rn
Близнаци
rnБлизнаците се сметаат за мајстори на трансформацијата, посебно кога станува збор за стилот и модата. Тие се способни во еден момент да бидат елегантни дами, а веќе во друг да нè изненадат со нивниот изглед во некоја спортска гардероба. Исто така, умеат многу добро да ја комбинираат деловната облека и да изгледаат како баш тоа да е нивниот стил на облекување. Можеби токму заради тоа поголем број од светски познатите модели се родени во овој шармантен хороскопски знак, како Адријана Лима и Хајди Клум.rnrn
rnrnНивната моќ за трансформација е неверојатна и тие се едни од жените кои постојано ги менуваат стиловите на облекување, имајќи чувство дека секогаш нешто им фали. Сакаат промени, а посебно уживаат да експериментираат со својата фризура. Ги сакаат сите стилови, па затоа и поседуваат голем број парчиња облека во својот гардеробер.rnrnСклони се кон импулсивен шопинг, за што треба да водат повеќе грижа. Овие жени имаат во себе вродена грациозност, па така често не се преоптоваруваат со она што го носат на себе, делувајќи им на другите како да поминале три дена пред огледало.rnrnПознати се по своето позитивно расположение, кое придонесува да бидат забележани каде и да одат. Дамите родени во знакот Близнаци обожуваат да носат прстени, колку поголеми – тоа подобро, но и кожни ракавици во рок стил.rnrn
rnrnЧасовниците и ракавиците се нивниот заштитен знак, а ваквиот накит е задолжителен за секојдневните комбинации. Близнаците, поради големиот број на ситници што ги носат со себе, од мобилен телефон па сè до преполни козметички торбици, често избираат големи чанти од кои не се одвојуваат. Како што се менуваат трендовите, жената Бик ги менува своите стари чанти за некои нови и помодерни, иако се свесни за фактот дека доволно им е полн гардероберот.rnrnБлизнаците се вечни деца, што често се приметува и по нивниот надворешен изглед, бидејќи изгледаат многу помладо од нивните години, па дами Близнаци, секоја чест!rnrn
