КАФЕ ПАУЗА

Category: Лав

  • 10 знаци дека сте апсолутен Лав во хороскоп

    10 знаци дека сте апсолутен Лав во хороскоп

    Ако сте родени помеѓу 23 јули и 22 август, вие сте Лав во хороскоп, а тоа значи дека многу е можно да се пронајдете во сите 10 точки подолу.rnrn10-znaci-deka-ste-apsoluten-lav-vo-horoskop-kafepauza.mkrn

    1. Сакате да бидете центар на внимание

    rnЛавовите сакаат секаде да пристигнат со стил. Оставањето добар прв впечаток за нив е многу важно.rn

    2. Вашата дружељубива природа понекогаш ве прави драматични

    rnМногу Лавови, чувствувајќи се удобно таму каде што се – во центарот, стануваат актери или музичари или пронаоѓаат други начини да се најдат „под рефлекторите“. Вие сте драматични, но на забавен начин.rn

    3. Вие НЕ сте добри во поминувањето време сами со себе

    rnБидејќи обожаваат да имаат своја публика, Лавовите мразат да поминуваат време сами, повеќе од сите останати знаци. Како резултат на тоа знаат да станат пребирливи и постојано да бараат нешто.rn

    4. Вие сте работливи и мотивирани

    rnМногу луѓе обожаваат да работат со Лавови бидејќи тие обично го завршуваат секој проект што ќе го започнат и не почнуваат нешто што не можат да го завршат. Вие сте амбициозни и посветени и најдобро работите во група.rn

    5. Вашата дарба за лидерство понекогаш може да ви удри во глава

    rnПриродно е Лавовите брзо да стигнуваат до лидерски позиции, но вашиот понекогаш наметлив став и постојаното преземање на контролата може да ве доведе во конфликти со колегите, доколку не сте внимателни.rn

    6. Вие сте супер за себеси

    rnЛавовите се среќни што се живи и се сигурни дека се тука со причина. Вашата самодоверба е одлична, сѐ додека таа не премине во егоцентричност.rn

    7. Многу сте романтични

    rnЛавовите се огнени знаци и како такви тие се многу страсни. Вие сте шармантни и спонтани и лесно се заљубувате.rn

    8. Веројатно имате многу обожаватели

    rnМожеби не сте знаеле, но Лавовите се прилично атрактивни. Може да имате одредени периоди кога ќе имате премногу додворувачи за да би можеле да изберете еден.rn

    9. Сакате спорт и обожавате да сте активни

    rnВие сте сосема природни во спортската сала, најчесто учествувате во тимски спортови. Обожавате да сте активни и да учествувате во здраво натпреварување со други луѓе.rn

    10. Имате вистински вкус за луксуз

    rnАко имаат можност да избираат помеѓу бренд или нешто небрендирано, Лавот секогаш ќе го избере брендот. Сакате да бидете опкружени со што повеќе убави работи.

