Лавовите се парадокс во движење, но на добар начин. Тие се сончев знак што емитува светлински знаци, додека истовремено имаат и смирувачко присуство. Исполнети со страст и дарежливост, вие ќе се најдете во една од најинтензивните врски досега во вашиот живот и ќе сфатите дека сте пресреќни што љубите Лав.rnrn
rnrnТреба да љубите Лав ако сакате долготрајна љубов. Лавовите се страсно верни. Не е случајност што токму лавот е симбол на овој знак. Откако тие еднаш ќе најдат партнер што може да ја поднесува нивната интензивна личност, веднаш ќе престанат да бараат други можности. Тие знаат дека сретнале рамноправен партнер и ќе направат сè за да го задржат.rnrnСо Лавовите секогаш ќе знаете на што сте. Тие се брутално искрени и директни, па во секој момент ќе знаете што им минува низ глава. Едноставно нема потреба ни да ги криете емоциите со Лавовите бидејќи сè што тие сакаат е да ги живеат нивните животи некомплицирано и што е можно потранспарентно.rnrnТреба да љубите Лав ако сакате да излезете од вашата удобна зона. Лавовите се бестрашни трагачи по возбуда, што постојано бараат нова адреналинска доза. Без разлика дали станува збор за нешто лудо како скокање од авион или нешто едноставно како вкусување нова храна, Лавовите би пробале сè, но и би ве натерале и вас да уживате во истото.rnrnПокрај Лавовите, вашиот живот постојано ќе станува подобар. Најдоброто нешто кај Лавовите е токму нивната способност да ги читаат другите луѓе, па затоа и ќе ве знаат подобро од што се знаете самите себе. Тие ќе ги знаат сите ваши добри страни, но и сите ваши маани поради кој и ќе ве љубат бескрајно.rnrnТреба да љубите Лав ако сакате да имате силен партнер. Тие исто така се и страсно независни, па ако сакаат да направат нешто, нема да бараат одобрување од никого. Нивниот оптимизам и детерминацијата ќе им помогнат да ги надминат сите пречки и брзо да се вратат на нозе кога ќе паднат. Ова може да биде застрашувачко од страна, но и многу мотивирачко.rnrnЗаљубувањето во Лавовите е како да се заљубите во својот најдобар пријател. Тие зрачат со добри вибрации и ве прават среќни дури и само со своето присуство. Исто така би направиле сè за луѓето што ги сакаат, дури и да треба да поминат низ пеколот за да ги направат среќни. Лавот ќе биде светлото во вашиот живот што никогаш не сте знаеле дека ви требало.rnrnДознајте и кои се 3-те хороскопски знаци што најмногу му одговараат на Лавот.
Category: Лав
-

Еве зошто треба да се заљубите во Лав
-

3-те хороскопски знаци што најмногу му одговараат на Лавот
Ако Лавот успее да се најде со еден од овие знаци, тогаш тој без сомнение ќе ја изгради врската од своите соништа. Со Овенот ќе имаат романтична, но моќна врска, со Стрелецот постојано ќе одат во авантури, а со Близнаците пак, тие ќе се согласуваат на секое ниво. Погледнете ги најдобрите љубовни комбинации на Лавот.rnrn
rn3. Овен
rnЗаедно, тие се тврдоглаво дуо, но најчесто се на иста бранова должина. Како огнени знаци, Овенот и Лавот сакаат големо покажување на емоциите, а исто така и си ги почитуваат нивните идеи за романса. Не очекувајте 72-часовно допишување пред да излезете на љубовен состанок, бидејќи Овните се брзи кога некој им се допаѓа, а Лавовите обожаваат кога им пристапуваат директно.rn
2. Стрелец
rnФизичката хемија меѓу Стрелците и Лавовите ги надминува сите граници. Тие се како два златни ретривери – полни со енергија и кинетичка љубов. Тоа значи дека ќе се „борат“ во парк (другите можат да ги превртуваат очите но тоа е навистина забавно), ќе јаваат коњи (Стрелецот сепак е кентаур), ќе одат на боксување, жешка јога и ќе имаат многу секс. Кога конечно ќе најдат време да здивнат, тие ќе го делат своето чувство за оптимизам и ќе ја ценат својата потреба за добар разговор. И тоа е одлично бидејќи Стрелецот обожава да зборува!rn
1. Близнаци
rnНајдобриот партнер за Лавот во зодијакот се Близнаците. Постои нешто магично во секоја комбинација помеѓу воздушен и огнен знак, како во оваа ситуација. Близнаците се неодоливи и интелигентни. Исто така, не им пречи нивниот партнер да го преземе водството. Природната харизма и енергија на Лавот може да ги маѓепса бурните Близнаци. И Лавот и Близнаците се млади во срцето, со голема желба за авантури, па очекувајте состаноци насекаде, од истражување на напуштен забавен парк до вечера помината на кошаркарски натпревар.rnrnОд друга страна пак, љубовниот живот на Лавовите на моменти изгледа како шпанска серија, но дефинитивно вреди за целиот труд!
