rn
Водолија
rnВодолиите се прекрасни жени! Тие се најчесто типови жени кои претставуваат музи за модните креатори. Ова се жени кои не се облекуваат по најнова мода и не ги пратат модните трендови бидејќи за нив тоа е минлива категорија.rnrn
rnrnТие ќе го облечат она што никогаш не би помислиле да го облечете, како тренерки и чевли, елегантни чевли и дебели чорапи и слични комбинации заради кои сите ги гледаат како да се од некој паралелен свет, но со текот на времето почнуваат да ги диктираат тие луди модни комбинации. Имаат неверојатна моќ да ги предвидуваат модните трендови за претстојниот период, па затоа типичните претставници на Водолиите се одлични модни советници за тоа што може да биде модерно во блиска иднина.rnrnКолку и да се вљубени во брендираните парчиња облека, толку немаат проблем со тоа да носат нешто старо, од пред десетици години. Тие не се грижат дали нешто што ќе облечат на нив ќе изгледа скапо или евтино бидејќи знаат точно што сакаат и како тоа да го искомбинираат за да изгледа како штотуку да се симнале од италијанска модна писта.rnrn
rnrnПрепознатливи се по многуте бои, асиметричните линии и неспоивите материјали, но и секогаш уредната коса, која е нивна силна страна (Џенифер Анистон). Жените-Водолии им пркосат на модните трендови со сопствениот стил, кој можеби е инспирација за некој познат врвен дизајнер.rnrn