  • Љубовен астролошки профил за женски лавови

    Љубовен астролошки профил за женски лавови

    Сте се затрескале во девојка родена во знакот лав? Човек не може да ве обвини. Нејзе не можете да не ја забележите и таа е вистинска награда, доколку успеете да ја уловите. Мора да сте амбициозно момче ако сакате да ја освоите лавицата, бидејќи ќе мора да вложите екстра напор и да бидете вреден за нејзиното присуство. Па, таа е кралица на џунглата. Доколку не ги исполните нејзините барања, таа ќе го вклучи копчето за својот шарм и ќе го употреби за некој друг. Не дозволувајте да ви избега.rnrnЉубовен астролошки профил за женски лавовиrnrnЖената-лав може да биде опасна. Таа ги има сите карактеристики на огнен знак и едноставно не можете да ја сопрете. Таа прво го набљудува пленот, го планира нападот и потоа напаѓа. Нема шанси да ја спречите или да ѝ го смените мислењето во врска со нејзините желби. Штом ќе намисли нешто, подобро тргнете ѝ се од патот.rnrnТаа е одлучна и ги остварува сите нејзини желби, но сепак е осамена на врвот. Кралица со толку страст и искра колку што има жената-лав заслужува достојно друштво. Се прашувате што би ве направило вам достоен за неа? Доколку сфатите дека таа треба да биде постојано обожувана, дека не можете да ја запрете и да ја контролирате, на добар пат сте да бидете нејзин придружник во кралството. Не влегувате во врска со жена родена во огнен знак за да ви биде трофеј, туку се врзувате со неа за да го освоите светот заедно, како еднакви.rnrnПред да почнете со освојувањето, мора да ви биде јасно дека ова нема да биде едноставна задача. Мора да знаете како точно да ѝ пристапите бидејќи тоа е најважната работа која ќе треба да ја направите. Жената-лав не се импресионира лесно. Во состојба е лесно да ви го сврти грбот доколку не успеете во тоа. Запомнете дека таа се доживува себеси како кралица и лесно може да ги поткрепи нејзините ставови со долгата листа на успеси. Таа не само што секогаш размислува, таа знае, па мора да знаете и вие.rnrnЉубовен астролошки профил за женски лавовиrnrnСамодовербата е клучот за сè кога станува збор за неа. Пристапете ѝ со самодоверба и со мала скромност. Забележете ги нејзините вредности и кажете ѝ ги. Ласкањето ќе ви овозможи да го постигнете она што го сакате со лавицата. На лавовите никогаш не им е доста од внимание, комплименти и ласкање. Кога ќе ја поканите на состанок, прво смислете го планот во глава. Таа сака некој што знае кога и каде планира да ја одведе пред тие да тргнат заедно.rnrnОднесете ја каде било. Таа е жена со која владее сонцето, па секакви надворешни активности се добра идеја. Не плашете се да ја однесете на места кои се одликуваат со чувство на елеганција и стил. На вакви места многу е можно таа да се чувствува удобно. Таа сака места на кои може да им ја сврти главата на сите кои се таму. Сака да се покажува, и тоа не само себеси, туку и нејзиниот партнер. Затоа погрижете се секогаш да бидете добро облечени. Првиот состанок ќе значи сè, па потрудете се да изгледате добро, да зборувате убаво и да бидете фокусирани на неа.rnrnЉубовен астролошки профил за женски лавовиrnrnТаа е жена која знае како да ги истакне нејзините вредности, без разлика на нејзината финансиска и интелектуална состојба. Ако има 300 денари во