-

Сексуална астролошка компатибилност: Овен и Лав
Нивната заедничка иднина ќе вклучува интензивна сексуална привлечност и интересни здрави предизвици, кои ќе ги одржуваат физички и ментално стимулирани. Голема е веројатноста нивната врска да биде долготрајна. Со заеднички сили, тие ќе оформат престижно дуо, кое е многу можно да создаде богатство.rnrn
rnrnИ Овенот и Лавот ќе треба да ја контролираат нивната агресивност, бидејќи во спротивно ќе имаат интензивни емоционални конфронтации секојпат кога ќе се почувствуваат занемарено од партнерот. Овенот треба да се потруди да му даде на Лавот „кралски“ третман каков што тој посакува, и обратно. Доколку Овенот и Лавот се во потрага по секс кој ќе ги задоволува нивните мечти, тие треба да завршат со потрагата, бидејќи оваа врска ќе им го овозможи тоа. Двата знака се интензивни и страсни и се многу компатибилни во спалната соба, но и надвор од неа. Исто така, прогнозата за иден брак е доста возможна.rnМаж Овен и жена Лав
rnКога претставници на овие два знака се во врска, нивното срце чука многу силно и искри летаат наоколу. Тие се многу страсна и возбудлива љубовна комбинација. Горделивата Лавица ужива кога некој ја обожава, а кога Овенот ќе реши да ја освои нејзината љубов, таа ќе се чувствува како вистинска ѕвезда. Тој е херојот, а таа е дамата во неволја. Ваквото сценарио е проследено со жешки љубовни сцени и среќен крај како од бајките. Жената Лав ќе го опсипува нејзиниот Овен со романтични гестови, а тој нема никогаш да ја разочара во сексуалниот живот. Тие се многу креативен и компатибилен љубовен пар.rn
Жена Овен и маж Лав
rnЗабава и страст ја водат врската помеѓу мажот со хороскопски знак Лав и жената Овен. Оваа комбинација има победнички карактер. Ниеден од нив не ги прикрива емоциите и тие се многу независни и креативни.rnrnНивниот сексуален стил наложува многу акција и играње секс-улоги. Жената Овен мора да биде број еден во врската, а и мажот Лав сака вниманието да биде свртено кон него, па поради ова може да се јави проблем во оваа врска. И Овенот и Лавот се многу зафатени негувајќи го нивното сопствено его, што забораваат да го негуваат односот со својот партнер. Доколку женскиот Овен научи како да ја цени дарежливоста на Лавот, тој ќе ја разбере нејзината потреба да биде главна, а тие два фактори се најзначајни за развојот на нивната врска.
