите ова, тој ќе се труди секој ден да ве забавува и развеселува.rnrn5. Покажете му колку навистина ви значи. Бидете искрени и отворете му го вашето срце. Тој ќе знае како да ви пружи поддршка и заштита.rn

    Што не треба да правите?

    rn1. Немојте да го игнорирате, освен ако не сакате засекогаш да го оттргнете од себе.rnrn2. Немојте да му кажувате што да прави и не се обидувајте да воспоставите контрола врз оваа личност која секогаш сака да доминира. Тој не сака да се предава и сака да си ги тера работите по свое.rnrn3. Немојте да му го скратувате вашето внимание. Нему му е потребно многу внимание секој ден.rnrn4. Не чепкајте го неговото его и неговата малку незгодна природа. Неговото его е многу ранливо, а кога еднаш ќе се повреди тешко може да заздрави.rnrn5. Немојте да го исмејувате пред други луѓе. Тоа е најлошото нешто што можете да му го направите и на тој начин засекогаш ќе ја изгубите неговата доверба.

  • Најлошиот знак во Зодијакот: Има многу комплекси и нема вкус, вие ќе играте како што тој ќе свири

    Најлошиот знак во Зодијакот: Има многу комплекси и нема вкус, вие ќе играте како што тој ќе свири

    Нему ништо не му е доволно добро, тој би сакал од сè најмногу, најдобро и онака како што му само на него му одговара. Не само што тој ќе влета во вашето секојдневие како ураган, туку и од љубовниот живот ќе ви направи хаос.rnrnНајлошиот знак во Зодијакот: Има многу комплекси и нема вкус, вие ќе играте како што тој ќе свириrnrnЛавот е кралот меѓу животните и царот меѓу комплексите. Не, нему никогаш ништо не му е доволно добро, бидејќи тој постојано сака да биде најдобар и да ги прави само оние нешта кои му одговараат. Доколку сакате да се облекувате спортски и лежерно, веќе по вториот состанок тој ќе ви подари маичка со циркони која е марка, бидејќи смета дека не смее да биде виден со обична жена.rnrnТој ќе ве маѓепса со силни парфеми и ќе ве води под рака низ животот. Лавот мора да биде вашето светло на крајот на тунелот, бидејќи ако го нема него, ќе ве нема ни вас. Вие би требало да му бидете благодарни затоа што ве одбрал токму вам за да бидете негова девојка и заедно да имате магична љубовна врска. Со други зборови, вие треба да верувате дека сте добиле џек пот.rnrnНо, сè ова е далеку од вистината. Тој всушност од вас бара да дишете како што тој сака и да играте по неговите правила, додека целосно го запоставувате вашиот живот и вашите потреби.

  • Тие се силни, но нежни: Еве што треба да запомнете за припадничките на знакот Лав

    Тие се силни, но нежни: Еве што треба да запомнете за припадничките на знакот Лав

    Лавот е огнен знак и неговите припадници се родени помеѓу 23 јули и 22 август. Иако 2015 беше тешка година за лавовите, тоа не беше така за Лавиците. Тие се силни лидери со нежна страна и можеби ви изгледаат како опасни лавици однадвор, но внатре тие се ранливи.rnrn0-tie-se-silni-no-nezhni-eve-shto-treba-da-zapomnite-za-pripadnichkite-na-znakot-lav-kafepauza.mkrnrnОна што е интересно кај овој знак е што тие се комбинација од нежност и сила и харизматичност со доза внимателност. Жените во знакот Лав се родени лидери – тие можат да станат поп ѕвезди или комедијанти, имаат големи шанси да станат писатели или големи готвачи. Можностите за овој огнен знак се бесконечни. Ако познавате некоја Лавица, или вие сте припадничка на овој хороскопски знак, еве неколку нешта кои треба да ги запомните.rn

    1. Жените во знакот Лав се водачи на Зодијакот

    rnТие се оптимистични и навидум бестрашни, се спротивставуваат на секој што ќе им застане на патот и се спремни на сѐ. Кога се со група луѓе кои се во недоумица, припадничките на знакот Лав се оние кои први преземаат иницијатива и ги водат останатите. Тие имаат моќ да се справат со сѐ – без разлика дали тоа значи планирање забава или решавање на некој проблем и лесно можат да убедат некој да направи нешто за нив.rn

    2. Тие се центар на внимание

    rnОвие жени се оние кои ги носат одлуките, но и кои бараат одобрение. Луѓето веднаш знаат дека тие се оние кои први ќе дадат предлог и ќе го спроведат зацртаниот план, ама во исто време тие секогаш чекаат одобрување од другите луѓе. Иако изгледаат како да имаат голема самодоверба, Лавиците многу се грижат за тоа како другите ги гледаат.rnrnТие ги спојуваат луѓето и иако уживаат во големи друштва, некогаш сакаат да поминуваат време сами. Тие се многу чувствителни кога станува збор за нивното прифаќање во друштвото, но исто така некогаш сакаат да бидат и надвор од него.rnrnАко сакате да изгледате како жена во знакот Лав треба да имате волуменозна коса, облека која остава силен впечаток и црти кои ве делат од останатите. Тие го трошат нивното време и нивните пари за да се осигурат дека изгледаат добро, но тоа го прават за себе, а не за другите.rn