џеб, ќе го купи најдоброто за тие пари и ќе се шепури со тоа како да е злато. Таа знае дека златото изгледа добро „покрај“ неа и очекува секој со кого се гледа да може да го забележи тоа. Лавицата дури и не би се гледала со некој што не е толку амбициозен како неа.rnrnЗа време на првиот состанок таа ќе ве процени добро и нема воопшто да се воздржува да си замине ако не ѝ е интересно. Затоа, не давајте ѝ причина. Прашајте ја што сака во животот и кажете ѝ за вашиот. Кажете ѝ што сакате да постигнете и како планирате да го остварите тоа. Колку повеќе ѝ покажете дека би оделе на различни места за да ги освојувате, толку повеќе таа ќе сака да биде со вас во џунглата.rnrnЉубовен астролошки профил за женски лавовиrnrnНемојте да мислите дека ако сте поминале неколку состаноци заедно, оттука натаму сè ќе оди како подмачкано. За тоа може да бидат потребни неколку месеци, па дури и две години. Штом се смирите и ѝ оставите впечаток дека нема да се повлечете, таа ќе скокне кон вас. Ако веќе сте добиле место во нејзиниот живот, потрудете се да оставите најдобар впечаток што можете. Со неа може да ви биде многу забавно, штом таа ќе сфати дека сте нејзина лига.rnrnДел од забавата со вашата лавица е сексот. Подгответе се добро за тешка работа. Како и општо во животот, така и во сексот, таа настапува со цел да победи. Но, и двајцата ќе бидете многу среќни и заситени кога ќе заврши вашата интимна сесија. Таа дава насоки, ве возвишува и ги мултиплицира оргазмите. Но, и вие треба да дадете подеднакво. Таа ќе ви каже како точно ѝ се допаѓа. И вие можете да ѝ кажете што сакате. Слободно зборувајте валкано колку што ви душа сака. Слушајќи ја, таа ќе успее да ве задоволи само со нејзиниот секси глас. Таа нема да престане, а не престанувајте ни вие сè додека и двајцата не можете да ја дигнете главата од перница. Со лав во кревет, треба многу да се трудите, но и многу ќе си играте.rnrnЉубовен астролошки профил за женски лавовиrnrnМожеби си мислите дека за да привлечете жена во знакот лав ви треба многу работа. Но, не. Работата се состои во тоа да ја задржите. Креативноста е потребна исто колку што се потребни ласкањата и возвишувањата. За да ја водите врската кон напред, не треба да бидете фокусирани само на работата и на амбициите, туку и да си поминувате убаво заедно и да се забавувате.rnrnТаа може и да предизвикува неповолни ситуации за врската, не само заради тоа што ѝ е забавно, туку и за да ви ги оцени реакциите. Додека оваа жена не се омажи, секогаш ќе го „мери“ нејзиниот партнер, па дури и потоа.rnrnВе предупредивме дека лавицата е моќна жена која не можете да ја игнорирате. Може да има некои препреки одвреме-навреме, како и денови кога ќе се запрашате зошто воопшто се трудите, но таа е доказ дека сè што е вредно колку златото, не е ниту лесно ниту евтино.rnrnЉубовен астролошки профил за женски лавовиrnrnТаа ќе ве направи подобра личност и ќе ве научи нешто за вас самите. Таа сака сè што светот може да ѝ понуди и не се плаши да работи за да го оствари тоа. Затоа, вложувајте во врската или прекинете ја доколку не можете да се движите по патот на ѕвездите. Вашата лавица вреди да ја уловите и затоа никогаш не испуштајте ја.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Љубовен астролошки профил за машки лавови

