За многумина од нас совршената шминка значи многу професионални продукти и седење со часови пред огледалото. Но, постојат навистина едноставни трикови со кои ќе се нашминкате како вистински професионалец. Иако некои од советите изгледаат чудно, барем се функционални.rn
1. Виљушка за контурирање
rnУпотребете виљушка за нанесување на темните контури од страните на носот, за вашите веѓи или за исцртување со туш.rn
2. „Хаштаг“ шминка за очи
rnНацртајте тараба на крајот од очниот капак и внимателно замачкајте го. Ако сакате потемна боја, повторете ја постапката.rn
3. Лажица за шминка на очи
rnИ лажицата може да ви се најде во разубавувањето. Таа ќе ви помогне да ја задржите кожата чиста додека нанесувате маскара, или совршено да ја нанесете сенката за очи.rn
4. Фен за коса за извиткани трепки
rnОткако ќе завршите со шминкање, издувајте ги трепките нагоре со фенот. Топлината ќе ги извитка и ќе направи подолго да останат во таа позиција.rn
5. Четка од маскара за средување
rnСигурно ви се случило да го извалкате очниот капак со маскара на крајот од шминкањето. Наместо да го бришете целото око, дозволете и на маскарата да се исуши и отстранете ја со чиста четка за маскара.rn
6. „Стробинг“ ефект со помош на сјај за усни
rnНанесете сјај за усни во средината на горната и долната усна по нанесувањето на карминот. Овој трик е одличен за претворање на дневната шминка во вечерна.rn
7. Бебешка пудра за густи трепки
rnАко сакате да го постигнете ефектот лажни трепки, овој трик ќе ви помогне. Нанесете еден слој маскара на трепките и пред да се исуши нанесете малку бебешка пудра. Можете да користите четка или памук. Нанесете уште еден слој маскара. Ако сакате погусти трепки, повторувајте додека не го добиете посакуваниот резултат.rn
8. Дебела линија со моливче за очи
rnАко вашето моливче е премногу тенко, загревајте го врвот една секунда со запалка. Оставете да се излади околу 15-тина секунди и нанесете. Внимавајте да не го нанесете моливчето додека е жешко. Прво пробајте го на вашата рака.rn
9. Спречете го бришењето на карминот
rnНанесете го карминот, ставете хартиено шамиче на усните и врз него нанесете малку камена пудра. На овој начин карминот ќе остане на вашите усни, а не на шолјата или на облеката.rn
10. Претворете ја кружната четка во рамна
rnРамната четка е совршена за тенки и прецизни контури. Но ако ја немате, ставете две шноли на кружна четка и наместете ги така што ќе добиете форма на ладало.rn
11. Нанесување моливче за очи
rnОва е одличен трик доколку се брзате. Со моливче за очи исцртајте линија на работ на виткачот за трепки. Потоа користете го како и обично, само обидете се да го доближите работ што е можно повеќе. Повторете неколку пати, односно сè додека не го добиете посакуваниот резултат.
Пробајте ги и овие трикови за брзо и ефикасно шминкање.rnж

