rn
6. Непрекинати измами
rnНе треба да им гледате низ прсти на постојаните измами од страна на вашите роднини, пријатели или сопруг. Ако имате одлучено да го задржите односот со измамник тогаш ставете му до знаење дека знаете сè, но немојте да влегувате во улога на судија. Не е ваша грижа да го поправате тој човек, тој мора да го направи тоа сам, вие само можете да го поддржите. Ако ве сака и ве почитува вистински тогаш нема да ве лаже.rnrn
rn
7. Непочитување на работа
rnЗа жал, многу се принудени да трпат непочитување на работа од страна на работодавачот или колегите. Ако сте се нашле во слична ситуација, запрашајте се дали вам навистина ви е потребна таа работа за да мора да ги трпите секојдневните понижувања или да ги извршувате работите кои не се ваша обврска, а за тоа да не ве плаќаат. Борете се за своите права и не плашете се да им се спротивставите на вашите колеги чијшто развој останал на ниво на школски задевања.rnrn
rn
8. Физичко и психичко насилство
rnНема и не може да има никакво оправдување за оние кои дигнале рака на вас или морално ве понижуваат. Вашата сигурност е најважна и не морате да бидете со човекот кој претставува закана за вашето физичко или психичко здравје, односно закана за вашиот живот.rnrn
rn
9. Непрекината контрола
rnАко некој го контролира секој ваш чекор, било да се тоа родителите, пријателите или партнерот, тоа не е доказ за нивната грижа кон вас. Секој човек мора да има слобода, а односот е невозможен без меѓусебна доверба. Ако оставате ситуацијата сама да се реши тогаш контролирањето може да премине во вистинска тиранија.rn
rn
10. Прекорување поради „несовршеност“
rnИдеални луѓе не постојат. Иако сликата за „идеално дете“, „вистински маж“ или „девојка од соништата“ постојат во сечија глава, тоа никому не дава за право да ги прекорува ближните бидејќи не се совршени.rnrnНе ги слушајте оние кои упорно бараат од вас да ја промените фризурата или да ослабите. Вашата промена не е гаранција дека ќе ве сакаат повеќе, бидејќи љубовта не треба да се заслужи, а со текот на времето барањата можат да станат уште поапсурдни.rnrn
rnrnДознајте и кои 10 типа мажи ќе ви го уништат животот доколку се омажите за нив.
