Новогодишни украси од сушени портокали: Евтино, лесно и мириса на празник

Сподели

Украсите од сушени портокали се еден од најубавите и најевтините начини да ја наките елката. Изгледаат прекрасно кога светлата ќе светнат низ нив, а домот мириса на празник.

Реклама
Реклама

Подготовката е лесна, само бара малку трпение.

Реклама
Реклама

Што ви треба

  • 3–4 портокали (можат и мандарини, лимони или грејпфрут)
  • остар нож
  • хартија за печење
  • кујнски хартиени крпи
  • конец, јута или тенка панделка

Сушење во рерна

Исечете ги портокалите на тркалца, дебели околу пет милиметри. Ако се премногу тенки, ќе изгорат, а ако се дебели, ќе се сушат премногу долго.

Подсушете ги со хартиени крпи, нежно притискајќи, за да ја тргнете вишокот сок.

Реклама

Наредете ги на тава со хартија за печење, едно до друго.

Сушете ги на ниска температура, околу 90 до 100 степени, два до три часа. На секои половина час превртете ги.

Портокалите се готови кога се суви на допир и не се лепат. Оставете ги да се изладат и на воздух уште еден ден.

Идеи за украсување

  • провлечете конец низ тркалцето и обесете го на елката
  • направете венец од портокали, шишарки и гранчиња бор
  • наредете ги на конец како гирланда за прозорец или полица
  • ставете ги во стаклена вазна со стапчиња цимет и ѕвездест анасон
  • врзете тркалце портокал на подароците наместо машна

Добро исушените портокали траат со месеци. Чувајте ги на суво место и можете да ги користите и следната година.

Најново

Може ќе ве интересира