На 28 ноември почнува Божиќниот пост, а во многу домови тоа значи едно – време е за посни сарми.
Без месо, но со многу кромид, морков и зачини, тие можат да бидат исто толку вкусни како и класичните. Тајната е во бавното готвење и во добро исушената кисела зелка.
Состојки (за околу 25 сарми)
- 1 главица кисела зелка (околу 25 листови)
- 300 грама ориз
- 2 главици кромид
- 1 морков
- 100 милилитри масло
- 1 лажица слатка црвена пиперка
- бибер, сув зачин и малку сол
- 2–3 ловорови листови
- неколку листови зелка за дното и за покривање
Подготовка
- Кромидот ситно исецкајте го, а морковот изрендајте го. Пропржете ги на маслото околу 10 минути, додека кромидот не омекне.
- Додадете го оризот, измешајте и пржете уште 2–3 минути.
- Тргнете го садот од рингла и додадете ги црвената пиперка, биберот и зачинот. Сол ставете многу малку, бидејќи зелката е веќе солена.
- Од листовите отсечете го дебелиот дел. Ставете по една лажица фил и завиткајте ги цврсто, а краевите вовлечете ги навнатре.
- На дното од тенџерето ставете неколку листови зелка, па наредете ги сармите една до друга. Меѓу нив ставете ги ловоровите листови.
- Прелијте со вода колку да ги покрие и притиснете ги со чинија, за да не се отвораат.
- Варете ги на тивок оган околу еден и пол час, или печете ги во рерна на 180 степени.
Совети
Ако зелката е многу кисела, исплакнете ги листовите во млака вода пред завиткување.
Посните сарми се уште повкусни следниот ден, кога ќе одлежат. Затоа слободно направете поголема количина.
Реклама
За покрасна боја, на крајот прелијте ги со малку масло во кое сте пропржиле црвена пиперка.
Оригинална серија на Кафе паузаКафе со…
Сите епизоди →