    3. Тие се чувствителни

    rnЖените во знакот Лав се емоционални жени кои лесно можете да ги повредите. Додека останатите ги критизираат дека на моменти се премногу суетни, нивната огромна надворешна самодоверба може да биде само маска за големата несигурност која се крие внатре во нив.rnrnОд есенцијална важност е тие да ја покажуваат нивната ранлива страна за да заслужат почит од луѓето околу нив. Ако не бидат ранливи, тогаш луѓето ги перципираат како кавгаџии и агресивни луѓе.rnrnЛавиците многу внимаваат на луѓето околу нив. Лесно паѓаат под влијание на туѓите аури и честопати се обидуваат да направат луѓето околу нив да се чувствуваат подобро – макар и по цена на нивната среќа. За нив еден од најтешките животни предизвици е да најдат баланс помеѓу нивната силна и нивната ранлива страна. Потребно им е време да ги обработат емоциите пред да реагираат.rn

    4. Лавиците се директни

    rnНе се срамат да го искажат своето мислење, без разлика дали луѓето околу нив се согласуваат или не. Тие имаат мислење и сакаат да го искажат. Иако на моменти се тврдоглави, тие лесно можат да продолжат понатаму. Не држат лутина и не се воздржуваат. Знаат што сакаат од животот и целат кон постигнување на тоа. Кога станува збор за постигнување цели, никој не може да им ги попречи нивните планови. Додека на некои луѓе ова им изгледа како да имаат пресилен натпреварувачки дух, тие знаат дека единствената конкуренција си се тие самите на себе.rn

    5. Припадничките на овој знак се длабоки романтичари

    rnТие се спремни да го чекаат она што го заслужуваат. Сакаат да истражат сѐ што им се нуди, но сепак некој ден сакаат да се скрасат. Уживаат во сингл статусот и авантурите што тој ги овозможува, но честопати се спремни да го чекаат господинот Вистински.rnrnИмаат силни пориви за секс и се спремни да пробаат скоро сѐ. Иако надвор од спалната соба сакаат да бидат центар на внимание, во неа тие се малку поскромни. Не се срамат да им кажат на своите пријатели за нивните секс авантури, но сепак преферираат некои тајни да си ги зачуваат за себе. Некогаш сакаат малку да флертуваат, но никогаш не би ги повредиле саканиот.rnrnНивните врски се длабоки и емоционални. Кога станува збор за страст тие се како луда железница – се расправаат, се караат и се љубоморни, но кога се навистина заљубени тие го даваат својот максимум за личноста која ја љубат.rn

    6. Тие се прекрасни пријателки

    rnТие се љубезни и лојални пријателки кои се премногу великодушни и честопати премногу заштитнички настроени. Амбициозни се и лесно се справуваат со неуспех. Луѓето обожуваат да бидат околу нив. Лавиците го зачинуваат животот на оние околу нив.rn

    7. Припадничките на овој знак се сложуваат една со друга

    rnТие го разбираат и доброто и лошото кое доаѓа со секој човек и воглавно се сложуваат со останатите припаднички на овој знак. Потребно им е време да се разберат себеси и да најдат баланс. Ако го прават тоа, тогаш останатите можат да го ценат нивниот сложен карактер. И најважното нешто што овие жени треба да го запомнат: Никогаш не срамете се од моќта која ја поседувате.

