Покрај редовното миење на забите, испирањето на усната шуплина е клучно за одржување на оралната хигиена. Со оваа течност, која е многу едноставна за подготовка, ќе ги отстраните насобраните остатоци од храна и бактериите од устата кои го предизвикуваат лошиот здив.rnrn
rnrnИако течностите за уста се достапни на полиците во сите продавници, треба да се избегнуваат заради нивните агресивни состојки, па затоа ви препорачуваме да си направите сами природен и евтин производ за чистење на усната празнина кој ќе ви даде свеж здив.rn
Потребни состојки
rn
- rn011
- ½ рака свеж магдонос
- ½ литар вода
rn011
rn
rn
rnrnЗелените ливчиња од магдоносот имаат силна и свежа арома, а нивната интензивна зелена боја укажува на изобилство на хлорофил кој е најдобар природен борец против лошиот здив заради тоа што поседува антибактериски својства.rnrnИако џвакањето ливчиња магдонос се препорачува веднаш по јадење храна која предизвикува непријатна миризба, чајот од магдонос е попрактична и поделотворна метода во елиминирањето на бактериите и лошиот здив.rn
Начин на подготовка:
rnВо тенџерче ставете ја водата и додајте го исечканиот магдонос, а потоа оставете да се вари околу 5 минути. Потоа процедете ја течноста, оладете ја и конзумирајте ја после секој оброк.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.