КАФЕ ПАУЗА

Моден хороскоп за жени

rn

Рак

rnДамите кои се наоѓаат во овој хороскопски знак или подзнак се романтични души и вечни сонувачи. Доколку овие особини успеат да испливаат на површина преку стилот на облекување, тогаш сигурно ќе изгледаат како модни икони од педесеттите години. Прва асоцијација за типичните жени-Ракови се цветните мотиви, парчињата облека со ретро изглед и по некое романтично парче накит, кој е секогаш во преден план.rnrn(7) moden-horoskop-za-zheni-kafepauza.mkrnrnНа Раковите најдобро им прилегаат белата, сребрено-сивата и светлосината боја, кои ја истакнуваат нивната нежност. Жените во овој знак често го менуваат расположението низ месеците, а со тоа и стилот на облекување, зависно од ситуацијата. Предноста во тоа е што тие успеваат да изгледаат одлично во речиси секој стил, од спортски тренерки па сè до елегантни фустани и здолништа (Жизел Бундшен).rnrnМеѓутоа, имаат прилично постојан вкус во изборот на долната облека, која е секогаш квалитетна, од меки материјали, а понекогаш и доста луксузна во однос на она што го носат на себе. Сепак, бидејќи Ракот е симбол на куќата и семејството, најудобно се чувствуваат во кругот на својот дом, облечени во своите пижами, лесни тренерки и фустанчиња, и меки папучи кои секогаш внимателно ги одбираат.rnrn(8) moden-horoskop-za-zheni-kafepauza.mkrnrnШто се однесува до нивниот накит, жените-Раковите обожаваат едноставни модели на накит од бело злато, иако некогаш ќе им биде доволен само рачен часовник или мали бисерни обетки за да бидат подготвени за некоја прилика или свеченост.rnПрепознатливи се и по обичните маички со апликации од цртани јунаци и ликови од девојчиња кои обожаваат да ги носат секој ден во комбинација со тесни фармерки, бидејќи Раковите се и ќе останат вистински романтични девојки!rnrn