    Љубовен астролошки профил за машки лавови

    Вие сте во некое кафуле, си го пиете вашето кафе и читате весник и оп, тој се појавува! Не можете, а да не го забележите лавот додека влегува низ вратата. Додека си ја прави неговата нарачка, не можете да си помогнете да не зјапате во него. Машкиот лав може да ја „потресе“ целата просторија со својата моќност и самодоверба. Тој го знае тоа, сака и другите да го знаат тоа и да изреагираат со восхит. Вие ќе го обожавате од првиот момент кога ќе го видите, а тој не ни планира да престане да краде воздишки од вас и понатаму.Љубовен астролошки профил за машки лавовиЛавот е кралот на џунглата, а претставниците на овој хороскопски знак се чувствуваат токму така. Тие се однесуваат исто како да се во џунглата. Работат многу напорно за да постигнат успех во сѐ на што ќе го фокусираат нивниот ум. Најчесто успешно ги остваруваат своите цели и потоа драматично се повлекуваат малку, чекајќи да добијат пофални зборови и награда за трудот. Неговото мото е: „Јас сум Кралот, слушај ме како завивам!“ Пофалбите и обожавањето не се нешто со коешто лавот сака да си го зајакне егото. Тие се како храна и вода за него. Лавовите ќе ја ценат вашата почит и ќе најдат милион начини да ви се заблагодарат за тоа. Но, пред да му пристапите на некој лав, преиспитајте си го вашиот карактер. Имајте на ум дека овие мажи не сакаат кукавици и слаби карактери.Љубовен астролошки профил за машки лавовиМашкиот лав ќе сака да основа љубовна врска со некоја која ја заслужува неговата наклонетост. Не е битно дали сте превисока, па дури и малку полничка девојка, доколку знаете да се грижите за себе и го очекувате ни повеќе ни помалку, туку најдоброто од животот, лавот ќе ве забележи и ќе му се допадне она што ќе го види. Бидете ориентирани кон остварување некаква цел. Работете на подобрување на вашиот статус, на работната позиција и сл. Доколку сте премногу самозадоволни и без амбиција, нема да заработите никаков респект во неговите очи. Запомнете дека лавовите се најчесто главни во нивното друштво. И од вас очекува да бидете алфа жена, која ќе си ја знае сопствената улога.rnrnВашата улога е да стоите покрај нив и да ги поддржувате. Како што претходно потенциравме, лавот сака да биде главен во џунглата и сака покрај себе да ја има совршената лавица која ќе лови и освојува заедно со него. Доколку сте во потрага по партнер кој е силен, посветен и див како животно во кревет – лавот е вистинскиот избор за вас. Дадете му на знаење дека го посакувате и докажете му дека сте спремни да го прифатите предизвикот.Љубовен астролошки профил за машки лавовиИзгледот е исто така многу битен за лавот. Изгледајте фино, облекувајте се убаво и зборувајте мило. Гордејте се со себеси и имајте на ум дека вие сте исто толку добра колку него. Бидете сигурни дека вие имате многу повеќе работи да му понудите, од сите други девојки кои сакаат да украдат искра од неговиот сјај. Убедете го со вашите постапки дека со вас, тој ја пронашол неговата кралица! На вашиот прв состанок, покажете му ја вашата сила и одлучност. Тој треба да знае дека вам не ви е потребен, но сепак го посакувате за себе. Сака да знае дека е доволно вреден за вас. Имајте високо мислење за себе, исто како што има и тој и ќе знае дека вие сте спремни да го освојувате неговото срце. Пофалете го, укажувајќи му дека знаете дека е вреден човек кој постигнал многу во животот и дека сакате заедно со него и понатаму да го освојувате светот.rnrnФлертувајте со него, терајќи го да почне да си замислува разни секс-сценарија со вас. До крајот на вечерата, тој ќе посака да ве добие за десерт. Но, без разлика што тој може да биде многу упорен да го земе својот десерт, немојте толку лесно да му го давате. Дајте му до знаење дека сакате да знаете колку планира да се потруди да ве заведе. Колку подолго го одложувате сексот, толку повеќе ќе направите тој да почне да се моли за истиот да се случи и ќе биде најдобар што може кога ќе дојде тој момент. Колку само забавно звучи ова?!Љубовен астролошки профил за машки лавовиСпомнавме колку лавот всушност сака да го јаде својот „десерт“? Без разлика дали е рано наутро, доцна попладне или целата преостаната ноќ после вечерата, кога еднаш ќе го „вкуси“, нема да сака да проба ништо друго. Тој секогаш е расположен да испробува нови работи во креветот и секогаш му текнуваат нови забавни работи за правење под чаршавите. Со него ќе доживувате оргазми за какви што не сте ни сонувале, а колку погласни сте во спалната, толку подобар ќе биде сексот. Играјте игри, дозволете му да ве брка гола низ куќата, натерајте го да мисли дека вие сте главната премија што може да се освои во која било игра.rnrnМашкиот лав можеби мора секогаш да биде главен, но и неговата партнерка може да стекне контрола во врската. Сѐ додека го осигурувате дека тоа била негова идеја. Дадете му го тоа што го сака, возбудата и ловот, но вие поставете ги правилата на игра. И покрај тоа што тој обожава сексуални игри, сепак колку повеќе часови поминувате надвор од спалната, толку повеќе ќе ве доживува како негова кралица. Со тек на време ќе сфатите дека без разлика што тој можеби се однесува како лав додека е надвор, кога е во ваша близина се однесува како маче стуткано во вашиот скут. Вие ќе бидете единствената која што ќе ја знае неговата вистинска точка која ќе го натера да почне да преде.Љубовен астролошки профил за машки лавовиКога веќе ќе станете негова „кралица“, тоа ќе биде сѐ што некогаш сте посакувале од љубовта. Тој ја обожава и слави посветеноста во љубовната врска. Тој ја сака гордоста и стабилноста којашто врските ја носат. Ќе ве кити со подароци и ќе се грижи за вашите потреби. За да го задржите на долги патеки, запомнете дека тој сака да биде обожаван, сака да направите да се чувствува дека вреди и сака да биде во центарот на нечиј свет. Давајте му пофални зборови, посветете му се и ценете го сето она коешто го прави за вас. Љубовен астролошки профил за машки лавовиДоколку еден ден стапите во брак со лав, знајте дека вашите деца ќе бидат обожавани и никогаш нема да им недостасува ништо во животот. Збогатувањето на семејството со деца, ќе му значи сѐ. Ќе ве штити вас и вашето семејство со гордост и достоинство. Кога еднаш ќе ја пронајде својата кралица и ќе створи мали принцови и принцезички, ништо нема да може да застане на патот кон неговиот успех и среќа.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лав и девица – пријателска комбинација