-

30 брутални вистини коишто треба да ги знаете за карактерот на Лавовите
Смел, интелигентен, срдечен, страстен и енергичен, огнениот знак Лав е природен водач во Зодијакот, подготвен да го постави патот, да ја совлада неправдата и во меѓувреме да си ја покрене и својата репутација. Благословени со висока самодоверба, Лавовите знаат дека поседуваат особини кои сите ги посакуваат и се гордеат со тоа. Тие не веруваат во лажна скромност и ќе бидат првите кои ќе се пофалат себеси за добро завршената работа. Но Лавот не ги преувеличува своите квалитети и способности. Токму напротив, тој со задоволство ќе ги засука ракавите и ќе ја заврши работата: овој знак знае дека за да се биде почитуван и обожаван од другите, мора да вложи труд којшто е достоен на еден лидер.rnrn
rnrnНо, за Лавот животот не се состои само од успеси и напорна работа. Полн со страст и енергија, овој знак обожава да се дружи и без никаков проблем стекнува нови пријатели. Сепак, да одвои доволно време за вас секогаш кога вие ќе посакате, е невозможна мисија, бидејќи Лавот секогаш се става себеси на прво место и ќе го одбие секој план, којшто не се совпаѓа со нивната агенда или замисла за забава. Поради тоа, луѓето често ги сметаат за арогантни личности. Од друга страна, ако реши да го помине времето со вас, значи дека искрено го сака тоа.rnrnПрочитајте ги и следниве 30 брутални вистини за нивниот карактер:rnrn1. Мотото на Лавот гласи: „Јас нема да се променам, така што подобро навикни се ти на мене.“rnrn2. Лавот секогаш ќе биде десет чекори пред вас.rnrn3. Оставете ги насамо кога се чувствуваат лошо.rnrn4. Ако Лавот Ве сака, ќе станете негов плен. И верувајте, ќе ве освои!rnrn5. Лавот не ја покажува својата ранливост пред никого.rnrn6. Вистинските Лавови секогаш ќе страдаат тивко и во себе, само за да си ја задржат гордоста.rnrn7. Жените Лавови не се заводнички за пари. Тие знаат како да заработат пари и без никаква помош од маж.rnrn8. Од Лавовите, можеме да научиме како да ги надминеме животните препреки и да го добиеме она што ни е потребно.rnrn9. Нема поента да му нудите совет на Лав… Tој секогаш ќе си тера по свое.rnrn10. Лавот се грижи за вас, бидејќи му значите. Кога ќе престане да се грижи, значи дека вие повеќе не му вредите ништо во животот.rnrn11. Лавовите можеби изгледаат пријателски настроени, но тие добро го проучуваат секој ваш потег и си фаќаат забелешки, со цел да одлучат дали сте достојни за нивната доверба.rnrn12. Ако му кажете на Лав да си оди, голема е веројатноста дека ќе зажалите бидејќи ако еднаш си замине, тој повеќе нема да се врати назад.rnrn13. Лавовите не се воопшто трпеливи индивидуи.rnrn14. Ако го заборавите роденденот на Лавот или не му честитате, ќе бидете избришани од неговата листа на најдобри пријатели. На претставниците на овој знак, роденденот им е една од најбитните работи.rnrn15. Доколку изоставите да ги споделите деталите за ситуацијата со Лавот, тој ќе си го сфати тоа лично.rnrn16. Лавовите честопати се разочарани поради нивните високи очекувања од луѓето.rnrn17. Нив не им е потребно константно внимание, но одвреме-навреме ќе морате да ги убедувате дека ви се потребни подеднакво колку и вие на нив.rnrn18. Начинот на размислување на Лавот, накратко изгледа вака: „Осуди ме и ќе ти покажам дека грешиш. Кажи ми дека не можам и ќе ти покажам колку далеку можам да стигнам“.rnrn19. Кога Лавот ќе ви се налути, тој не сака да слушне што имате да му кажете.rnrn20. Лавот избегнува да ги разочарува луѓето, па поради тоа тој често ќе вели „Да“, дури и кога повеќе ќе сака да каже „Не“.rnrn21. Никогаш нема да успеете да имате контрола врз Лавот.rnrn22. Лавовите ги нервираат луѓе коишто зборуваат многу, но не покажуваат никаква реакција на тоа.rnrn23. Вистинскиот Лав нема никогаш да се откаже. Тој секогаш ќе ги најде потребните средства и ќе продолжи понатаму.rnrn24. Лавовите сметаат дека секој сам си ја одредува својата судбина и доколку не се обидете да си го подобрите својот живот кога сте во неволја, тогаш немате право ни да се буните.rnrn25. Кога се нервозни, тие ќе кажат многу лоши зборови поради кои подоцна ќе зажалат.rnrn26. Лавовите честопати решаваат да дадат втора шанса, но веруваат дека давањето трета шанса би било еднакво на покажување глупавост.rnrn27. Лавовите имаат предиспозиции за кратки депресивни периоди и моменти на гнев, кои кај нив се појавуваат одненадеж.rnrn28. Лавовите се смирени и дарежливи кон луѓе коишто го заслужуваат тоа.rnrn29. Лавот обожава да се смее на што и да било.rnrn30. Лавовите можат да бидат прилично сензитивни, но секогаш ќе се обидат да го сокријат тоа.rnrnМоже да ве интересираат и овие 30 брутални вистини коишто треба да ги знаете за карактерот на Раковите. -

Самоуверени и тврдоглави: Припадничките на овој хороскопски знак сакаат лудо и страсно
Ќе ги препознаете по нивното карактеристично гласно смеење, по убавата насмевка, по самодовербата која зрачи од нив. Тие се привлечни, страсни, полни со живот, а за нив се верува дека се хороскопски знак кој најлудо и најстрасно се вљубува и сака. Претпоставивте за кого се работи? Секако, тоа се жените родени во знакот Лав. Еве какви се тие во односите со луѓето…rnrn
rnВрски
rnНезависната и индивидуална припадничка на знакот Лав сака партнер со кој ќе ги дели истите карактеристики. Нејзе не ѝ треба некој што ќе се грижи за неа, туку маж што ќе ѝ дозволи да се покаже со целата своја сила. Сака динамика и забава во врската, но рутината може нагло да ја оддалечи.rn
Секс
rnЗа Лавицата може да се каже дека е еден од сексуално најотворените знаци во хороскопот. Таа знае како да ја искористи моќта и подвижноста на телото, а за време на сексот секогаш е самоуверена во она што го прави. Разбира дека сексот е природен дел од животот, а во него внесува и имагинација и креативност.rnrn
rnПријателства
rnБлагодарение на енергијата што ја носат, топлата личност и ентузијазмот, Лавиците привлекуваат луѓе околу себе, дури и такви со кои никогаш не би биле пријатели. Меѓу нив може да има и многу обожаватели. Таа е великодушна и сака да вложува во вистинските пријателства.rn
Изглед и стил
rnКосата е секогаш нескротлива и веднаш воочлива, има изразени црти на лицето, големи очи, поглед со искра, широко чело, по малку чпртав нос и мали уши. Нејзината коса е нејзина најголема гордост. Природната боја е нијанса на руса или на црвена. Висока е, со цврсто тело, истакнати коски и аристократско држење. Секогаш изгледа гордо и урамнотежено. Облеката ја избира така што ќе одговара на нејзината огнена природа.rnrnСо жена Лав секогаш ќе бидете сигурни дали ѝ се допаѓате или не, затоа што таа не чувствува потреба да прикрива или да лаже за чувствата. Со неа секогаш ситуацијата ќе биде повеќе од јасна, затоа што е навикната да игра чиста игра, без заобиколувања. Нејзиниот карактер доаѓа од огнената природа на знакот, па затоа е подобро да ја прифатите и да не се обидувате да ја смените. Ако не го можете тоа, запрашајте се дали воопшто сакате да бидете во каков било однос со таква личност?rnrnПрочитајте ги и овие 10 стереотипи за лавовите кои не се вистинити.
-

Кој хороскопски знак има најмногу среќа?
