Стрелецот и лавот имаат тенденција да оформат меѓусебна почит, после неколку минути откако ќе се запознаат. Стрелецот ја обожава великодушноста на лавот, а тој му се восхитува на веселиот дух кој го има стрелецот. И покрај тоа што лавот ги цени сите свои пријателства, стрелецот му е особено драг, благодарение на неговата дружељубивост, ентузијазам и смисла за хумор. Никој не може да го насмее лавот повеќе од незаменливиот стрелец. И лавот умее да го насмее стрелецот со неговиот необичен талент за имитирање, зајадливи забелешки и апсурдни шеги.
Овие пријатели можат меѓусебно да си поделат разни совети и искуства и можат многу да научат за себе, погледнувајќи ги работите од поинаква перспектива. Лавот може да му даде одлични совети на стрелецот за практични работи, како на пример ефикасно трошење на неговите пари. Стрелецот за возврат, може да му помогне на лавот да го отвори неговиот ум кон нови можности.rnrnПомеѓу овие пријатели може да се појават недоразбирања, како резултат на непрактичноста на стрелецот, која не се совпаѓа со здравиот начин на размислување кој го има лавот. На ист начин, екстремната посесивност на лавот, го полудува стрелецот. Ако лавот може да го прифати фактот дека стрелецот е расеана личност која секаде си го заборава паричникот и секогаш доцни, стрелецот ќе му го прости на лавот неговото кралско однесување и ќе има желба да го вклучи во сите негови авантуристички активности.rnrnСекој од овие два знака е полн со енергија и голема е веројатноста овие пријатели да имаат страст за спортување. Патувањата на некои егзотични места се исто така нешто, во кое двајцата неизмерно би уживале. Може многу да се забавуваат танцувајќи цела вечер во ноќен клуб, играјќи фудбал или глумејќи во претстави.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Стрелец и лав – пријателска комбинација