    Лав и девица – пријателска комбинација

    Повеќето луѓе се ежат од преголемата внимателност на девицата, но на лавот на некој начин му се допаѓа оваа нејзина особина. На крајот на краиштата, добро е покрај себе да имате некој кој ќе ви ја затресе јакната кога ќе се извалкате или ќе ви ја намести косата кога ветерот ќе ви ја раздува на сите страни. Овој пријател на лавот, нема никогаш да му дозволи да излезе несреден од дома.Лав и девица – пријателска комбинацијаОд друга страна, девицата сфаќа дека лавот мора секогаш да биде „ѕвездата на шоуто“ и нема никаков проблем да му го отстапи центарот на вниманието. За возврат, лавот ѝ ја зацврстува кршливата самодоверба на девицата со отворени комплименти за нејзината висока интелигенција, ефикасност и практичност.rnrnСе прашувате дали ова пријателство има некакви недостатоци? Се разбира, бидејќи никој не е совршен. Нервозата на девицата може да го полудува лежерниот лав. На сличен начин избувливите епизоди на лавот, се тотално невкусни за девицата која цени бонтон однесување.rnrnДевицата е многу храбра доколку го прифати шефовски настроениот лав за свој пријател. Всушност, не е тешко да се разбере наклонетоста на девицата кон овој пријател, бидејќи лавовите зрачат со топлина и љубов. Во секој случај, справувањето со големото его на лавот, е исцрпувачко за скромната и понизна девица. На сличен начин, на лавот му се смачува да ја смирува девицата од нејзините илјадници стравови коишто ги чувствува.rnrnДоколку девицата може да остане фокусирана на силните страни на овој пријател како што се лојалноста, способноста и здраворазумноста, лавот за возврат отворено ќе ја испочитува девицата за нејзината ефикасност, постојаност и верност.rnrnОвие двајца можат да имаат наклонетост кон животни, особено кон мачки, во чие друштво можат да уживаат со часови. Заедно би уживале и во добар филм, возење велосипед или танцувајќи.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Лав и лав – пријателска комбинација

    Лав и лав – пријателска комбинација

    Секогаш кога некој лав ќе почувствува силна потреба да пронајде личност која вистински ќе го почитува, треба да си најде другарче со кое го дели истиот хороскопски знак. Исклучителниот шарм, смислата за хумор, грациозноста и убавината која ја поседува секој лав, ќе бидат најмногу забележани и почитувани од страна на другиот лав. За возврат, првиот лав ќе биде фасциниран од тоа колку е талентиран, забавен и прекрасен неговиот новопронајден пријател. После неколку часа откако ќе се запознаат, овие двајца ќе почнат да си разменуваат  искрени прегратки, интерни шеги и да си делат екстравагантни комплименти.Лав и лав – пријателска комбинацијаОдвреме-навреме, лавот ќе го разнишува трпението на другиот лав со својот егоизам, бидејќи секој од нив смета дека неговите проблеми се поголеми и поважни од сечии други.rnrnДоколку двата лава можат да си ја толерираат нивната пренагласена себичност, ќе можат и да уживаат во нивното квалитетно пријателство, кое е вистинско и искрено. Делејќи го истиот знак, овие двајца пријатели имаат слични интереси, како гледање филмови, сликарство и тимски спортови.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Рак и лав – пријателска комбинација

    Рак и лав – пријателска комбинација

    Лавот може да биде најшармантниот, но и најдосадниот пријател за ракот. Да, лавот е топол, лојален, великодушен и полн со љубов – дефинитивно карактеристики кои ракот ги обожава. Но, овој пријател често се однесува како шеф, себичен е и знае да биде тврдоглав. Исто така, лавот не може да се помири дека лидерските вештини на ракот се посилни од неговите.Рак и лав – пријателска комбинацијаЛавот ја цени добродушноста, топлината, одговорноста и интуицијата кај ракот. Кога сака да ја преземе главната улога во некоја ситуација, лавот ќе успее да ги искористи особините на ракот за своја корист. За среќа, раковите се трпеливи личности. Со тек на време, нивниот пријател во знакот лав ќе види дека му се исплати да се повлече кога станува збор за организирање забави, делење на сметката од заедничката вечера или излегување на крај со менаџерот во хотелот. Штом ракот ја добие ваквата моќ, тој со задоволство ќе му го отстапи местото под рефлекторите на својот гламурозен пријател – лавот.rnrnПонекогаш дружбата со нерасположениот рак може да биде предизвик за секогаш расположениот лав. За среќа, лавот е добар во прогледување низ прсти кога станува збор за неговите пријатели, па ни ракот не е исклучок. Лавот ужива кога ракот го гости со неговата омилена храна секогаш кога ќе намине кај него. Исто така, ракот ќе му каже на лавот дека изгледа добро дури и во најлошите денови. За возврат, ракот добива безусловна љубов која ја граделе уште од детството. Меѓу нив може да се јават недоразбирања, но за среќа и двајцата гледаат на пријателството како на нешто многу поважно од некои безначајни препирки.rnrnЗаедничките интереси на ракот и лавот вклучуваат танцување, пливање, купување мебел и антиквитети, сликање со масло и готвење.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Близнаци и лав – пријателска комбинација