Близнаците се секогаш на вистинското место во вистинското време, па затоа и се смета дека се родени под среќна ѕвезда. Тие имаат блага природа и не сакаат конфликти, па тоа ги прави и многу среќни по природа. Но, постои уште едно толкување на јазикот на ѕвездите што вели дека оваа титула им припаѓа на Лавовите. Иако Близнаците може да се сметаат за најсреќниот знак, оние што всушност имаат најмногу среќа се Лавовите.rnrn
rnrnМногумина не се согласуваат со ова мислење бидејќи среќата на Лавовите најчесто зависи од другите. Тие уживаат во својот живот, успеваат на секое поле и го прават само она што ним им одговара најмногу – правејќи ги неспособни да ги забележат туѓите маки настаните од нивните дела. Тие се наметливи и сакаат публика, односно обожаваат да бидат во центарот на вниманието и главната причина за громогласниот аплауз.rnrnИмајќи го ова на ум, тие се и едни од ретките што постојано имаат позитивен став. Лавовите исто така изобилуваат и со оптимизам, ширејќи позитивна енергија што постојано им носи добрини во нивна насока. Ако ги споите сите овие нешта на едно место, вклучувајќи ги и нивните помалку посакувани карактеристики, ќе сфатите дека тие самите си ја повикуваат среќата, која пак како резултат на нивните ставови и однесување, насекаде ги следи.rnrnПа, ако имате Лав во близина, поминувајте што е можно повеќе време со него, бидејќи среќата е заразна! Исто така, прочитајте и кој е најсреќниот и најсилниот знак во хороскопот! -

Видео хороскоп: Лавот во кратки црти
Да се наведат сите карактеристики на родените во знакот Лав, е исто како да ги прочитате сите имиња на крајот од филм, кои се заслужни за неговото реализирање. Лавот може да ја одигра секоја улога во филмот и притоа да го прилагоди светлото, за да се осигури дека секогаш ќе биде во центарот на вниманието. Овие луѓе сакаат секогаш да бидат забележани и да привлекуваат внимание. Погледнете повеќе во видеото…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=qT9Ud8p2omI
-

Жената во овој хороскопски знак е како центар на универзумот
Великодушна, привлечна, отмена, страсна, тврдоглава, упорна, љубезна, темпераментна, полна со живот, роден лидер… Лесно ќе ја забележите оваа жена, таа се смее најгласно, нејзината насмевка е најубава и зрачи со самодоверба. Станува за збор за жените Лавици.rnrn
rnrnСо овој хороскопски знак владее сонцето, центарот на универзумот, па затоа и Лавицата тежнее да биде во центарот на вниманието. А тоа секогаш ѝ успева.rnВрски
rnБидејќи е независна, таа бара партнер со истата особина. Нејзе не ѝ е потребен некој што ќе се грижи, туку потребен ѝ е партнер што ќе ѝ ја покаже својата сила. Таа сака забава и динамика во врските, а не може да поднесе рутина. Во љубовта најдобро се сложува со Близнаци, Стрелец и Вага.rn
Пријателство
rnБлагодарение на својата волшебна енергија и ентузијазам, Лавицата е како магнет за други луѓе, а нејзините пријатели многу често се луѓе кои ја обожуваат. Лавицата сака да им угодува на своите блиски, а на многумина им е и најдобра пријателка. Таа никогаш нема да изневери пријател и секогаш ќе биде овде за нив. Простува сè освен едно – предавство.rn
Изглед и стил
rnОвие девојки имаат густа коса, баш како лавовска грива, изразени црти на лицето, големи топли очи, широко чело и мали уши. Лавиците се најгорди на својата коса која многу често е руса или црвена. Лавиците се високи, со долги нозе и силни мускули. Секогаш изгледаат угледно и гордо. Тие сакаат да се украсуваат со накит и други модни додатоци, а облеката најчесто им е со жолта и портокалова боја. Тие купуваат облека само со најдобар квалитет и сакаат да носат облека која другите ја немаат. Тие можат да изгледаат одлично и во најчудните модни комбинации. Обожуваат кашмир и свила.rnrnОбожуваат да одат на фризер, а во нивниот гардеробер сигурно ќе најдете чевли со циркони или ѓердани со големи светкави камења. Лавиците купуваат во придружба на пријателките кои се овде само за да им даваат комплименти. Тие уживаат да се огледуваат, а коментарите за нивниот изглед доаѓаат од сите страни. Жените Лавици се вистински ѕвезди.
-

Љубовниот живот на Лавовите на моменти изгледа како шпанска серија, но дефинитивно вреди за целиот труд!
