Во четвртата епизода од „Кафе со…“, на кафе со водителката Јана Спирковска, Ева Јовановска – Евче раскажува за пораката што ја насмеа до солзи и што ѝ стигна повторно после цели две години, за славата што бара приватност и за работата во која, како што вели, „приватноста ја покажува јавно“.
Од Бекстејџ до TikTok
Евче се сеќава како од едно интервју стигнала до водителството, зошто социјалните мрежи денес се професија, а не хоби, и зошто некои соработки ги одбива без разлика на понудата: „Не можам сè да рекламирам, јас не сум билборд.“ Зборува искрено и за негативните коментари, за драмите што најбрзо носат популарност и за гостите што најмногу ја изненадиле.
Со кого не би пиела кафе
На крајот, на традиционалното прашање со кого не би пиела кафе, одговорот е поврзан токму со онаа порака од почетокот. Целата епизода е во плеерот погоре.
„Кафе со…“ ви го носи Crispify. Емисијата ја поддржуваат Smart Invest Group и DIAS. Снимено во Karli Cafe. Продукција: Тараба Медиа и Прокам.