    Близнаци и лав – пријателска комбинација

    Од сите пријатели коишто ги има, на близнакот најверојатно му е најдраг оној пријател кој е роден во хороскопскиот знак лав. Разиграното срце на лавот, силно „одекнува“ во младешкиот дух кој го има близнакот. Овие двајца пријатели уживаат да прават игра од сè и да се смеат и да муабетат без престан. Всушност, неретко може да им се случи некој од страна да не може да издржи и да им рече да замолчат или да се стишат. Не дека им е целта да вознемируваат некого, туку ентузијазмот со кој овие двајца пријатели разговараат е на превисоко ниво, па така се создава голема галама.Близнаци и лав – пријателска комбинацијаВеселиот близнак претставува одлично друштво за лавот. Вечниот млад дух кој го поседува близнакот, само го надополнува ведриот дух кој го има лавот. Поточно кажано, овие двајца толку многу се претвораат во малечки дечиња кога се заедно, што воопшто не би било изненадување доколку почнат да се тепаат со храна на сред ручек. Секако после војната со храна, близнакот ќе стане и ќе го исчисти подот од разлетаниот грашок на сите страни, додека лавот си ги брише солзите од смеа со салфетка. Во ваква ситуација, лавот е премногу горд за да стане и да го чисти подот, но ја цени волјата на својот пријател што го прави тоа.rnrnНа близнакот може да му се здосади од бабинските манири на лавот, додека на лавот може да му дојде прекуглава од неспособноста на близнакот да биде фокусиран на она што го прави. Секако, во поголемиот дел од времето овие двајца пријатели ги игнорираат овие ситници.rnrnДвата знака уживаат да бидат физички активни, па така обожаваат спортови во кои се троши многу енергија, како аеробик или брзо возење велосипеди. Близнакот и лавот сакаат да ги забавуваат, луѓето па често знаат да организираат забави. Дизајнирање облека или декорирање простории се исто така интересни активности кои можат да ги прават овие двајца пријатели.rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Бик и лав – пријателска комбинација

    Бик и лав – пријателска комбинација

    И покрај тоа што бикот и лавот се многу различни карактери на луѓе, тие сепак имаат многу моќна меѓусебна конекција. Прво и основно, обата знака сакаат фини нешта во животот, како на пример вкусна храна, убави алишта и прекрасно опкружување. Второ, двајцата се практични и добро организирани личности. Трето, двајцата се многу креативни луѓе.Бик и лав – пријателска комбинацијаЗа бикот, нема подобар пријател од лавот за посета на некој интересен музеј, бидејќи лавот навистина ги почитува сите форми на уметност. Ваквите заеднички интереси можат да го одржат пријателството помеѓу овие два знака, на долг рок. Сепак, тие треба да поработат и на спречување нивните разлики да дојдат до израз, кои можат да придонесат за распаѓање на овој однос. Бикот треба навистина да се труди да го игнорира егоистичното однесување на лавот, а тој за возврат треба да намали со критиките за штедливото живеење на бикот. Овие два знака можат да ги надминат своите разлики, преку впуштање во заеднички интереси како дигање тегови, сликање и одење на пикник.rnrnИ покрај тоа што овие двајца пријатели имаат многу различен стил, тие сепак имаат многу заеднички работи. Двата знака обожаваат луксуз и се екстремно лојални. Исто тие се луѓе кои се жедни за љубов. Бикот секогаш е тврдоглав, додека лавот секогаш сака да е во центарот на вниманието. Доколку овие два знака успеат да ги игнорираат своите слабости, можат да си поминуваат одлично дружејќи се. Потајно, лавот сака да ја има способноста на бикот за штедење пари, додека бикот потајно посакува да се носи модерно како лавот. Овие пријатели можат заедно да уживаат играјќи голф, одејќи на шопинг или јадејќи во познати ресторани.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Овен и лав – пријателска комбинација

