Грозје на полноќ, скршени чинии, куфер околу куќата и црвена долна облека. Секоја земја ја пречекува Нова година на свој начин, а некои обичаи се толку необични што тешко ќе погодите од каде се.
Предупредување: ова е квиз за вистински експерти. Ако имате повеќе од 7 точни одговори, можете слободно да се фалите пред друштвото.
Штиклирајте ги одговорите, а на крајот кликнете на „Провери ги одговорите“ и видете колку имате точни.
Прашање 1 од 10
Каде на Нова година јадат 12 зрна грозје на полноќ?
По едно зрно на секој удар на часовникот – за 12 среќни месеци во новата година.
Прашање 2 од 10
Во која земја кршат чинии пред вратата на пријателите?
Колку повеќе скршени чинии ќе осамнат пред вратата, толку повеќе пријатели имате.
Прашање 3 од 10
Каде луѓето се облекуваат во бело и скокаат преку седум бранови?
На плажите во Рио, за секој бран се замислува по една желба.
Прашање 4 од 10
Во која земја ѕвоната во храмовите бијат 108 пати?
Според будистичкото верување, секој удар брка по една човечка слабост.
Прашање 5 од 10
Каде за Нова година се носи црвена долна облека за среќа?
Црвената боја треба да донесе љубов и среќа во новата година.
Прашање 6 од 10
Во која земја шетаат празен куфер околу куќата за да патуваат во новата година?
Колку побрзо ќе ја обиколите куќата со куферот, толку повеќе патувања ве чекаат.
Прашање 7 од 10
Каде на Нова година кршат калинка пред вратата?
Колку повеќе зрна ќе се расфрлаат, толку повеќе среќа и берекет ќе има во домот.
Прашање 8 од 10
Во која земја секоја Нова година ја гледаат истата англиска кратка комедија „Вечера за еден“?
Црно-белиот скеч е задолжителен на германската телевизија секоја новогодишна вечер.
Прашање 9 од 10
Каде на новогодишната трпеза мора да има 12 тркалезни овошја?
Тркалезната форма потсетува на паричка и треба да донесе богатство.
Прашање 10 од 10
Како се вика празникот што во Македонија се слави на 14 јануари?
Тоа е Старата Нова година, кога се меси пита со паричка.
Одговорете на сите прашања за да го видите резултатот.
Кој е вашиот новогодишен обичај? Напишете ни во коментар!
Оригинална серија на Кафе паузаКафе со…
Сите епизоди →




