КАФЕ ПАУЗА

Моден хороскоп за жени

rn

Бик

rnЖената-Бик е најголемиот хедонист меѓу хороскопските знаци, а најголем доказ за тоа е примерот на Одри Хепберн. Сосема е доволно и самиот подзнак да е во знакот Бик или Венера да е сместена во овој знак, за овие жени да бидат икони на хедонизмот.rnrn(3) moden-horoskop-za-zheni-kafepauza.mkrnrnЗнаат да уживаат многу повеќе од сите останати хороскопски знаци, како во естетскиот изглед преку стилот на облекување, така и во храната и малите работи. За Биковите најчесто велат дека патат од вишокот килограми, но тие поседуваат вештина со која умешно знаат да ги прекријат оние мали несовршености, што резултира со одличен изглед.rnrnЖените-Бикови се природно ориентирани кон удобноста и комфорот, а оние најтипичните претставници на знакот сакаат максимално да се препуштат на задоволствата и големата потреба од шопинг пред сè, на најскапите и најквалитетни дизајнерски парчиња. Ако не се во можност да си дозволат такво задоволство, купуваат во бутици со огромен попуст, задржувајќи се кон правилото што повеќе – тоа подобро. Свесни се за импулсивниот шопинг како симбол на нивното задоволување на хедонистичките потреби. Сигурно во нивниот гардеробер се пронаоѓа и некое парче на кое сè уште етикетата не е извадена.rnrn(4) moden-horoskop-za-zheni-kafepauza.mkrnrnЕлегантните фустани во кои доаѓаат до израз нивните облини (Пенелопе Круз) се најосновното парче облека кое го поседува секоја жена-Бик. Внимателно го избираат секој дизајн и материјал на својата гардероба, која е најчесто составена од свила, кадифе или волна.rnrnОва се жени кои имаат природно чувство за естетика, и кои се спремни самостојно да го одберат она за коешто сметаат дека е модерно, слепо следејќи ги модните трендови. Деталите како марами, ѓердани и синџирчиња одлично го надополнуваат стилот на облекување, посебно доколку одберат некоја класична комбинација. Боите кои најдобро му прилегаат на Бикот се пастелните и кафените нијанси, како и розетата, светлосината и светлозелената боја.rnrn