Како најголемите зависници од романса во зодијакот, Лавовите обожаваат да бидат заљубени и затоа кога се во врска сакаат целиот свет да го знае тоа! Некои од најпознатите љубовни романси биле токму помеѓу двајца Лавови, како на пример, Мадона и Шон Пен, Бен Афлек и Џенифер Лопез, Антонио Бандерас и Мелани Грифит, Бил Клинтон и Моника Левински… Просто и едноставно, Лавовите обожаваат драма – всушност, нивниот знак владее со неа! Ако нема огномети што го разгоруваат ноќното небо, тие воопшто не ни сакаат да бидат дел од таа врска. Црвени рози, поезија, скапи подароци… тие би прифатиле сѐ!rnrn
rnrnСепак, најголемиот порок на Лавот е неговата потреба за внимание. Партнерот може да ги задржи крај себе само доколку му дава доволно количество внимание, но и доволно простор за да му овозможи очајно да ги брка за нова доза.rnrnИако изгледаат како да имаат сѐ по контрола во својот професионален и приватен живот, нивниот љубовен живот на моменти делува како шпанска серија. Пријателите им се чудат на романтичните избори, па затоа и неретко се случува да изгубат по некој пријател поради целата таа драма. Внимавајте на овој циклус, бидејќи е екстремно тешко за Лавовите да го прекршат.rnrnТие владеат со џунглата, и бидејќи се толку моќни, тешко им е да најдат партнер кој ќе ги следи во секој чекор. Но сѐ додека тој или таа можат да направат да се чувствуваат кралски, тие не се грижат дали се во врска со личност што не им одговара – тие секако ќе изградат уште еден трон крај нив. Обожувањето и восхитувањето може многу да помогне, всушност тоа е тајната за да задржите еден Лав во вашите прегратки. Но внимавајте, бидејќи тие брзо можат да го потрошат вашето трпение – не е лесно да се грижите за големото его на Лавовите.rnrnЛојалноста е клучна за еден Лав, па доколку останете крај него без разлика на сѐ, тој ќе ве почитува доволно за да се бори за вашата врска. А неговото тајно оружје? Тоа е срцето! Партнерите стануваат зависни од топлината, дарежливоста и љубовта на овие моќни луѓе. Водени од Сонцето, тие се како извор на живот за сите околу нив, па затоа и многумина се задоволуваат само со топлината што сјае преку нивните зраци и прават сѐ да останат во близина, притоа не барајќи многу за возврат.rnrnАко ја научат вистинската вредност на тоа што можат да го понудат, Лавовите никогаш нема да се задоволат со ништо помалку од тоа што го заслужуваат. Иако понекогаш егото може да им предизвика хаос со цел да ги контролира нивните емоции, сепак со соодветната поддршка од внимателен и грижлив партнер тие можат да се изборат и да создадат врска што изобилува со љубов, поддршка и почит. На крајот, тие успеваат да научат дека жртвувањето на малку гламур може да биде одлична замена за здравата љубовна врска што ги исполнува.rnrnПрочитајте ги и овие 12 факти кои ќе ги разберат само личностите родени во знакот Лав! -

10 стереотипи за Лавовите кои воопшто не се вистинити
Лавовите се честопати многу погрешно разбрани. Тие секогаш зрачат со самодоверба, енергија и цврст став, но и покрај нивната силна надворашност, Лавовите имаат и ранлива страна која ја откриваат само пред вистинските луѓе. Длабоко во себе тие се слатки мачиња кои бараат љубов и грижа како и сите останати луѓе на светот.rnrn
rnrnТипичниот хороскоп за Лавовите е полн со стереотипи кои воопшто не се вистинити. Ако мислите дека добро ги познавате Лавовите, размислете уште еднаш. Ова се погрешните стереотипи што владеат за овој огнен хороскопски знак…rn1. Обожаваат да бидат во центар на внимание
rnПознато е дека Лавовите обожаваат да бидат во центарот на вниманието, но во поголемиот број од случаите тоа не е вистина. Точно е тоа дека тие сакаат да го привлекуваат туѓото внимание, но не им се допаѓа кога буквално сечии очи се вперени во нив. Тие сакаат да добиваат внимание од луѓето кои им значат и со кои се обидуваат да остварат поврзаност, а не од луѓето кои воопшто не ги познаваат.rn
