„Овде сте за да ја разоткриете божествената смисла на универзумот. Ете колку сте значајни!“ – Екарт Тол
rnПостојат луѓе кои уште од мали нозе знаат дека се предодредени за големи работи. Тие иако се соочуваат со голем број препреки, никогаш не престануваат да веруваат во нивните замисли. Овие луѓе сакаат да направат промена во светот и знаат дека можат да остварат сѐ што ќе посакаат. Не плашете се доколку мислите дека не сте дел од овие поединци. Честопати, препреките на нашиот пат се всушност знаци дека се движиме во вистинска насока. Прочитајте ги следниве 8 знаци дека сте предодредени за нешто големо и дека ви е судено да успеете во животот…rnrn
rn
1. Не сакате да работите за други луѓе
rnВие сте родени лидери и многу добро го знаете тоа. Не сакате да учествувате во работи кои нема да предизвикаат голема промена. Кога работите за други луѓе, се чувствувате заглавено. Сакате слобода, флексибилност и креативност, а не чувствувате дека можете тоа да го постигнете тоа ако работите за некој друг. Знаете дека вашата визија вреди и дека ќе бидете целосно задоволни дури откако ќе ги искористите сите ваши таленти и вештини.rn
2. Не почнувате ништо, сѐ додека не добиете вистинска инспирација
rnСо други зборови, ги одложувате работите. Одложувањето честопати знае да предизвика спротивен ефект, но ако сте предодредени за голем успех, ќе има моменти кога ќе знаете дека мора да довршите нешто за да мрднете од место. Треба да процените што е најдобро за вас во секој момент. Дали ве спречува стравот од обврски или пак навистина ви недостасува инспирација? Имајте на ум дека инспирираните луѓе точно знаат каде одат и што можат да направат.rn
3. Кога сте биле деца, сте мислеле дека возрасните кои носат одела и одат на работа се луди
rnОтсекогаш сте знаеле длабоко во себе дека животот крие многу повеќе тајни од сигурниот и рутински животен стил. Сте знаеле дека ќе имате поголемо влијание на светот, ако одите по свој пат и ако сте послободни и пофлексибилни од обичните возрасни луѓе. Сега, без разлика дали сте го постигнале тоа или не, знаете дека чувството што сте го имале како дете било потполно точно.rn
4. Толку многу го сакате она што го правите, што би работеле и бесплатно
rnТокму во тоа лежи иронијата! Заслужувате да ја знаете вашата вредност и колку повеќе почнете да го наплаќате вашиот придонес кон светот, толку поголем квалитет ќе добијат вашите потрошувачи. Сепак, вие знаете дека работите со одредена цел и дека сте предодредени за големи нешта, бидејќи толку многу ја сакате вашата работа што воопшто не размислувате за пари.rnrn
rn
5. Идеалисти сте
rnВие го гледате светот во најдобро светло и нема да застанете додека не ги достигнете вашите идеали. Не ви е грижа за туѓото мислење. Вие живеете во свет на визии и креации. Вашиот личен свет е идеален, бидејќи знаете дека еден ден целиот свет би можел да биде таков. Без разлика што ви велат другите, тоа што сте идеалисти не значи дека сте луди, туку дека сте визионери.rn
6. Имате силна интуиција
rnВизионерите обично не ги добиваат своите визии од она што се случува надвор од нив или од она што светот им кажува дека треба да го сторат. Нивните визии се поттикнати од внатрешниот свет кој им кажува да го прават она што им се чини правилно. Тие имаат силна интуиција и знаат многу работи, иако немаат поим како тоа знаење дошло до нив. Доколку сте предодредени за нешто големо на овој свет, вашите сознанија ќе говорат и ќе ви кажат што треба да направите. Создавањето големи работи не е опција, ако тоа е запишано во вашата судбина. Вашето 6-то сетило ќе ви го открие тоа.rn
7. Многу длабоко ги чувствувате работите
rnМожеби мислите дека не е во ред да имате чувства. Можеби мислите дека емоциите ќе застанат на патот до вашата реализација. Заборавете на тоа. Вашите чувства се вашата вистина. Вашата способност да бидете големи и да му дадете значаен придонес на светот, зависат од вашата вистина. Дозволете им на вашите чувства да излезат на површина и да ве одведат таму каде што треба да бидете. Вашата мисија зависи од тоа.rn
8. Ве фрустрира фактот што имате премногу идеи
rnМногу лесно добивате инспирација. Колку поубав станува вашиот живот толку поголема инспирација имате. Меѓутоа, понекогаш тоа е замка. Знаете дека сте предодредени за големи работи, но доколку не внимавате, може да почнете многу проекти одеднаш, а ниту еден да не довршите. Не дозволувајте тоа да ве уништи. Бидете благодарни што сте полни со одлични идеи. Ако не сте сигурни од каде да почнете или на што да се фокусирате, побарајте совет од некого.rn
„Не плашете се од големината. Некои луѓе се родени големи, некои стануваат големи, а на некои големината им е наметната.“ – Вилијам Шекспир
rnВистината е дека сите сме предодредени за големи работи, ако го послушаме гласот на нашата душа. Кога ќе заборавите на идејата за „совршениот момент“ и ќе сфатите дека никогаш не е предоцна, тој душевен глас ќе прерасне во вистинска реализација. Престанете да им се восхитувате на големите луѓе и станете дел од нив!rnrnВо продолжение дознајте дали сте родени за успех.