КАФЕ ПАУЗА

Мејкап трендови за есен, 2015: Погледнете каква шминка ќе биде модерна оваа сезона

Дали и вие се чувствувате необично кога уште во август веќе почнувате да размислувате за есенската мода и бјути трендовите? Како што сите знаеме, за месец дена веќе ќе навлеземе во есенското време, па затоа мораме да бидеме информирани што ќе биде модерно во претстојните есен и зима.rnrnЗабележавме 3 клучни бјути трендови и тие ни се чинат совршени за транзиција од лето во есен. Со помош на неколку феноменални техники, овие есен и зима имате можност да изгледате фантастично.rn

1. Стробинг

rn1-mejkap-trendovi-esen-2015-poglednete-kakva-shminka-kje-bide-moderna-ovaa-sezona-kafepauza.mkrnrnИскрено, стробингот е веќе еден од постоечките трендови кои стручњаците мудро го маскираа како нов концепт, но тој сѐ уште е еден од нашите омилени.rnrnНагласувањето на одредени делови од лицето со помош на хајлајтер е апсолутно совршена идеја. Изберете формула која му одговара на вашиот тип на кожа (течни или кремасти производи за сува кожа или прав за мрсна кожа) и одберете производ со умерена доза честици за совршен ефект.rnrnНаместо да ги контурирате јагодиците и лицето, оваа техника подразбира само малку поинтензивно нанесување хајлајтер на она што би сакале да го нагласите за да ја подигнете целокупната структура на вашето лице и на тој начин да добиете свеж, младолик изглед без остри линии.rn

2. Бејкинг

rn2-mejkap-trendovi-esen-2015-poglednete-kakva-shminka-kje-bide-moderna-ovaa-sezona-kafepauza.mkrnrnОвој тренд дефинитивно не спаѓа во оние природни изгледи, но е совршен за вечерни настани или лудо излегување со другарките.rnrnКонцептот се состои од правилна хидратација и подготвување на пределот околу очите пред да нанесете коректор со висока моќ за прекривање, а потоа на истото тоа подрачје, со влажен сунѓер за шминкање се нанесува поголема количина пудра во прав или транспарентна пудра за да го фиксирате коректорот кој се наоѓа под неа.rnrnКлучот на целата техника е во трпението – мора да ја оставите пудрата дури 10-тина минути на лицето за да ја „направи својата магија“ или со други зборови, да ѝ дозволите целосно да го фиксира коректорот пред да го отстраните вишокот.rn

3. Нејасни црти на устата

rn3-mejkap-trendovi-esen-2015-poglednete-kakva-shminka-kje-bide-moderna-ovaa-sezona-kafepauza.mkrnrnВеројатно еден од најнеобичните, но и најдобри трендови со кои сме се сретнале во последно време. Усните кои немаат јасни линии потполно доминираат со бјути сцената, а целата идеја е да се даде понежен и посуптилен изглед на силните бои. Техниката на апликација, всушност е она што го прави овој тренд модерен – линиите од усните се бришат со парче вата или бојата се нанесува со нежно тапкање користејќи ги само прстите.