Ако сте сингл и сте почнале да одите на состаноци, голема е веројатноста дека ќе сретнете различни типови мажи. Добрите вести се дека сè уште постојат мажи кои се грижливи и забавни, но бидете свесни со кои ќе остварите врска на долгорочен план. Постојат неколку типа мажи кои треба да ги избегнувате и никако да не стапувате во брак со нив. Дознајте за кои станува збор во продолжение…rnrn
rn
1. Маж кој е премногу несигурен
rnНе е проблем кога мажот покажува малку љубомора, тоа може да биде и здраво за вашата врска, но мажот кој е премногу несигурен во себе не е добра идеја. Доколку сте во врска со маж кој е несигурен во себе, ќе имате проблеми со излегувањето и правењето работи кои ги сакате. Ќе бидете заробени од неговите несигурности и со текот на времето, тоа ќе започне да ви претставува голем проблем.rn
2. Маж кој не престанува да го троши вашето време
rnДоколку тој не е подготвен да ги прекине сите контакти кои предизвикуваат да се чувствувате лошо, и не покажува дека е сериозен со вас, вие дозволувате да ви го троши времето напразно. Животот е премногу краток за да ви биде залудно потрошен. Доколку тој не сака да се обврзе со вас на начин како што треба, тогаш не ви е потребен во животот.rn
3. Маж кои прави да се чувствувате лошо
rnНикогаш не треба да дозволите да бидете со некоја личност која постојано прави да се чувствувате лошо. Доколку тој кажува злобни работи за вас, правејќи да се чувствувате лошо, треба да ја прекинете врската. Вие не сте играчка и заслужувате да се чувствувате удобно со луѓето кои ви значат во животот.rn
4. Маж кој е наклонет кон материјални работи
rnМатеријалната состојба не ве дефинира каква личност сте вие. Сè додека сте грижлива личност и приоритет ви се вистинските вредности, останатото ќе си дојде само со текот на времето. Не мора да бидете богати или да поседувате голема куќа, материјалните работи не се мерка за среќа.rn
5. Маж кој никогаш не знае за доста
rnНикогаш не треба да бидете со некој кој ги преминува вашите граници. Да се биде со ваков маж не е здраво, и постојано ќе ве става во позиција во која ќе се чувствувате непочитувано. Повторно, вие не сте играчка и не би требало да бидете така третирани.rn
6. Маж кој не го почитува вашето место во неговиот живот
rnДоколку тој не го почитува вашето место во неговиот живот, тогаш тој не ве ни заслужува. Тој треба да се погрижи да ви даде до знаење колку сте важна во неговиот живот. Доколку тој не сака да покаже почит кон вас, пронајдете некој кој ќе го направи тоа.rn
7. Маж кој смета дека жената е сопственост
rnКако што кажавме неколкупати досега, вие не сте играчка. Мажот никогаш не треба да се однесува кон вас на ваков начин. Вие сте си сопствена личност и треба да правите работи кои вие ги сакате и ве исполнуваат!rn
8. Маж кој одбива да се „смири“ и постојано сака да се забавува
rnДоколку сте спремни за брак, а тој не е, не треба да го форсирате. Доколку тој е секогаш излезен и се забавува, бракот со оваа личност ќе ви биде едно големо разочарување. Со преземањето на овој чекор, нема да ги промените работите, ниту пак ќе го го промените него.rn
9. Маж кој е себичен и не сака да се отвори
rnДоколку тој не е спремен да ви се отвори и мисли само на себе, немојте да стапувате во брак со него. Треба да се омажите за некој кој ќе се грижи и ќе ви се отвори на едно повисоко ниво. Колку е поотворен мажот, толку подобро.rn
10. Маж кој одбива да признае кога сте во право
rnКолку повеќе не се во право и колку повеќе одбиваат да го признаат тоа, толку повеќе проблеми ќе имате во врската. Сите ние треба да сме способни да признаеме кога сме направиле нешто погрешно. Способноста да се сподели несигурноста со оние кои ни значат прави голема разлика.rnrnНајдобрата врска во вашиот живот ќе биде со личноста што ги прави овие 11 нешта.