    Овен и лав – пријателска комбинација

    Ова е едно навистина среќно пријателство, од кое лавот и овенот секогаш ќе очекуваат повеќе и повеќе. Симпатичниот лав може да ја разбуди нежната страна на овенот, благодарение на неговите широки „мечкини“ прегратки, спонтани комплименти и великодушни подароци. Овенот само треба да внимава да не се однесува грубо со лавот. Тој треба да запамети дека лавот сака себеси да се доживува како крал и сака да биде третиран како таков. Ова може да претставува прилично голем предизвик за овенот, бидејќи тој сака да е секогаш прв во сѐ.rnrnЗа среќа, предлозите на лавот се најчесто интересни, така што на овенот нема да му претставува тешкотија да прифати да оди со него во ресторанот, во кино или на журката на која тој предложил да одат. Лавот обожава да посетува разни места со овој пријател, бидејќи овенот е еден од ретките хороскопски знаци кои можат да излезат на крај со неограничената енергија која ја има лавот.Овен и лав - пријателска комбинацијаОва пријателство со сигурност ќе зрачи со нежност и топлина. Ова е особено вистинито, бидејќи веселиот овен екстремно многу ја почитува големата страст за животот која ја поседува лавот. Храната има подобар вкус, шегите се посмешни и боите се поживописни кога овие двајца пријатели го поминуваат времето заедно.rnrnНа моменти на лавот ќе му смета бруталната искреност на овенот, а овенот пак нема да го поднесува „заобиколувањето“ на лавот од вистината. Исто така може да се појави борба помеѓу нивното его, со оглед на фактот дека двата знака се многу горделиви и самоуверени. Лавот сака да биде третиран како крал, а овенот сака да биде лидер во сите можни ситуации. Во секој случај, лавот и овенот ќе доживуваат многу забавни мигови заедно, така што не треба да дозволат нивните разлики да го поткопаат нивното пријателство. Тие имаат многу заеднички интереси кои вклучуваат играње тимски спортови како кошарка и фудбал, гледање филмови, слушање рок музика, автомобилизам и друго.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Риби и лав – пријателска комбинација

    Риби и лав – пријателска комбинација

    Формирањето пријателство со некој лав, за рибата претставува еден вид предизвик. Таа е срамежлива, воздржана и ненаметлива, а лавот е горд, самоуверен и храбар. Рибата се грижи да ја зачува нејзината приватност, додека пак лавот со своите постапки се обидува да го привлече вниманието од околината кон себе. Рибата има проблем да се приврзе со луѓето на долг рок, додека пак лавот е навистина лојален другар, кој ќе биде тука покрај неа и во добро и во зло.Риби и лав - пријателска комбинацијаСрамежливата природа на рибата, ја поттикнува заштитничката страна кај лавот. Тој обожува да го „потхранува“ кревкото его на рибата со екстравагантни комплименти и промислени подароци. Никој не ја цени дарежливоста на лавот, повеќе од рибата. За среќа, таа умее да го возврати вниманието и грижата која лавот ѝ ја дава. Таа секогаш ќе биде тука за него, ќе го ислуша, ќе му даде поддршка, ќе му свари чајче, па ако треба и ќе му ги брише солзите на кога тој е разочаран.rnrnПостојат ли некакви несовпаѓања помеѓу карактерите на овие двајца пријатели? – Понекогаш да, бидејќи лавот е прилично посесивен во односот кон своите пријатели, што може да направи слободоумната риба да се чувствува малку неугодно. Од друга страна, непоправливата умствена отсутност на рибата може да го излудува лавот, кој го нервира тоа што таа никогаш не знае кај ѝ е клучот, секогаш го заборава паричникот некаде, а ѝ се случува во брзање и да облече различни чорапи.rnrnНаспроти овие разлики, лавот и рибата неизмерно се почитуваат. Рибата се восхитува на срдечноста и дарежливоста кои ги поседува лавот, додека пак тој е импресиониран од чудесната имагинација која ја има рибата. Доколку овие пријатели успеат да ги минимизираат недоразбирањата по некои прашања, нивната врска може да биде многу цврста. Лавот може да ѝ помогне на рибата да ја зајакне својата самодоверба, а таа може да го поттикне креативниот начин на размислување кај лавот.rnrnРибата и лавот ги почитуваат разните уметнички облици со сета своја страст, па може да уживаат заедно одејќи в кино на добар филм, на некои концерти или на уметнички изложби. Нивно хоби може да биде и посетување часови по танц или сликарство.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.