КАФЕ ПАУЗА

10 работи што ви го уништуваат животот

Written by

in

,

Некој рекол дека луѓето ви се обраќаат онака како што вие сами ќе им дозволите. Најверојатно има голема вистина во ова. Имаме список од неколку работи кои не смеете да им ги дозволувате на другите бидејќи така ќе ризикувате животот да ви се уништи.rn

1. Исмевање поради физичкиот изглед или она што го сакате

rnОдма ќе се оградиме дека овде не станува збор за дрес-код или за правила на убаво однесување. Мора да се придружувате до нив. Но, ако некој си даде право негативно да ја коментира вашата облека, градба или избор на партнер тогаш ве молиме да не се правдате. Вие не сте криви ниту сте некому должни. Запомнете, во туѓиот живот се мешаат само оние кои немаат свој.rnrnrn

2. Присилување за да се одбере помеѓу кариера и приватен живот

rnОва се случува многу често, како на работа така и дома. Притоа, многу луѓе многу добро ги комбинираат овие две сфери, па дури наоѓаат време и за хоби и за опуштање. Не постои закон кој ве обврзува да се откажете од семејството во корист на работата и обратно. Затоа не треба да им попуштате на притисоците од работодавачот или роднините.rnrnrn

3. Одлучување во ваше име

rnМногу е веројатно дека вашите родители го познаваат животот многу подобро од вас дури и ако вие самите сте родители. Но, тоа не им дава право да ви го наметнуваат нивниот избор дури и кога тој им изгледа како најдобар. Се работи за вашиот живот и конечниот избор мора да го направите самите вие, а грешките што се неизбежни мора да бидат ваши. На крајот на краиштата, подобро е да бидете среќни дури и ако не сте познат дизајнер отколку да бидете ситуиран правник кој не може да излезе од депресија.rnrnrn

4. Односи што предизвикуваат несреќа

rnНекој еднаш се пошегувал: „Вие постојано плачете поради вашиот однос. Со кого се гледате, со човек или со главица кромид?“ Не велиме дека треба одма да се прекине со она што ве прави несреќни, но ако вашиот живот е полесен без таа личност отколку со неа, тогаш би требало да се запрашате зошто и понатаму го трпите тоа.rnrnrn

5. Присилување на секс (дури и во бракот)

rnВашето тело ви припаѓа само вам и „брачната должност“ воопшто не значи дека можат да ве искористуваат без оглед на тоа дали сакате и како се чувствувате. Вистинскиот сопруг или партнер ќе го разбере вашето одбивање. Но, кога ситуацијата е спротивна и вас ве осудуваат за егоизам тогаш имате добра причина да се замислите за вашиот однос.rnrnrnrnПродолжува на втората страница…rn