КАФЕ ПАУЗА

Рак и лав – пријателска комбинација

Рак и лав – пријателска комбинација

Лавот може да биде најшармантниот, но и најдосадниот пријател за ракот. Да, лавот е топол, лојален, великодушен и полн со љубов – дефинитивно карактеристики кои ракот ги обожава. Но, овој пријател често се однесува како шеф, себичен е и знае да биде тврдоглав. Исто така, лавот не може да се помири дека лидерските вештини на ракот се посилни од неговите.Рак и лав – пријателска комбинацијаЛавот ја цени добродушноста, топлината, одговорноста и интуицијата кај ракот. Кога сака да ја преземе главната улога во некоја ситуација, лавот ќе успее да ги искористи особините на ракот за своја корист. За среќа, раковите се трпеливи личности. Со тек на време, нивниот пријател во знакот лав ќе види дека му се исплати да се повлече кога станува збор за организирање забави, делење на сметката од заедничката вечера или излегување на крај со менаџерот во хотелот. Штом ракот ја добие ваквата моќ, тој со задоволство ќе му го отстапи местото под рефлекторите на својот гламурозен пријател – лавот.rnrnПонекогаш дружбата со нерасположениот рак може да биде предизвик за секогаш расположениот лав. За среќа, лавот е добар во прогледување низ прсти кога станува збор за неговите пријатели, па ни ракот не е исклучок. Лавот ужива кога ракот го гости со неговата омилена храна секогаш кога ќе намине кај него. Исто така, ракот ќе му каже на лавот дека изгледа добро дури и во најлошите денови. За возврат, ракот добива безусловна љубов која ја граделе уште од детството. Меѓу нив може да се јават недоразбирања, но за среќа и двајцата гледаат на пријателството како на нешто многу поважно од некои безначајни препирки.rnrnЗаедничките интереси на ракот и лавот вклучуваат танцување, пливање, купување мебел и антиквитети, сликање со масло и готвење.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.