Да се изговори „те сакам“ е многу тешко. Не секој може да ги каже тие зборови со значење. Но, има начини како да ги кажете без навистина да ги изговорите. А некогаш делата зборуваат многу погласно од зборовите…rnrn
rn
1. Станете најдобри пријатели
rnАко сакате да покажете љубов кон некого, прво станете нивни пријател. Тоа подразбира разбирање, поддршка и сеприсутност во нивниот живот. Да се биде пријател со некого значи дека ако ви се јави во четири наутро бидејќи не може да се справи со некој проблем, вие ќе помогнете. Ако го споделувате вашето време и енергија, тогаш таа личност ќе сфати дека навистина ви значи.rn
2. Прифатете ги сосе сите маани
rnКога мислите дека сте заљубени во некој, не избрзувајте со „те сакам“, но сепак покажувајте ги вашите емоции. Треба да набљудувате како таа личност поминува низ стресните ситуации и да видите како ќе се справи со нив. Лесно е да мислиме дека сечиј живот освен нашиот е розов, но тоа се само слатки лаги со кои се залажуваме. За да познавате некого и за да го сакате онаков каков што е треба да видите како се справува со предизвиците кои животот му ги доделува. Љубов е кога ги прифаќаме мааните на другиот, а ова не смее да биде исклучок.rn
3. Покажете дека се грижите да бидат среќни
rnПоддржувајте ги нивните цели. Помогнете им да ги согледаат нивните силни страни и да се доближат кон остварувањето на нивните соништа. Не ги обесхрабрувајте или исмејувајте поради нешто што сакаат да го прават. Вие треба да сте нивни најголем поддржувач и наместо да им одмогнувате, вие треба да ги поттикнете да останат фокусирани на целта. Кога се чувствуваат дека ја имаат вашата поддршка, тогаш ќе знаат дека се грижите за нив.rnrn
rn
4. Бидете тука кога поддршката им е потребна
rnЉубовта се искажува со самото тоа што сте тука кога им сте потребни. Бдеете над нивните кревети кога се болни, кога тагуваат или кога едноставно им е потребен некој за разговор. Ако не сте тука кога сте им потребни тие нема да ви веруваат дека ги сакате. За да постои љубов мора да се поврзете со нив. А искреноста се чувствува во гласот и во начинот на кој ги кажувате нештата. Нема потреба да кажете „те сакам“ кога тоа веќе го покажувате.rn
5. Не им судете кога ќе згрешат
rnСите носиме лоши одлуки во една или во друга доба од животот. Ако сте нивни пријател и личноста ви значи, вие нема да им судите кога ќе згрешат. Наместо тоа, ќе им помогнете да најдат солуции на нивните проблеми. Сите понекогаш грешиме, потфрлуваме, доживуваме пораз. Оној кој знаеме дека нè сака ќе ни помогне потсетувајќи нè дека сите сме само луѓе.rn
6. Тргнете ги маските
rnОсвен што треба да бидете искрени, исто така треба и искрено да се однесувате и да се отворите кон нив. Бидете оние кои што сте – понекогаш несредени, понекогаш хаотични во мислите. Едноставно оставете да ве запознаат онакви какви што навистина сте. Кога покажувате дека немате што да скриете, друга личност едноставно ја чувствува вашата љубов.rnrn
rn
7. Бидете целосно искрени со нив
rnКога сте ранливи и отворени со нив, тие сигурно ќе ја почувствуваат вашата љубов. Кога се чувствувате дека можете целосно да се отворите, вклучувајќи ги и вашите „неславни моменти“ тогаш тие ќе се заинтересираат за вас, кои сте и што сте научиле попатно. Можеби и вие ќе научите нешто ново што не сте го знаеле за себе.rn
8. Дружете се со нивните пријатели
rnАко сакате да ги запознаете луѓето, најдобро ќе научите за нив преку нивните пријатели. Ако ги мразите луѓето со кои се дружат, голема е веројатноста и нив да ги замразите по одреден временски период. Пријателите се одраз на нашиот карактер. Не залудно се вели со кој си – таков си. Штом покажете дека ги почитувате и се отворите пред нив – тоа е јасно „те сакам“ за кое не се потребни зборови.rn
9. Покажете интерес за нивното семејство
rnКако и пријателите, така и семејството претставува важен фактор во животот на саканата личност. Кога ќе го запознаете нивното семејство ќе разберете многу за врските кои тие ги имаат меѓусебно. А со самото покажување интерес да бидете дел од тие врски – вие изразувате љубов.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.