2. Се чувствуваат како кралеви и кралици
rnЛавовите можеби навистина имаат високо мислење за себе, но тие нема да очекуваат од вас да се однесувате со нив како да се кралеви или кралици. Тие не бараат кралски третман, туку почит. Немојте погрешно да ја разберете оваа желба да се добие почит. Лавовите само го бараат за возврат она што им го пружаат на другите.rn
3. Обожаваат да драматизираат
rnДраматичноста и страста се две различни работи. Лавовите се многу страсни луѓе и тие зборуваат за работите што ги интересираат со многу жар и ентузијазам. Нивните емоции се многу интензивни, па затоа понекогаш нивните реакции делуваат драматично. Понекогаш знаат да навредат некого, но не го прават тоа намерно. Толку многу работи се случуваат во нив што порано или подоцна мораат да го исфрлат насобраниот емотивен набој.rnrn
rn4. Сакаат да контролираат
rnЛавовите без проблем ќе ја препуштат контролата во ваши раце ако видат дека знаете што правите. Тие обожаваат да решаваат проблеми, па затоа честопати преземаат контрола врз ситуацијата ако никој не покаже иницијатива. Но, тие секогаш сакаат да ги слушнат и туѓите идеи и подготвени се да ви дозволат вие да ја контролирате ситуацијата, доколку навистина можете и сакате.rn
5. Многу се ладни
rnПонекогаш Лавовите навистина делуваат ладно и бесчувствително, но не дозволувајте нивната надворешност да ве прелаже. Тие можеби не ги покажуваат нивните емоции премногу често, но навистина се грижат за чувствата на пријателите, семејството, па дури и на непознати луѓе. Можеби Лавовите нема да сочувствуваат со вас кога ќе настинете, но дефинитивно можете да сметате на нив ако имате сериозен проблем и ви треба нивната помош.rn
6. Многу се пребирливи
rnЛавовите не се пребирливи со цел да бидат проблематични. Тие едноставно знаат што сакаат и нема да прифатат ништо помалку од тоа. Само затоа што сакаат свежно мелено кафе, а не кафе во прав, не значи дека пребираат за сѐ друго во животот.rn
7. Себични се
rnЛавовите се многу амбициозни и секогаш се стремат кон остварувањето на нивните цели. Можеби отстрана делува како да прават работи што се само во нивна корист, но вистината е дека тие се обидуваат да го извлечат најдоброто од себе и да го живеат својот сон. Кога станува збор за делење работи, правење услуги и помагање на непознати, Лавовите се многу дарежливи.rnrn
rn8. Многу се комуникативни
rnЛавовите ги привлекуваат луѓето, но тоа не значи дека се секогаш расположени за разговор. И тие знаат да бидат многу срамежливи, интровертни и затворени, што понекогаш ги спречува да се зближат со другите. Ќе ви треба подолго време за навистина да ги запознаете Лавовите, но откако ќе се случи тоа, постои голема веројатност дека ќе се вљубите во нив.rn
9. Многу се арогантни
rnЛавовите зрачат со самодоверба и тоа за многу луѓе делува застрашувачки. Но, тоа не им влијае бидејќи тие се чувствуваат удобно во своја кожа, знаат што сакаат, имаат цврсти ставови и уживаат во сопственото друштво. Лавовите никогаш нема да почнат да прават нешто што мислат дека залудно ќе им го потроши времето и енергијата. Тие секогаш се подготвени да го бранат своето мислење, а тоа другите го толкуваат ако ароганција.rn
10. Сакаат луксуз
rnЛавовите навистина повеќе се грижат за квалитетот отколку за квантитетот, но тоа не важи за секоја област од нивниот живот. Не им требаат луксузни автомобили, скапи чевли и скапоцен накит. Но, нивниот вус е навистина многу истенчен кога станува збор за работи што би можеле да им го збогатат животот на духовно и интелектуално ниво. Припадниците на овој знак сакаат да патуваат и да го видат светот, сакаат да уживаат во добро вино и да ја доживеат уметноста и музиката. Лавовите обрнуваат внимание на искуствата, а не на материјалните нешта.rnrnВо продолжение дознајте како да заведете и задржите Лав.