Кога помислуваме на поет, добиваме слика за посветена личност, полна со имагинација, со доза на софистицираност и строги навики. Но, нивните животи, хобија и ексцентрични карактеристики некогаш не се вклопуваат во таа слика. Ова се 7 забавни факти за некои од најпознатите поети:rn
1. Чарлс Буковски обожавал мачки
rn
rnrnТој бил воодушевен од овие суштества, а и самиот бил сопственик на мачката Минкс. Во една своја поема тој наведува дека неговите мачки му ја враќаат храброста секогаш кога се чувствувал лошо.rn
2. Пабло Неруда пишувал поеми со зелено мастило
rn
rnrnПопуларниот поет имал мастилно пенкало кое рачно го полнел со зелено мастило. Тој верувал дека зелената е боја на надежта.rn
3. Сафо била Адел на нејзиното време
rn
rnrnПејачката Адел е позната по тоа што својата поезија ја претвори во песни. За поетесата Сафо се верува дека ги пишувала своите дела за истите да бидат изведувани во придружба на музика и ако живееше во денешно време, сигурно би била познат текстописец.rn
4. Елизабет Бишоп одбила да биде полово специфицирана во антологиja
rn
rnrnТаа збеснувала секогаш кога талентот бил припишуван на нејзиниот пол, а одбила да биде дел од антологијата „Жени поети на англиски јазик“ (The Women Poets in English). За нејзе било глупаво да се прави поделба на поетите.rn
5. Лорд Бајрон чувал мечка како миленик
rn
rnrnКолеџот Тринити од Кембриџ им забранувал на студентите да чуваат кучиња, а студентот Џорџ Гордон Бајрон бил нивен голем љубител. Тој дури и напишал поетски епитаф за неговото починато куче. Бајрон во писмо до пријател признал дека си купил мече, бидејќи никаде немало забрана за чување мечки, а кога го прашале што ќе прави со него, одговорил дека му прави друштво.rn
6. Урната на Дороти Паркер била чувана во архива цели 20 години
rn
rnrnКога поетесата починала во 1967 година, оставила инструкции дека целото наследство го остава на Мартин Лутер Кинг Јуниор и нејзиното тело да биде кремирано. Сепак, не навела каде да биде истурена пепелта. Нејзината урна 20 години била предмет на спор и била чувана во архива на нејзиниот адвокат. Потоа била преместена во меморијална градина, а на плакетата над пепелта пишува: „Извинете за мојата прашина“.rn
7. Вилијам Карлос Вилијамс верувал дека тоа што е доктор го направило добар поет
rn
rnrnКако поет, тој инспирација наоѓал во својата струка, педијатријата и во пациентите. Во автобиографијата од 1967 година објаснил дека неговите две професии се инспирираат меѓусебно и формираат целина.