  • 12 факти кои ќе ги разберат само личностите родени во знакот Лав

    12 факти кои ќе ги разберат само личностите родени во знакот Лав

    Ах, тие Лавови! Супериорни во секоја смисла на зборот, заљубени во себе и секогаш полни со планови и амбиции. Не е чудо што многу луѓе не ги разбираат. Но, денес ќе ви помогнеме да успеете во тоа. Ова се 12 факти кои ќе ги разберат само личностите родени во хороскопскиот знак Лав.rnrn1-12-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-lichnostite-rodeni-vo-znakot-na-lav-www.kafepauza.mk_rnrn1. Може да се смирите само тогаш кога никој не ви вели да се смирите, бидејќи во спротивно станувате вистинско диво животно кое со своето рикање може да ги исплаши и најхрабрите.rnrn2. Кога некој ќе ви упати вистински и најдобриот можен комплимент, може слободно да очекува награда, но и вашата доживотна симпатија.rnrn3. Кога ќе отидете во некое кафуле и ќе забележите дека вашето друштво не е таму, веднаш заминувате, не поради тоа што немате со кого да седите, туку поради тоа што навистина не можете да разговарате со толку многу познати луѓе кои се наоѓаат таму.rnrn4. Луѓето со кои се гледате често немаат поим колку време ви е потребно да се смирите после некоја караница, бидејќи тие не сакаат да ги ризикуваат своите животи.rnrn5. Вие сте секогаш оние кои ја донесуваат главната одлука каде ќе излезете. Што да правите кога вашето друштво е толку неодлучно?rnrn2-12-fakti-koi-kje-gi-razberat-samo-lichnostite-rodeni-vo-znakot-na-lav-www.kafepauza.mk_rnrn6. Во состојба сте да направите сè за вашата друга половина, па дури и ако излегувањето на состанок подразбира закуп на цел ресторан во кој ќе уживате со своето омилено јадење и музиката на вашиот омилен бенд.rnrn7. Ако се прашувате вие, би требало да живеете во величествен дворец и да носите само дизајнирана облека. Иако, со оглед на вашиот став, вие не треба да бидете изненадени што луѓето имаат токму такво мислење за вас, бидејќи Лавовите се едноставно мегаломани.rnrn8. Сите ваши пријатели ги гледате како членови на вашето семејство, бидејќи вие не склопувате пријателство доколку не сте сигурни дека ќе траe вечно.rnrn9. Оној момент кога ќе стапите во нова врска, околу вас се создаваат 845 луѓе кои се потполно разочарани што не сте повеќе сингл. Па не залудно Лавот е крал на сите животни.rnrn10. Мегаломани сте и во она што го работите, бидејќи мора да бидете најдобри, па колку и мало и безначајно да биде тоа.rnrn11. Неверојатно сте друштвени, харизматични и едноставно плените секаде каде што ќе се појавите, а во ракавот секогаш имате смешни анегдоти со кои ги одушевувате вашите пријатели.rnrn12. Немате проблем да кажете кој ви е омилен во друштвото и никој не се лути поради тоа. Како ќе се лути, кога најверојатно вие сте неговата најомилена личност.

  • Астрологијата ви открива: Зошто треба да бидете во друштво на Лав?

    Астрологијата ви открива: Зошто треба да бидете во друштво на Лав?

    Иако Лавовите се кралици на драмата, доминантни личности и по малку зависници од контрола, сепак постојат навистина добри причини зошто треба да бидете во нивно друштво. Еве кои се тие.rnrn0-astrologijata-vi-otkriva-zoshto-treba-da-bidete-vo-drushtvo-na-lav-kafepauza.mkrn

    1. Верни

    rnЛавовите се најверните луѓе во целиот хороскоп. Тие никогаш нема да започнат пријателство размислувајќи „Нема врска ако еден ден едноставно престанеме да се дружиме.“ Тие сакаат долги и квалитетни пријателства. Веруваат дека пријателството е една од клучните компоненти во животот и се трудат што е можно подобро да ги негуваат. Никогаш нема да дозволат некој да зборува лошо за нивен пријател во нивно присуство. Понекогаш изгледа како да ги малтретираат своите сакани, но тоа е нивниот начин на искажување љубов и наклонетост кон таа личност.rn

    2. Амбициозни

    rnВеличествените припадници на овој знак имаат големи амбиции да станат нешто подобро од она што моментално се. Со сите средства кои ги имаат тие се борат да го добијат тоа што го сакаат, но ќе им помогнат и на блиските да стигнат до целта. Не се плашат од ризик и затоа се едни од ретките кои успеваат да реализираат сѐ што ќе замислат. Меѓутоа, кога Лавовите имаат лош ден, самите на себе си се неподносливи. Никогаш никого не обвинуваат за нивниот неуспех, освен себеси и секако, нивната неспособност. Доколку му помогнете на Лав во неволја тој никогаш тоа нема да го заборави тоа и долго време ќе ви се оддолжува за укажаната помош.rn

    3. Пружаат голема поддршка

    rnЛавовите својата храброст и ведрина не ја чуваат само за себе. Тие сакаат да ги охрабрат и поддржат своите најблиски за и тие да стигнат до својата цел. Се водат од реченицата „Ако никогаш не пробаш – никогаш нема да знаеш.“ Токму со неа најчесто ги бодрат своите пријатели. За нив зборот „невозможно“ не постои.rn

    4. Забавни

    rnЕдна од главните карактеристики на Лавовите е нивната потреба за внимание. Секогаш кога ќе влезат некаде сакаат сите погледи да бидат насочени кон нив. Кога зборуваат сакаат луѓето околу нив да внимаваат на секој збор кој ќе го кажат и да им се восхитуваат. Понекогаш знаат да преувеличуваат само за да измамат насмевки на лицата на нивните пријатели.rn

    5. Полни со живот

    rnЛавовите имаат огромна желба за живот и во сѐ гледаат можност за уживање и искуство. Тие се авантуристи по природа и уживаат во патувања. Сакаат да се качуваат на планини, да го пијат најскапото виски, да пловат по море и да пробуваат екстремни спортови. Признајте, кој не би сакал ваков пријател покрај себе? Доколку сакате некој кој го живее животот со полни гради, некој кој постојано ќе ве поддржува, засмејува и ќе шири љубов секаде околу вас, тогаш најдобро ви е да се запознаете со некој припадник на знакот Лав.