Кога лав и девица ќе стапат во љубовна врска, отпрвин може да мислат дека немаат ништо заедничко и немаат што да научат еден од друг. Но, на нивната љубовна врска ù треба повеќе време за да се развие. Лавот е екстравертен, доминантен, шармантен и честопати многу нетрпелив. Девицата е вредна, внимателна и повлечена. И покрај тоа што имаат различна природа, лавот и девицата се одличен љубовен пар.
На почетокот од нивната врска, лавот и девицата можеби ќе ги забележуваат само маните на нивниот партнер. Лавот може да се однесува деспотски, а девицата премногу да критикува. Но, кога овие двајца ќе престанат само да бараат мани во карактерот на нивниот партнер и ќе почнат да ги забележуваат позитивните особини, ќе забележат дека помеѓу нив постои силна меѓусебна привлечност. Лавот може да ù покаже на девицата како да се забавува и да ужива во својот живот, како и да ја запознае со поимот спонтаност, кој честопати недостасува во животот на девицата. Исто така може да ја научи како да биде помалку критична кон другите луѓе. Таа пак, од своја страна, го подучува лавот да биде потрпелив и како паметно да ја канализира неговата интелигенција. Лавот може ќе си мисли дека девицата е премногу претпазлива и секогаш ги гледа работите со широко отворени очи, но нема да ù го замерува тоа. Девицата пак, може да смета дека лавот на моменти се однесува премногу себично, но таа може да го научи како да стане почувствителен и пообѕирен кон чувствата и потребите на другите.rnrnЛавот е управуван од Сонцето, а девицата од Меркур. Лавот, исто како Сонцето испушта топлина и светлина секаде каде што ќе зачекори и очекува сите да му бидат потчинети и да се благодарни што ја имаат честа да бидат во негово друштво. Девицата пак, секогаш успева да допре до срцата на другите луѓе. Таа е внимателна и секогаш претпазливо ги анализира сите детали пред да се посвети кон остварување на некаква цел. Двајцата партнери треба да си дадат себеси повеќе време, за да можат да ја увидат вредноста и корисноста од пристапот кон животот, кој го има нивниот партнер.rnrnЛавот импулсивно почнува нови проекти без да застане да помисли која е неговата мотивација за таа работа. Девицата од друга страна, има попрактичен пристап кон работите. Таа секогаш се грижи за резултатите кои ќе произлезат од трудот кој го вложила во нешто, а лавот едноставно си тера напред кон својата цел, без да се заморува со последиците од тоа.rnrnДевицата сака да поминува многу часови во работа. Многу е вредна и сака да може да се подели себе на многу делови, за да може да работи повеќе нешта истовремено. Лавот пак, ужива да биде во менаџерска улога на некој проект и да им доделува работна улога на учесниците. Лавот и девицата немаат потреба да докажуваат кој е „поглавниот“ во нивната врска, а тоа им скратува многу непотребни расправии.rnrnНајдобриот аспект од љубовната комбинација лав и девица е нивната ефикасност како пар. Лавот настојува да го привлече вниманието кон себе и да добие почит од другите луѓе, на начин што успева да го разбуди „социјалниот ѕвер“ во нив, демонстрирајќи им нови и интересни идеи, кои потекнуваат од неговата желба за забава и возбуда. Девицата е вредната пчеличка, која работи „зад сцената“, закажува состаноци и ги следи сите детали, за кои лавот изгубил интерес да ги забележува. Нивните карактери се спротивставени на толку многу начини, но токму тоа ги прави овие партнери високо компатибилни.rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn
Лав и девица – љубовна комбинација

[23:17:19] Криста: Лавот настојува да го привлече вниманието кон себе и да добие почит од другите луѓе, на начин што успева да го разбуди „социјалниот ѕвер“ во нив, демонстрирајќи им нови и интересни идеи, кои потекнуваат од неговата желба за забава и возбуда.