rn
Риби
rnРибите се прилично сензуални дами, вечни сонувачи кои својата природа вешто ја изразуваат преку гардеробата која ја носат. Овие сакаат лесна, лелеава облека, светкави парчиња во сина, светлозелена, виолетова и тиркизна боја, кои совршено им одговараат. Често жените-Риби ја користат секоја прилика за да облечат свечен фустан или здолниште пред панталоните, кои не им се омилено парче облека.rnrn
rnrnФетиш на типичните Риби се високите потпетици. Имаат бесконечен број чевли во својот орман, кои ги комбинираат со хулахопки во различни бои и дезени. Овие жени знаат да се трансформираат со помош на облеката, соодветно на пригодата за која се подготвуваат (Мирослава Дума).rnrnДоколку е потребно да ги сокријат вишокот килограми, овие жени многу добро го прават тоа, купувајќи облека која им одговара на нивната фигура. Едноставно умеат да ја комбинираат гардеробата како никој друг, да го одберат она што најдобро им прилега и да направат совршена комбинација од наизглед просечни парчиња, оставајќи добар пример за останатите.rnrn
rnrnПосебно им прилегаат големите ѓердани кои се нивен заштитен знак, но покрај нив ги сакаат и големите впечатливи прстени со драгоцени камени во тиркизна боја. Често можете да ги сретнете во секојдневна комбинација со уникатна марама, која дава една елегантна нота на облекувањето. Ноктите секогаш се истакнати со модерен лак, а целокупниот изглед на овие жени остава впечаток на мистичност и неодоливост.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
